In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Исклучителен човек

По учењето на ташахуд, та‘уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Денес ќе зборувам за животот на хазрети Амир бин Фухаирах р.а.. Го нарекувале Абу Амр и му припаѓал на племето Азад. Бил африкански роб на Туфаил бин Абдуллах бин Сакхбарах, кој бил полубрат на хазрети Ајша р.а..

Терминот полубрат во овој случај значи дека имале иста мајка но различни татковци.

Тој бил меѓу првите кои го прифатиле исламот. Тој исламот го прифатил пред Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да отиде во Дарул Аркам. Неверниците од своја страна му правеле многу проблеми поради неговото прифаќање на исламот. Подоцна го купил Абу Бакр р.а. и го ослободил.

За време на миграцијата во Медина тој козите на Абу Бакр р.а. ги водел на паша. Кога Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. се криеле во пештера на планината Тур, во време на иселувањето од Медина, тој цел ден ги водел козите на паша а потоа ги носел кај хазрети Абу Бакр р.а. блиску до пештерата на планина Тур, за да можат тие самите да ги молзат козите.

После тоа хазрети Амир бин Фухаирах р.а. ги бришел трагите од обувките за да не може никој да го прати. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. излегле од пештерата на планина Тур и продолжиле кон Медина, хазрети Амир Бин Фухаирах р.а. ги прател на камила. Во тоа време еден мушрик од племето Бану Ади му го покажувал патот.

По миграцијата, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу Амир Бин Фухаирах р.а. и хазрети Хартха Бин Аус Бин Му‘аза. Хазрети Амир Бин Фухаирах р.а учествувал во битките на Бедр и Ухуд. Убиен е во текот на случката на би‘р-р-Ма‘унаха во 40-та година од животот.

Хазрети Ајша р.а. вели дека во една прилика попладне била дома со Абу Бакр Сиддик р.а. кога невообичаено Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол и објаснил дека преку Божја објава му било советувано да се исели од Мека. На тоа хазрети Абу Бакр р.а. рекол:

„О Алахов Пратенику! Те молам поведи ме со тебе. Нека моите родители се жртвуваат за твоето добро.“

На ова Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

„Навистина треба да појдеш со мене.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прифатил понудата на хазрети Абу Бакр р.а. да земе една од неговите камили и ја платил.“

Хазрети Ајша р.а. понатаму вели:

„Брзо ги спакувавме и подготвивме нивните работи. Подготвивме и некои намирници и ги спакувавме во кожна торба. Ќерката на хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Асма, исече дел од својот појас и ја врза торбата. Поради ова таа е позната како Зат-ун-Нитак (личност со појас).“

По ова, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. стасале до пештера на планината Тур и таму останале скриени три ноќи. Хазрети Абдуллах бин Аби Бакр заминувал и ноќите ги поминувал со нив.  Пред да се раздени се враќал во Мека за да другите помислат дека цела ноќ бил таму. Тој деновите ги минувал во Мека и од други ги слушал интригите за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. изнајмиле еден вешт водич од племето Бану Деел за да им го покаже патот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а. му верувале на тој човек иако бил неверник и одгледан од страна на Курејшии. Сепак, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му верувал, му ги предал своите камили за пат а тој ми ветил дека во пештерата Тур ќе дојде по три дена. Амир бин Фухаирах и водичот ги пратиле. Водичот нив тројцата ги повел низ патеката покрај брегот на морето. Ова го раскажал Букхари.

Сурака бин Малик бин Јошам рекол:

„Пратениците на неверниците Курејшии дојдоа кај нас и ни ја кажаа цената за убиство или заробување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на Абу Бакр р.а..“

Сурака бин Малик добил информација за местото на кое се наоѓал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и ја сокрил истата бидејќи посакал самиот да ја земе наградата. Подоцна, седнал на коњ и тргнал кон местото. Едно време ги здогледал и продолжил напред но наеднаш коњот се сопнал и тој паднал од него. Станал, ја спуштил раката и земал стрела и размислил за предзнак. Добил предзнак кој не го сакал (односно, предзнакот не бил во негова корист и покажувал дека нема да успее да ги зароби).

Потоа кажал:

„Се качив повторно на коњ и против мојот предзнак се обидов повторно да го убијам Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и јавајќи напред дојдов толку блиску што можев да го слушнам Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како учи Чесниот Кур‘ан. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не се ниту сврти за да погледне наоколу, но хазрети Абу Бакр р.а. стално се вртеше. Мојот коњ повторно падна во мекиот песок и јас се симнав за да го земам другиот предзнак со своите стрели. Повторно добив предзнак кој не ветуваше успех. Му викнав и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажав дека е на сигурно. На тоа тие застанаа.“

Тој понатаму вели:

„Кога видов со какви тешкотии и препреки се соочувам во обид да ги стасам се појави чувство во моето срце дека сепак Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе превладее. На Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажав дека неговиот народ договорил крвави пари и го известив за сè што имале намера да направат. Односно, го известив за сите детали на злите намери на неверниците.“

Потоа тој кажа:

„Им ги кажав моите намери и реков со оглед дека се на пат ќе им треба храна. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа не го прифати и кажа:

’Никому не кажувај за нашиот пат.‘

Мислејќи на тоа да не кажувам на кој пат се наоѓаат.“

Потоа продолжува:

„Побарав од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да напише нешто за мене што ќе послужи како договор-пакт за животот во мир. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажа на Амир Бин Фухаирах р.а., кој беше роб од Етиопија но сега веќе ослободен, и кој патуваше со нив да состави документ. Така, тој на парче кожа напиша по што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. продолжи по патот.“

Хузур а.т.б.а. понатаму продолжи да зборува за иселувањето од пештерата Тур во Медина и за поставување на џамија за Букхари.

Хазрети Муслех Мауд р.а. му објаснил за Хиџра на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој пишувал на својот оригинален стил и јас ќе прочитам неколку детали од неговите текстови.

Тој пишува:

„Кога Меканците слушнале за бегањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., се собрале и пратиле луѓе по нив. Следејќи го трагачот тие стасале во пештерата Тур. Стоејќи на влезот на пештерата во која биле скриен Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Абу Бакр р.а., трагачот рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. или е во пештерата или се воздигнал на небото.

Абу Бакр р.а. го слушнал ова и срцето му застанало.

’Непријателот готово дека не фати‘,

прошепотел.

’Не плаши се, Бог е со нас, не сме само ние двајцата во оваа пештера, тука е и третиот – Бог.‘

Меканците му се насмеале на трагачот. Премногу е отворена пештера, кажале, за било кој да се скрие внатре, бидејќи поради присуството на змии пештерата за никого не е сигурна. Ако само малку се наведнале можеле да ги забележат нив двајцата. Но тоа не го направиле и не слушајќи го трагачот се вратиле во Мека. Два дена Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Абу Бакр р.а. чекале во пештерата. Третата ноќ, согласно на планот, две пустински камили биле доведени до пештерата, една за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., друга за Абу Бакр р.а. и неговиот слуга, Амир Бин Фухаирах р.а..“

Хазрети Муслех Мауд р.а. спомнатата случка ја опишал токму како што ја раскажал Сурака р.а..

Хазрети Муслех Мауд р.а. понатаму пишува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал Амир бин Фухаирах р.а. да му напише на Сурака р.а. гаранција, и тој тоа го направил. Кога Сурака р.а. се подготвувал да се врати со документот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добил објава за иднината во врска со Сурака р.а. и рекол:

’Сурака како ти би се чувствувал со златните нараквици на Цхосроес на твоите зглобови?‘

Обземен од пророштвото запрашал:

’Кој Цхосроес? Дали Цхосроес бин Хормизд, царот на Иран?‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.одговорил:

’Да‘.

Шеснаесет или седумнаесет години подоцна пророштвото потполно се исполнило. Сурака р.а. го прифатил исламот и отишол во Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. починал, а по него прво Абу Бакр р.а., потоа Умар р.а. станал Халифа на исламот.

Растечкото влијание на исламот Иранците ги правело љубоморни и ги водело кон напад на муслиманите, но наместо да ги покорат, тие од нивна страна биле поразени.  Главниот град на Иран им припаднал на муслиманите кои го добиле и неговото богатство, вклучувајќи ги и златните нараквици кои Цхосроес бин Хормизд ги носел извршувајќи ги државните функции.

Кога пленот од војната со Иран бил ставен пред Омер р.а., тој ги видел златните нараквици и се сетил на зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои тој ги упатил на Сурака р.а. (Омер сето тоа порано го видел со сопствените очи). Тој потоа побарал да го доведат Сурака р.а. и му наредил да ги стави златните нараквици. Сурака р.а. се побунил бидејќи носење злато за машките во исламот било забрането. Омер р.а. рекол како е точно дека на мажите им е забрането да носат злато, но сепак оваа прилика била исклучителна. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. златните нараквици на Цхосроес бин Хормизд ги предвидел за неговите зглобови; така, тој ги ставил нараквиците и муслиманите виделе како големото пророштво се исполнува пред нивните очи.“

Хазрети Амир бин Фухаирах р.а бил убиен во текот на случката Би‘р-е-Ма‘унах. Кога група од 70 муслимани измамени биле повикани во Би‘р-е-Ма‘унах да бидат нападнати од страна од добро наоружани Курејшии, некои од нив се качиле на врвот на ридот додека другите останале да се борат. Бидејќи бројот на непријателите бил поголем од бројот на муслиманите кои всушност биле слабо наоружани и беспомошни, непријателите ги совладале муслиманите убивајќи ги еден по еден. На крајот останал само еден асхаб кој го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на Хиџра и кој бил ослободениот роб на хазрети Абу Бакр р.а., чие име било Амир бин Фухаирах р.а..

Требало многу непријатели за да го срушат и еден од нив му забил копје во градите. Кога копјето го пробило тој спонтано ги изговорил зборовите:

„Се колнам во Господарот на Каба, успеав.“

Овој израз на победа во време на беспомошност и насилничка смрт во рацете на непријателот го восхитил Аамир бин Туфаил кој бил еден од непријателите. Аамир бин Туфаил ги прашал останатите зошто човекот смета дека тоа е успех? Тие му одговориле дека тој не знае како муслиманите се навистина луди. Кога умираат на патот на Возвишениот Аллах, тие веруваат дека Бог е задоволен со нив и дека ја постигнале целта. Со ова Аамир бин Туфаил бил инспириран да научи повеќе за таа вера и подоцна и го прифатил исламот.

Хазрети Муслех Мауд р.а. спомнал дека таквите изрази на успех се изречени исто така од страна на многу други асхаби. Спомнувајќи го ова, хазрети Муслех Мауд р.а. вели:

„Читајќи ја историјата можеме да видиме дека асхабите во битките оделе со вера, дека доколку бидат убиени тоа ќе биде извор на задоволство и радост за нив. Ако некогаш и почувствувале некаков вид на тага во текот на битката, сметале дека тоа е извор на утеха за нив. Така, во историјата наоѓаме голем број на случки каде тие смртта на Божјиот пат ја сметале како извор на утеха.

На пример, кога хазрети Харам бин Милхан р.а. бил нападнат во текот на состанок, на кој неверниците го повикале под изговор да научат нешто за исламот, тој ги изговорил следните зборови:

Алалхо Акбар Фузту Рабил Ка‘бах – што значи Бог е Велик Господарот на Каба е мој сведок дека ја постигнав целата.“

Овие случки покажуваат дека смртта за асхабите била извор на радост наместо на било каква тага. Така, асхабите биле среќни а посебно Амир бин Фухаирах р.а. кој имал прилика да му служи на хазрети Абу Бакр р.а..

Исто така, имал прилика да му служи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да го прати во текот на Хиџра.

Тој, исто така, му носел храна на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. додека тој бил во пештерата на планината Тур. Во тоа време храната била млеко од коза и на Амир бин Фухаирах р.а. му била доделена таа задача. Три дена, без исклучок, тој ги носел козите таму за да му овозможи да се храни со млеко. Исто така, ја имал честа да го напише писмото за договор за мир со Сурака р.а. по упатствата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и потоа како резултат на молитвата која ја направил, Чесниот Пратеник с.а.в.с. Мухаммед ја примил веста за убиство иако бил далеку.

Тој бил олицетворение на верност која ја покажувал на секој чекор; нека Возвишениот Аллах продолжи да ја воздига неговата положба.