In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на воспитувањето

На 15 јули 2016 година, Халифа-тул Месих V а.т.б.а. одржа хутба во Баит-ул Футух џамијата во Лондон, Велика Британија. По шехадетот и учењето на сура Фатиха, тој продолжи:

Пред извесно време, во една од своите хутби во петок јас спомнав дека оваа година е година за избор на вршители на должност во Џемаатот (Ахмадија муслиманска Заедница). Сега се одржуваат избори во најразлични земји како и во локалните џемаати. Новите вршители на должност ги преземаа нивните одговорности.

Во одредени места вршителите на должност се избрани на национално и на локално ниво и на многу места претходните вршители на должност повторно се избрани.

Новоизбраните вршители на должност треба да му бидат благодарни на Аллах  што се избрани да и служат на Заедницата и треба да бараат помош од Аллах понизно клањајќи Му се, и молејќи Му се да успеат да ја оправдаат довербата која им е дадена како одговорност.

И вршителите на должност кои повторно се избрани треба да му бидат благодарни на Аллах што им дал прилика повторно да служат и понизно треба да молат што Аллах ги оспособил со способности со кои можат да ги исполнат одговорностите кои им се дадени.  Нека Аллах, преку Својата милост опрости било каков пропуст, мрзеливост или невнимание кои тие го имале и кое ги попречувало да ги исполнат барањата и одговорностите кои им биле дадени и нека преку Неговата милост, прилика и доверба кои повторно им се дадени во следните три години, да не бидат под влијание на мрзеливоста, пропустите и невниманието, и нека Аллах им овозможи да ги исполнат одговорностите и довербата која им е потребна.

Треба да се има на ум дека служењето во Џемаатот не треба да се смета како нешто неважно и кон тоа да се однесува површно. Секој од нас, било да се работи за вршител на должност или само за член на Џемаатот, се заветувал дека ќе и даде предимство на верата над световните нешта. Кога некој ќе прифати да служи како вршител на должност, или кога се именува за некаква служба, тој тогаш има повеќе одговорности од останатите и треба да го исполни својот завет и да има на ум дека заветот го направил со Аллах, а Аллах во Чесниот Кур‘ан на неколку места ни кажал дека треба да го исполнуваме заветот. Така, секогаш треба да имаме на ум како Аллах многу јасно кажал дека нашите завети се завети на доверба која ни е дадена и која сме ја прифатиле и поради тоа таа доверба треба да ја исполниме како и заветите.

На едно место Аллах укажал на овој знак за луѓето кои се верни на дадените зборови и кои го следат патот на богобојазливоста:

„… И оние кои го исполнуваат своето ветување кога ќе го дадат …“

(2:178)

Ова е темелна работа, посебно за оние кои на себе ги преземале одговорностите на Џемаатот, дека ќе ги исполнат должностите кои се им дадени и тоа искрено подобрувајќи го нивото на својата богобојазливост.

Ако постои било каква слабост во нивната искреност, ако постои било каков недостаток, ако стандардот на нивната богобојазливост не е пример за обичниот член на Џемаатот, тогаш тие не обрнуваат внимание да го исполнат заветот, должноста и нивната доверба. Амирите и претседателите прво треба да го покажат својот сопствен пример пред извршните одбори и пред членовите на Џемаатот.

Оние кои имаат задача во воспитувањето, работата можат да ја завршат само тогаш кога постои пример. Оној кој има некаква работа, кој има одговорност, кој ги советува другите, и самиот треба да ги почитува упатствата. Оние кои се занимаваат со воспитување треба да станат пример пред членовите на заедницата, за да и тие се научат на одговорност.

Јас на многу состаноци спомнував дека доколку одделот за воспитување стане активен, тогаш работата на многу други оддели ќе се олесни. Со подобар стандард на воспитување на членовите на Џемаатот, работата на останатите оддели ќе биде полесна. На пример, работата на оној кој се занимава со финансии ќе стане полесна, како и на оној кој се занимава со внатрешни работи. Исто така работата на останатите оддели, на пример работата на Кад, ќе стане полесна.

Јас обично на состаноците на извршниот одбор на разни места кажувам дека работата на воспитување треба да се започне дома. Овој дом не е дом само на оној кој е задолжен за воспитание туку е дом за секој член на извршниот одбор. Каква програма и да треба да направат Амирите, претседателите или оние кои се занимаваат со воспитување прво треба да погледнат во нивните извршни одбори дали тие се однесуваат според овие програми или не.

Дали членовите на извршниот одбор ги исполнуваат главните Божји упатства и дали ја исполнуваат целта на создавањето? Ако не, тогаш тука нема богобојазливост.

Обожавањето е најголемо меѓу Аллаховите права. Машките членови на Џемаатот се упатени да извршуваат молитва со таа цел. Воспоставувањето на молитвата се прави со извршување на молитва во заедницата. Така Амирите, претседателите и вршителите на должност треба да направат заеднички напор извршувајќи намаз во заедницата. Резултат на тоа ќе бидат полни џамии, полни центри за намаз а со тоа ќе бидат присутни Аллаховите благослови, и со нивните практични примери тие ќе ги воспитаат членовите на Џемаатот и тие ќе бидат наследници на Аллаховите благослови и нивната работа ќе се олесни, тие нема да бидат само говорници.

Така, работниците прво треба  да се преиспитаат до кое ниво нивните зборови и дела се во согласност. Аллах вели:

„О, вие кои верувате! Зошто го зборувате она што не го работите?“

(61:3)

Ветениот Месија а.с. вели дека овој ајет зборува за оние кои биле, кои се и кои ќе бидат тие што зборувале но не исполнувале. Запаметете тоа што го кажав, дека доколку говорот на човекот не е искрен и ако е без практична моќ тогаш нема никаков ефект. Запаметете, само речитоста и говорништвото не служат за ништо доколку не е испратено со пракса. Само зборовите немаат никаква вредност пред Аллах.

Ветениот Месија а.с. согласно на ова Аллахово упатство, јасно објаснил дека не треба да има противречност помеѓу нашите зборови и дела. Нашите вршители на должност треба да се испитаат самите себе, имајќи ги на ум овие упатства.

Намазите можат да бидат организирани дома, ако е во прашање голема оддалеченост или ако постојат само неколку куќи и не постои џамија или центар. Практично посматрајќи не е тешко. Повеќето Ахмади треба да се придржуваат до тоа. Тие немаат никаква доделена одговорност, не се членови на никаков извршен одбор, но тие ги собираат членовите околу нив и прават заеднички намаз. Ако постои свест, сè може да се направи. Секој вршител на должност треба да има свест за заедничка молитва, во спротивно нема да ја исполни довербата која му е дадена. Чесниот Кур‘ан тоа често го спомнува.

Вршителите на должност секогаш треба да ја имаат на ум оваа работа, дека Аллах укажал на овој знак, како знак на вистинските верници кои се грижат за довербата и одговорностите. Тие се претпазливи за секој недостаток или немарност од нивната страна во врска со довербата која им е доверена и во врска со одговорноста која ја имаат бидејќи ова не е безначајна работа.

Аллах во Чесниот Кур‘ан исто така рекол:

„… Навистина, за ветувањето ќе бидат прашани.“

(17:35)

Обожавањето е главна работа и главна цел на создавањето. Ние мораме да го исполниме ова право. Во овој поглед не смее да има пропусти од страна на вршителите на должност како и од било кој верник.

Постојат уште некои работи кои вршителите на должност мора да ги негуваат. Тоа се работи кои се однесуваат на правата на вршителите на должност и на нивното однесување кон членовите на заедницата/џемаатот. Тоа се однесува и на заветот и на обврските на вршителите на должност. Ниту еден вршител на должност не е именуван со цел да биде вршител на должност туку во исламот нивната положба е сосема поинаква. Чесниот Пратеник с.а.в.с. објаснил дека всушност водачот е слуга.

За носителот на должност да ја исполни довербата кон луѓето всушност треба да и служи на нацијата. Ваква состојба во човекот се создава кога тој во себе го има духот на пожртвуваноста. Тој е понизен и благ. Нивото на неговото трпение е поголемо одошто кај останатите луѓе. Понекогаш вршителите на должност мора да слушаат и негативни коментари. Ако мора да слушаат тогаш и треба да слушаат. Тие самите мора да проценат колку е високо нивото и до кое ниво досегнува нивното трпение. Кој е степенот на нивната скромност. Понекогаш одредени вршители на должност воопшто немаат трпение. Ако некој е дрзок и тие стануваат дрски. Ако некој е дрзок тој не прави никаква разлика и може да се каже дека е невоспитан. Но, ако непристојни зборови доаѓаат од вршителот на должност тогаш тоа влијае на почитта и угледот кон него како и кон членовите на џемаатот. Стандардот кој Заедницата треба да го има и стандардот кој Ветениот Месија а.с. сака да го имаме е таков што дури и само еден неубав пример каде и да е може да и наштети на Заедницата. На поедини места се сретнуваме со такви примери. Караници започнуваат дури и во џамиите. Ваквите работи негативно влијаат на децата и на младите.

Што Аллах бара од нас, и како Аллах ги спомнува оние кои го втемелиле стандардот на пожртвуваноста? На едно место Он вели:

„… Тие ги сакаат оние кои се доселија кај нив, и во срцата свои немаат никакви желби за она што на нив (мухаџири) им е дадено.“

(59:10)

Овој пример е воспоставен од страна на Енсарите (жителите на Медина) за Мухаџирите (доселениците од Мека). И ова е пример за нас. Понекогаш правото на другиот не е исполнето како што треба. Понекогаш нештата доаѓаат до вршителот на должност или пак се испраќаат во меѓународното седиште за да се истражат, а потоа извештајот се подготвува многу невнимателно.

Извештајот се испраќа и кога не е потполн и точно истражен. Или пак толку многу се доцни со предметот што доколку треба да се одговори на некаква потреба на некој, тие се повредуваат или запаѓаат во тешкотии. Некои немаат никаков изговор. Тоа се случува само поради недоволно внимание. Ако се работи за нивниот сопствен предмет или за проблемот на некој близок тие тогаш се однесуваат поинаку. Страста кон искрена служба, жртвување, исполнување на довербата е во тоа да им бидеме од помош на другите со грижа за тоа. Ако должноста се извршува со духот на жртвување, и ако туѓите грижи ги земаме како свои, нивото на пожртвуваност на членовите на заедницата исто така ќе стане поголема. Вниманието според тоа е да ги исполниме должностите а не да ги присвоиме. Ние пред другите зборуваме дека мирот во светот може да се создаде тогаш кога наместо овозможување на сопственото право им даваме право и на другите. Ако го немаме овој стандард меѓу нас, тогаш правиме нешто што Аллах не го сака.

Особината која треба да постои меѓу службениците на должност е скромноста. Аллах укажал на овој знак како знак на робовите на Милостивиот:

„… Оние кои понизно одат по Земјата …“

(25:64)

Нашите вршители на должност имаат високо ниво на понизност во себе. Штом е вршител на должност на повисоко ниво поголема е и понизноста и таа мора да се покажува при средби со луѓето. Ова е благородноста. И луѓето гледаат и чувствуваат како вршителите на должност се однесуваат кон нив. Понекогаш луѓето ми пишуваат за однесувањето на вршителите на должност но јас денес бев многу среќен кога еден од вршителите на должност не само што ми упати селам туку се распрашуваше и за моите околности и бев среќен посматрајќи како тој се однесува и како неговата големина се огледува во неговото однесување.

Мнозинство на членовите на Заедницата се такви што секогаш се подготвени за секаква жртва, мекост и добро однесување и се задоволни од Аллаховата љубов. Ако било кое чувство на супериорност или надменост се појави во срцето на вршителот на должност тој треба да знае дека тоа го оддалечува од Аллах. Кога човекот е оддалечен од Аллах, работата не е благословена. Целта на верската работа е само Аллаховото задоволство и кога го нема тоа задоволство тогаш човекот станува повод за штета на Заедницата, наместо таа да има корист од него. Вршителите на должност во врска со ова секогаш треба да се проценуваат самите себе; дали се понизни и ако се до која мера. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека што повеќе некој е понизен Аллах му дава поголема положба во таков размер. Секој вршител на должност треба да запомни дека ако Аллах му дава прилика да и служи на Заедницата тоа е Аллаховата наклонетост и благодарност, а таквата наклонетост придонесува до создавање на понатамошна понизност и мекост во него. Ако понизноста и мекоста не се зголемуваат во него тогаш не постои ниту благодарност кон Аллах.

Често гледаме како кога луѓето се сретнат во обични ситуации покажуваат голема понизност. Тие со луѓето се среќаваат на сосема пристоен начин. Но кога имаат поинакви мислења од оние кои се со понизок статус или со обичен човек тогаш моментално се разбудува нивниот службен став на супериорност и надмено се однесуваат кон луѓето. Понизноста не е да се покажува додека постои согласување и нема несогласување. Ова е вештачка понизност. Вистинското се покажува кога е присутна разлика во мислењето или кога работникот зборува за шпекулации и потоа одлуката се донесува по соодветна проценка на мислењето држејќи се до правдината. Со овој вид на понизност, големата срченост исто така ќе стане очигледна. Кога тоа ќе се случи, тогаш оваа понизност ќе стане вистинска понизност. Вршителите на должност секогаш пред себе треба да ја имаат следната Аллахова наредба:

„И не вртете го образот од луѓето горделиво ниту по земјата одете надуено …“

(31:19)

Јас ја спомнав разликата во мислењето. Јас ова ќе го кажам иако правилата му дозволуваат на Амирот понекогаш да ја одбие заедничката усогласеност на извршниот одбор и да одлучи согласно со своето мислење, но сепак секогаш мора да направи напор да се оди напред со сите и одлуките да бидат донесени, и работата да се направи преку советување со мислењето на мнозинството. На некои места ова право Амирите почнаа да го користат и повеќе одошто е неопходно. Ова право треба да биде употребено само во исклучителни ситуации кога се знае дека користа за Заедницата се наоѓа во нешто друго и тоа мора да се објасни пред извршниот одбор. Свртувањето од мислењето на мнозинството треба да е во согласност на поголемиот интерес на Заедницата. Поради тоа треба преку довите да се побара помош од Аллах. Не ослонувајте се само на своето расудување. Треба да се запомни дека ова право не се однесува на националните или локалните  претседатели и тие не можат да го одбијат мислењето на извршниот одбор и да одлучат по сопствена волја.

Треба да ги разберете границите на своите права, и затоа е важно вршителите на должност да ги прочитаат и разберат правилата и уредбите. Ако ги следите правилата и уредбите тогаш малите работи нема да создаваат грижа на членовите на извршниот одбор или воопшто на членството.

Друга одлика на вршителите на должност треба да биде наклонетоста кон оние со кои работат. Поголемиот дел од работата во Заедницата е доброволна. Членовите на Заедницата го отстапуваат своето време. Тие времето во Заедницата го поминуваат за да го стекнат Аллаховото задоволство. Тие го отстапуваат времето затоа што имаат однос и љубов кон Заедницата. Вршителите на должност треба да имаат почит за чувствата на потчинетите и кон нив треба да се однесуваат со наклонетост. Токму ова е Аллаховата наредба. Со оваа наклонетост треба да се направи напор потчинетите и помошниците да се обучат така што секогаш ќе бидат при рака да ја водат работата на Заедницата. Аллах ја води работата на Џемаатот, во тоа нема сомневање, но ако вршителите на должност и посебно оние кои имаат искуство ја подготват втората линија на работниците, тие исто така ќе ги стекнат благословите за тој напор. Со Аллаховата милост ниту јас ниту претходните Халифи немале грижа за тоа како работата на Заедницата ќе се заврши. Ова е ветување кое Аллах му го дал на Ветениот Месија а.с.. Тој ќе продолжи да ги снабдува искрените работници.

Еден работник, во времето на третиот Халифа на Ветениот Месија а.с., сметал дека поради неговиот напор и неговата работа финансискиот систем работи перфектно. Кога Халифа-тул Месих III тоа го дознал одредил еден друг човек кој не ги знаел ниту основите на финансиите. Затоа, оваа Аллахова работа и посебна грижа која Аллах ја имал за Халифата донела толку многу благослови во работата на овој човек што ништо слично не можело да се замисли пред тоа. Според тоа, Аллах им дава прилика на вршителите на должност. Аллах им дава можност на работниците на Заедницата; Аллах им дава прилика на оние кои својот живот го посветиле на религијата и на служењето на Заедницата и на верата и тие ги стекнуваат Аллаховите благослови, а инаку Аллах Лично ја спроведува работата и тоа е Неговото ветување, и затоа во ничие срце не треба да има мислење дека неговото знаење или искуство прави работата на Заедницата да напредува. Аллаховиот благослов е тоа што ја спроведува работата на Заедницата. Повеќето наши слабости и недостатоци се такви што не би имало благослови и никаков добар резултат не би произлегол ако тоа беше световна работа, туку Аллах е Тој што ги прекрива и Лично со Своите Мелеки им помага. На пример, Аллах овозможил такви работници кои во овие земји на Западот самите се образуваат и на противниците им одговараат на изненадувачки начин. Постојат млади кои така одговараат што противниците немаат никаков излез освен да избегаат. Затоа, вршителите на должност можноста да и служат на Заедницата треба да ја прифаќаат како Аллахова наклонетост а не како плод на нивното искуство, стручност или способност.

Друго обележје кое вршителите на должност треба да го имаат е задоволството и покажувањето на убаво однесување. Аллах вели:

„… И на луѓето им зборувајте благо …“

(2:84)

Односно, со луѓето постапувајте и зборувајте благо и на убав начин. Ова е темелна доблест која треба да преовлада кај вршителите на должност. Треба да бидат покажани врвни убави начини кога разговарате со потчинетите, соработниците или со останатите. Поради организациски работи понекогаш е неопходно да се искаже цврст став, но ова е нешто што е последно ако е неопходно. Ако некого го советувате со љубов и ако вршителите на должност се свесни дека тие се добронамерни кон нив тогаш 99% од луѓето ќе сфатат и станат наклонети кон соработка со Заедницата. Најголемиот и важен услов за ова да се разбере меѓу луѓето е дека вршителите на должност се нивните добротвори. Разговарајте благо со луѓето. Не правете грешка, не реагирајте со залет во ист момент се додека другиот човек нема прилика да го објасни своето делување. Но, оние кои навикнале и постојано уживаат во создавањето на неред и судир во секоја работа, со нив треба да се однесува цврсто но потребна е целосна истрага на ситуацијата. Цврстината не треба да води кон лично непријателство туку кон подобрување. Едно време Чесниот Пратеник с.а.в.с. го советувал својот гувернер за Јемен:

„Направи леснотија за луѓето а не тешкотии, шири љубов и среќа, не дозволувај да се шири омраза.“

Ова е совет кој создава убавина во односот помеѓу вршителите на должност и членовите. Како резултат од тоа создаден е духот на грижата за сочувство на едните кон другите и меѓу членовите исто така.

Според тоа, вршителите на должност (членовите на Амила) имаат голема одговорност, посебно Амирите, претседателите, одделенијата за обука… и институциите кои водат грижа за на луѓето да им биде полесно. Исто така треба да се има на ум дека овие начини на однесување треба да се усвојат останувајќи во границите на Аллаховите наредби, а не како световните луѓе да ги заборавиме Аллаховите наредби и да создаваме олеснувања за луѓето. Останувањето внатре во границите на Шеријатот, сметајќи дека Аллаховото задоволство е врховно, ние мораме да им дадеме право на луѓето и исто така да ги чуваме своите ветувања и доверба.

Како што кажав, секој член треба да погледне во книгата на правилата и прописите и треба да стекне знаење за одговорностите на своите одделенија. Секој треба да ги знае своите граници.

Понекогаш вршителите на должност не ги знаат своите граници. Едно одделение е зафатено во некаква активност додека таа активност е наведена под друго одделение. Понекогаш постојат такви префинети разлики во активностите што две одделенија не замислувајќи се над тоа се вплеткуваат во активностите на другиот. Неодамна имав состанок со извршниот одбор на Велика Британија. Тука сметав дека токму поради оваа префинета работа започна непотребна дискусија. Ако го прочитавме правилникот не би изгубиле толку време. На пример, одделението за поврзување  (надворешни односи) треба да ја извршува работата но исто така и да оствари контакти. Поврзувањето ќе се шири преку контактите. Умур Кхаријја исто така треба да остварува контакти и треба да ја претставува Заедницата. Кругот на активностите и на двете одделенија е исклучив. Едните тоа треба да го одработат со цел за поврзување а другите тоа треба да го направат поради односот со јавноста за релациите да се зголемат. Вистинската цел е да се претстави Заедницата и да се претстави верата така што доведувајќи го светот до Бог ние се обидуваме да го исправиме нивниот крај и да го свртиме вниманието на мировната ситуација во светот. Нашата цел не е да добиеме признанија на световен начин, вистинската цел е да го стекнеме Божјото задоволство и Бог да биде задоволен. Ако одделенијата соработуваат резултат ќе биде многу подобар.

Од многу гледни точки ова укажува дека буџетот на разни одделенија не е одреден како што треба. Буџетот кој е донесен во советодавно тело (Шура) треба да биде даден и треба да се одреди секретар кој ќе има контрола над неговата подела. Неопходно е тој секретар да претстави годишен план на работа на состанокот на извршниот одбор и да ги претстави трошоците согласно со потврдениот план и потоа оваа работа повторно да се прегледа на секој состанок на извршниот одбор. Ако постои потреба за промена на работниот план или на неговиот буџет или треба да се направи подобар тогаш повторно сè треба да се прегледа.

Исто така, важна одговорност на Амирите, претседателите и секретарите е да постапуваат и постапувале по преодните поглавја премногу избрзано (веднаш) и со полно внимание на кружни пораки и наредби кои ги примиле од меѓународниот центар (Марказ). Примени се приговори за некои Џемаати дека не е преземено соодветно дејство по наредбите од меѓународниот центар (Марказ). Ако поради состојбата во земјата некој ентитет има заштита дури и тогаш треба да биде направено барање да се воведат измени во барањата на директивата; ова е одговорност на Амирот или на претседателот (садр). Воопшто не е во ред користејќи го сопственото расудување наредбата да биде ставена на страна и занемарена и да не се постапува согласно со неа и меѓународниот центар да не биде известен. Било која таква акција од страна на Амирот или претседателот ќе биде земена како избегнување на Центарот и во тој поглед  Центарот може да преземе мерки.

Во поглед на членовите на Завештание (Муусси), прва работа која сакам да ја кажам дека одговорноста на Мууси е да бидат редовни во уплатите и лично да ги бележат своите придонеси, но исто така одговорноста на меѓународната служба и на одредени секретари е да водат целосна пресметка за секој Мууси и кога е неопходно да ги потсетат за состојбата на нивната сметка. Должноста на националните секретари е да имаат контакт со секој Мууси. Се забележува дека понекогаш кога се бара извештај за некоја личност и таа личност е Мууси, во извештајот пишува дека не ги платил придонесите до тоа и тоа време. Ако се праша како Завештание се уште е валидно ако не ги платил придонесите, тогаш после истражувањето се открива дека тоа не била грешка на Мууси. Тој ги платил своите придонеси но службеникот белешките не ги водел како треба. Прво, таков извештај предизвикува неоправдана вознемиреност кај Мууси. Друго, слабоста на системот на Џемаатот остава лош впечаток. Сега тука е вграден систем, тука се компјутерите  и останатото, такви грешки не смеат да се случуваат. Секретарите за Завештание и финансии во секоја земја треба да ги активираат секретари за Завештание и финансии во секој огранок.

Сега имаме организиран систем и такви грешки не смеат да се случуваат. Секретарите за Завештание и финансии во секоја земја треба да ги активираат секретарите за Завештание и финансии на секој огранок. Одговорноста на Амирите е повторно од време на време да ја прегледаат работата. Нивната работа не е само да ги соберат придонесите и да направат извештај, туку работата на Амирите е системот да го направат доверлив и да создадат силна комуникација помеѓу центарот и локалните нивоа.

Сакам да кажам и нешто во врска со мисионерите и Мураби. Постојат места на кои не се одржува редовен месечен состанок на мисионерите и на тие кои обучуваат. Мисионерот на должност е одговорен за редовно одржување на состаноци. Проширувањето и обуката треба повторно да се прегледаат, треба да се дискутира за вредните (значајни) остварувања и другите треба да ја искористат  придобивката на методите применети во оваа значајна работата. Извештаите за директивите на секретарите треба да бидат предадени на ограноците, од нив самите или од Центарот. Мураби исто така треба да разгледаат колку ограноците завршиле работа и таму каде секретарите не се активни, посебно во понатамошната обука и финансии, мисионерите и Мураби треба да го свртат вниманието на таа работа.

Нека Аллах даде прилика на сите вршители на должност во текот на наредните три години кои Аллах им ги дал да служат и да покажат најголем ефект користејќи ги сите свои можности и да бидат пример во Заедницата со секој свој збор и дело.

Јас по намазот ќе предводам џеназа намаз во отсуство. Сахибзади Тахира Сиддика, сопругата на Сахибзадах Мирза Мунир Ахмад се преселила на 13 јули 2016 год. во шест часот попладне.

„Инна Лиллахи Ва Илаихи Раји‘ун“

„Навистина ние му припаѓаме на Аллах и ние Нему ќе му се вратиме …“

(2:157)

Таа беше ќерка на Навваб Абдиллах Кхан на Навваб Аматул-Хафеез Бегум. Беше внука на Навваб Мухаммад Али Кхан. Беше внука на Ветениот Месија а.с.. Беше снаа на Хазрети Мирза Башир Ахмад. Со Аллаховата милост, беше муси. Имаше 95 години. Образованието го стекна во Кадијана.

Хазрети Амма Јан, нека е Аллах задоволен со неа, ја прифати како својата сопствена ќерка и имаше убав и присен однос со неа. Живееше во Јхелум со Сахибзадех мунир Ахмад, во фабрика за иверица во која пред неколку време беше предизвикан пожар. Тука служеше како садр лаѓна во текот на немирите во 1974 година. Голем број на членови на Џемаатот се собрал во таа фабрика за иверица каде таа ги угостила. Аматул-Рашид Бегум е една од нејзините ќерки. Таа е сопруга на Мирза Анас Ахмад, синот на Халифа-тул Месих III. Другиот син, Мирза Насеер Ахмад, бил Амир на Јхелум џемаат, се додека фабриката не билазапалена и потоа морал да го напушти Јхелум. Мирза Сафеер Ахмад, зетот на Халифа-тул Месих IV е нејзиниот син.

Таа убаво се однесуваше, беше пријатна и дружељубива. Стрплива, благодарна, извршуваше молитва, тахаџуд намаз, беше свртена кон обожавањето и имаше блиска врска со Халифатот. Жарко учествуваше во финансиското жртвување. Беше прекрасен домаќин, имаше сјаен поглед на системот на Џемаатот и на движењето и не поднесуваше никакво непријателство кон Џемаатот, и секогаш го сопираше оној кој нешто ќе изјавеше против Халифатот.

Хазрети Амма Јан ја сметаше за ќерка. Добар дел од својот личен имот и го даде како мираз, со сопственото име напишано на работите. Нека Аллах го воздигне статусот на починатата, нека со неа милостиво се однесува и нека на нејзините деца им даде можност да одат по нејзиниот пат.