In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Пример за муслиманите

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Непоколеблива поддршка од хазрети Абу Бакр р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека хазрети Ајша р.а. му дала значење на следниот ајет ајет:

„Што се однесува до оние кои одговориле на Аллах, Пратениковиот повик, откако биле повредени – тие кои прават добро и се однесуваат правилно ќе имаат голема награда.“ 

(Чесниот Кур’ан 3:173)

Се забележува дека хазрети Абу Бакр р.а. бил меѓу оние кои на денот на Ухуд, кога непријателот заминал, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал чувство дека ќе се врати и прашал кој ќе ги следи. Имало седумдесет луѓе кои одговориле му на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓу кои бил и хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абу Бакр р.а. му сугерирал на хазрети Омер р.а. да ја посетат хазрети Умма Ејман, исто како што правел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога ја посетиле хазрети Умма Ејман р.а., таа се расплакала зборувајќи дека сега објавата од небесата престанала. Поради тоа и хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. се расплакале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека во времето кога сите го одбиле, сфатил дека во својата поддршка хазрети Абу Бакр р.а. останал непоколеблив.

Хазрети Абу Бакр р.а. ги уверува муслиманите по договорот на Худејбија  

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека условите на договорот на Худејбија биле одредени, присутните асхаби биле исклучително емотивни и незадоволни, но, пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги контролирале своите емоции.

Конечно, хазрети Омер р.а. изразил загриженост и незадоволство, прашувајќи го Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зошто, ако тој е вистински пратеник, тие мора во секој случај да се соочат со такво понижување ?

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тоа е поради тоа  што тој е Аллаховиот Пратеник и ги разбира Неговите желби, и нема да оди против нив.

Потоа хазрети Омер р.а. го прашал, зарем Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не рекол дека тие ќе вртаат околу Каба ?

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил потврдно, но не кажал дека тоа ќе се случии таа година.

Хазрети Омер р.а. и понатаму не бил задоволен и отишол кај хазрети Абу Бакр р.а. и ја изразил истата загриженост.

Хазрети Абу Бакр р.а. му одговорил дека треба да остане непоколеблив и да не се сомнева во својата послушност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи личноста во чии раце ја дале својата сигурност е вистинита.

После тој одговор хазрети Омер р.а. сфатил и почувствувал жалење поради своите постапки, клањал многу доброволни намази и правел добри дела за да се искупи за тоа.

Чувство на чест за статусот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, двајца луѓе се карале; муслиман и Евреин. Тие се карале околу статусот на своите пратеници и кога Евреинот кажал дека Муса е супериорен, муслиманот му удрил шлаканица. Евреинот отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му раскажал што се случило, по што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го повикал муслиманот и му кажал дека му ја припишува супериорноста нему во однос на Муса а.с..

Во коментарот на овој хадис се забележува дека муслиманот бил хазрети Абу Бакр р.а..

Врска на огромна љубов

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. имал огромна љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Била објавена сура од Чесниот Кур’ан:

„Кога ќе дојде Аллаховата победа, ќе видиш како луѓе во групи влегуваат, величај го со благодарност Господарот свој, и барај прошка од Него. Сигурно Он многу прима покајување.“ 

(Чесниот Кур’ан, 110:2-4)

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одржал хутба во која ги известил муслиманите за оваа сура и им рекол дека бил даден избор помеѓу Аллаховата близина и световниот успех, и тој ја избрал близината на Аллах џ.ш..

Муслиманите се израдувале кога го слушнале тоа, меѓутоа, хазрети Абу Бакр р.а. викнал во агонија.

На Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал дека е подготвен неговите родители, жената, децата и сè што имал да бидат жртвувани за него.

Некои асхаби се прашувале зошто хазрети Абу Бакр р.а. на овој начин реагира на веста која само што ја примиле.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја почувстввуал загриженоста на луѓето од реакцијата на хазрети Абу Бакр р.а. и кажал дека толку многу го сака хазрети Абу Бакр р.а. што, ако би било дозволено било кој освен Аллах џ.ш. да го направи Халил (пријател) би го направил хазрети Абу Бакр р.а за свој Халил, но сепак, тој и понатаму е неговиот асхаб.

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека секој кој има прозорци кои гледаат во џамија треба да ги затворат, освен хазрети Абу Бакр р.а..

Тоа бил голем израз на љубов од страна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. сфатил дека ајетот алудира на скорешна смрт на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Вниманието на хазрети Абу Бакр р.а. кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш хазрети Омер р.а. донел примерок на Теврат на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и почнал да го чита. Додека го правел тоа, на лицето на  Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се појавил израз на незадоволство. После тоа, хазрети Абу Бакр р.а. го прашал како тоа да не го видел изразот на незадоволство на лицето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Омер р.а. станал и се извинил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. појасни дека незадоволство кое го изразил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не било поради едноставното читање на Теврат на глас, туку поради тоа што хазрети Омер р.а. читал дел од Тевратот кој бил спротивен на учењето на исламот, и тоа била причината поради која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил незадоволен.

Подетални информации за ова можат да се најдат во Ал-Тафсир Ал- Кабир од хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. во книга 6, сура 24 ајет 3.

Преданост во воздржувањето од световните удобности

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш хазрети Абу Бакр р.а. разговарал со други асхаби и во таа прилика го замолил еден од своите работници да донесе вода. Кога сакал да се напие сфатил дека во водата имало мед. Хазрети Абу Бакр р.а. го спуштил садот со водата и се расплачал толку силно што луѓето околу него во почеток се обиделе да го утешат, но, гледајќи во каква е состојба и тие самите почнале да плачат.

На крајот, кога го пршале зошто плаче, тој одговорил дека во текот на последните денови го слушнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како зборува ’тргни се‘.

Хазрети Абу Бакр р.а. го прашал што сака да се тргне од него и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека му се претставени световни луксузи кои тој ги тргал од себе.

Хазрети Абу Бакр р.а. со тежок глас објаснил дека медот измешан во водата го поттикнал да се запраша дали тој самиот им се препуштил на световните удобности и затоа толку многу плачел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за ова ќе продолжи да зборува во идните хутби.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предводи џеназа во отсуство за неколку починати членови на Џемаатот.

Самиуллах Сиал

Самиуллих Сиал служел во Вакилул Зира’ат во Тахрик-е-Џадид.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Починал во 89-та година. Кога неговиот татко го прифатил Ахмадијатот тој имал само четири години. Откако неговата мајка дознала за пристапување на мажот во Ахмадијатот го напуштила и Самуиллах Сиал го повела со себе.

Вториот Халифа р.а. го посоветувал неговиот татко да покрене судска постапка за да си го врати синот, и успеал во тоа.

Својот живот го посветил на служењето во Заедницата откако го положил тестот, кој за него го составил самиот Вториот Халифа р.а..

Служел во Сијера Леоне, по што бил именуван за работа во канцеларии на различни функции.

Бил побожна и скромна личност која давала предност на упатствата на Халифатот.

Исто така, бил многу гостопримлив. Кога неговиот татко настрадал семејството на неговата мајка го повикало да го напушти Ахмадијатот, и на тој начин би го подржале во сè, меѓутоа, тој тоа го одбил и останал непоколеблив во врска со Ахмадијатот.

Секој пат кога се соочувал со тешкотии му се обраќал на Аллах џ.ш. и барал Негова помош преку обилна молитва.

Кога животот го посветил на служба во Џемаатот бил пратен да се стекне со магистерска диплома.

Некој, на Вториот Халифа р.а. му кажал дека постои можност, откако ќе добие диплома, ќе му падне на памет да се занимава со некаква световна работа.

Вториот Халифа р.а. одговорил дека Сиалси не се нелојални.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари милост и прочка и неговото потомство, да го задржи врзано за Халифатот и Џемаатот и да му подари трпение пред оваа загуба.

Сиддика Бегум

Сиддика Бегум неодамна починала.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Нејзиниот син, Абдул хади Тарик, е мисионер и професор во Џамија Ахмадија Гана.

По смртта на нејзиниот татко Вториот Халифа р.а. се погрижил нејзиното семејство да се згрижи. Таа била снаа на асхабот на Ветениот Месија а.с., била мажена за личност која животот го дала во служба на Џемаатот и мајка на синот кој животот го дал во служба на Џемаатот.

Поседувала многу добри квалитети, вклучувајќи ја понизноста, богобојазливоста, гостопримството, љубезноста и трпеливоста.

Редовно ги клањала петте дневни намази, тахаџуд (доброволни намази пред зора) и го учела Чесниот Кур’ан.

Зад неа останале две ќерки и три сина.

Еден од нејзините синови не можел да присуствува на џеназа на својата мајка бидејќи бил на должност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше на нејзиното потомство да му овозможи да продолжи со нејзините добри дела, да и подари милост и прочка ѝ да ја воздигне нејзината положба.