In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Аллаховата милост ги надминува сите останати атрибути

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) го проучи 157 ајет од сура Ал-А‘раф и потоа кажа:

Преводот на овој ајет гласи:

 „И пропиши за нас добро на овој свет и на Ахирет; ние бевме упатени кон Тебе (со покајание). Он рече:

Казната моја го снајдува оној кого Јас сакам а милоста Моја ги опфаќа сите нешта; тоа ќе им впишам на оние кои се богобојазливи и кои зекат даваат, и во ајетите Наши веруваат.

(7-157)

Очигледно е дека од горниот ајет Семоќниот Аллах на извонредни начини ги покажува Своите наклонетости кон Своите робови. Семоќниот Аллах вели:

„Милоста Моја ги опфаќа сите нешта.“

’Рахман‘ (милост) значи ’да се биде благ (попустлив)‘, ’да се биде милостив (благотворен)‘ и тоа значи ’излегување на милоста‘.

Тоа значи дека Семоќниот Аллах кон Своите робови постапува со љубезност која нема граници. Овде Семоќниот Аллах вели дека Неговата цел не е казнување на луѓето. Некои луѓе погрешно разбираат (кога зборуваат):

„Зошто Он го создал човекот ако сакал да го казни.“

Семоќниот Аллах вели:

„Ова не е Мојата цел. Меѓутоа, луѓето кои Јас ги казнувам ги преминуваат сите граници на зли дела. Покрај тоа, Мојата казна е привремена и служи за подобрување. На крајот ќе дојде време кога дури и жителите на Џехеннемот ќе учествуваат во Мојата неограничена милост.“

Потоа, на друго место Семоќниот Аллах вели:

„Сигурно е Аллаховата милост блиску до оние кои прават добро.“

Оние кои прават добро се луѓе кои своите должности ги исполнуваат согласно на барањата (поврзани со тоа). Понатаму, Господарот на небесата и на Земјата вели дека ако одиме по патот на богобојазливоста сигурно ќе ја заслужиме Неговата милост.

Првиот аспект кој Семоќниот Аллах овде го спомнал е ’Таква‘ (богобојазлива исправност). Всушност, ако личноста вистински ја сфаќа (богобојазлива исправност), тогаш останатите доблести и стекнување на сила во својата вера ќе бидат содржани во тоа. Затоа, личноста соодветно треба да ги користи сите свои способности и согласно на наредбите на Семоќниот Аллах.

Ветениот Месија а.с. објаснува:

„Понатаму, ова се постигнува преку ограничување на своите способности на нивна недозволена употреба и мораме да останеме свесни за нивните скриени налети.“

Односно, да ги задржиме од несоодветни појави и да бидеме свесни за нив бидејќи шејтанот ги користи сите средства и способности за скриен напад. Тоа е одговорноста на човекот. Само тогаш ќе биде во состојба да оди по патот на ’Таква‘ (богобојазлива исправност) и само тогаш ќе биде во состојба вистински да ги исполни наредбите на Семоќниот Аллах.

Освен тоа, Семоќниот Аллах во Чесниот Кур‘ан богобојазливоста ја дефинирал како облека. Затоа ’Либас-ул-Таква‘ (облека на богобојазливоста) е израз  од Чесниот Кур‘ан. Тоа укажува на фактот дека духовната убавина и елеганцијата можат да се постигнат само преку ’Таква‘ (богобојазлива исправност).

Ние всушност поминуваме низ деновите на Рамазан и ни остана само уште една недела. Во хадисот (традиции на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) наоѓаме дека првите десет дена од Рамазан се период на милоста, другите десет дена се период на опростувањето и последните десет дена се период за спасување од огнот.

Во текот на Рамазан кога човекот пости и се однесува согласно на наредбите на Семоќниот Аллах повеќе одошто претходно, кога го зголемува својот ибадет и напредува во богобојазливоста, тој тогаш станува примател на милоста од Семоќниот Аллах многу повеќе одошто пред тоа. Оваа пракса треба да стане дел од животот на верникот и само тогаш тоа ќе биде делотворно.

Инаку, ако после месецот Рамазан станеме плен на световните нешта, ја напуштиме богобојазливоста, не водиме сметка за наредбите на Семоќниот Аллах, станеме слаби во верата и ги занемариме знаците на Семоќниот Аллах, тогаш тоа е како приказна за човек кој гради сигурна тврдина а потоа ја урнува со сопствени раце.

Затоа, Семоќниот Аллах направил Рамазан да биде повод за стекнување на Неговата милост повеќе од секогаш и за постигнување на Неговата близина. Милоста на Семоќниот Аллах и Неговото опростување не се ограничени на неколку дена. Не е можно да бидеме избавени од огнот ако Неговото опростување го бараме само неколку дена или краток период од времето и тоа да биде прифатено.

Во текот на овие денови од Рамазан човекот треба да стане рано да пости, а тука се и други задолженија. Неопходно е да се сочувате од медиумите и простотата кои ги трујат и загадуваат умовите и го расипуваат моралот, и такви луѓе се оддалечуваат од верата. Затоа, секој Ахмади муслиман треба да посвети големо внимание на ова и во тој поглед да направи секаков можен напор.

Објаснувајќи го понатаму ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Кога Аллах некого го предупредува за Својата казна тоа не значи дека сигурно и ќе се случи таа. Всушност, затоа што Он е свето и Чисто Битие, неопходно е Он да го казни оној кој прави прекршок. Меѓутоа, кога тој што направил прекршок настојува да се моли за опростување и покајание, и продолжува да се моли со највисоки чувства тогаш Неговата милост го надминува Неговиот бес и едното го крие во другото.“

Ветениот Месија а.с. вели дека единствен начин да ја привлечеме милоста на Семоќниот Аллах е барање на опростување и покајание.

Што е вистинската суштина на истигхфаар (барање на опростување)? Што тоа навистина значи?

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Вистинското и суштинско значење на истигхфаар (барање на опростување) е нашето барање Бог да ги превиди и скрие слабостите на смртникот и барање Божја помош од Неговата сила.“

Што е целта на истигхфаар?

Тоа е криење на слабостите (од страна на Аллах џ.ш.) на човекот бидејќи луѓето се слаби. Така Семоќниот Аллах и овозможува помош на човечката природа и ги чува луѓето од гревовите и од правење грешки.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Овој збор е земен од зборот ’Гхафар‘, што значи да се прекрие. Така, тоа значи дека Бог ги прекрива природните слабости на оној кој бара опростување.“

Потоа, додека понатаму ја толкува темата за истигхфаар Ветениот Месија а.с. вели:

„Постојат луѓе кои се запознаени со гревовите кои ги прават, а постојат и оние други кои потполно се несвесни за нив. Тие дури не ни знаат дека прават грев, тие станале тотално нечувствителни за тоа што е грев. Од таа причина Семоќниот Аллах засекогаш за нас го направил задолжително (тоа е нашата должност) да правиме истигхфаар, така што човекот не престанува да бара опростување за секој грев; било да е надворешен или скриен, било да е запознаен со него или не е, било да е тоа гревот на неговите раце, стапала, неговиот јазик, нос, уво или на неговото око или било што друго. Меѓутоа, постојат многу делови на телото и ниту еден од нив не смее да направи ниту еден грев. Според тоа, човекот треба да продолжи да бара опростување.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Секогаш треба да ја учиме довата на хазрети Адем а.с.:

Господаре наш, самите себе си направивме зулум: и ако Ти не ни простиш и ако не ни се смилуваш, ние сигурно ќе бидеме изгубени.“

(7:24)

Никаква неволја не се случува без Божјото одобрение, токму како што следната дова мене ми беше објавена – (АРАПСКИ):

„О мој Господаре, сè на Тебе е потчинето, о Господаре, заштити ме и помогни ми, и имај милост кон мене.“

Затоа, за да дојдете под заштита на Семоќниот Аллах, за да ја постигнете Неговата помош и да ја стекнете Неговата милост, неопходно е да направите напор, да правите истгхфар и ибадет.

Ние често ги употребуваме изразит истигхфаар и теоба, така што Ветениот Месија а.с. ја разјаснил разликата помеѓу овие два поими и рекол:

„Истигхфаар (барање на опростување) и теоба (барање на покајание) се две различни нешта… Истигхфаар е помош и сила која се бара од Семоќниот Аллах. Семоќниот Аллах дава помош и сила со спроведување на истигхфаар, што човекот го штити од гревот, додека теоба значи да се застане на сопствени нозе.“

Објаснувајќи понатаму за тоа како човекот може да се заштити од огнот преку барање на опростување и покајание, Ветениот Месија а.с. вели:

„За човекот покајанието не е бескорисна постапка или пак нешто безвредно. Покрај тоа, неговите дејствија не се ограничени само на Ахирет, всушност, преку овој световен живот на човекот и верата се решаваат. Знаеме дека Семоќниот Аллах во Чесниот Кур‘ан рекол:

„О Господаре, подари ни добро на овој свет и добро на идниот свет, и спаси не од казната на огнот.“

 (2:202)

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Огнот на Џехеннемот не се однесува само на огнот кој ќе гори на Судниот ден. Бидејќи, оној кој живее долго во состојба е да сведочи дека на овој свет постојат илјадници огнови. Разни облици на несреќи, страв, убиства, болести, неуспех, страв од понижување и сиромаштво, бројни видови на болка и тага, несреќа (жалост) врзани за жената, децата итн. И врски кои стануваат затегнати со блиските роднини – сето тоа е еден вид на оган. Затоа муслиманот (верник) моли да биде спасен од сите видови на оган. Бидејќи себе се врзал со Семоќниот Аллах и се моли да биде спасен од секаков вид на несреќа која може да предизвика да доживее тешкотија во својот живот а личи на оган.“

Ветениот Месија а.с. често го свртувал вниманието на Џемаатот да ја учи следната дова:

„Господаре наш, подари ни добро на овој свет  како и добро на идниот свет, и спаси не од казната на огнот.“

Затоа, ние мораме да водиме сметка за тоа, така да Семоќниот Аллах со Својата милост не спаси од сите облици на оган на овој свет како и на идниот.

Нека Семоќниот Аллах не оспособи искрено да му се посветиме на Семоќниот Бог, да ја постигнеме Неговата богобојазлива исправност и да бидеме сè посилни во својата вера, така што секогаш ќе учествуваме во Неговата милост. Никогаш да не се случи да бидеме лишени од Неговата милост и да примиме казна поради своите лоши дела. Нека Семоќниот Аллах секогаш ни ја дава Својата милост.