концепт на Бога во исламот
Верувањето во натприродно суштество или Бог е суштински дел од секоја религија. Според исламот, Божјото вистинско име е Аллах. Ова посебно име го означува само Создателот на универзумот и не се користи за никој друг.
Пред исламот, разбирањето за Бог беше многу искривено и секоја религија Му припишуваше различни моќи и квалитети. Некои веруваа дека Бог може да слезе на земјата и да се појави во човечки облик, додека други обожаваа оган, реки, планини, животни, дрвја, сонцето, ѕвездите и стотици и стотици други идоли како да поседуваат огромна моќ. Некои веруваа дека Бог не е еден, туку три суштества се споени во едно, додека други се спротивставија велејќи дека не постојат само три, туку стотици богови кои владеат со небото и земјата. Дури и во Божјите атрибути, имаше отворена недоследност. Ако следбениците на едната религија верувале дека Бог не е творец и дека универзумот постои сам по себе, другата религија додала дека иако е Семилостив, Бог не може да им ги прости гревовите на луѓето, бидејќи Он е Праведен. На тој начин, религиозниот свет претставил различни вери кои се спротивставиле една на друга.
Единство на Бога
Покрај овие верувања, исламот порачал дека постои само едно Врховно Суштество наречено Аллах. Он е Создател, Снабдител (Давател) и Владетел на универзумот. Он е Семоќен, Апсолутен и Независен. Он е Самодоволен и не зависи од никого, додека сè зависи од Него. Единството на Бога (тавхид) или монотеизмот е претставено со овие зборови: „Ти кажи:,,Он е Аллах, Еден е. На Аллах никој не му е потребен, а сите имааат потреба од Него! Не родил ниту е роден. И Нему никој не му е рамен“ (112:2-4). Всушност, Единството Божјо е најфундаменталното верување на секој муслиман и еден од главните столбови на исламот е изјавата „La ilahа il-lallah “ т.е. Нема друг бог освен Аллах. Кур’анот го негира верувањето дека Бог има деца. Тој вели: „Навистина, Аллах е само Еден Бог. Он е чист за да има син. Нему му припаѓа се што е на небесата и се што се наоѓа на земјата“ (4:172).
Атрибути на Аллах
Он е Вечен, Неограничен и Непропустлив. Небесата и земјата не можат да Го опфатат и Он е надвор од временскиот простор. Според Кур’анот сè има крај, освен Бог кој е вечен. Никој не го создал, туку сè што постои е создадено од Него. Тој е Севишен и ништо не останува надвор од доменот на Неговото владеење. Тој е Суверен, Мудриот. Нему му припаѓа власта на небесата и земјата. Тој дава живот и смрт; и Тој е Семоќен над сè. Тој е Првиот, Последниот, Видливиот и Скриениот; и Тој е Сезнаен за сè“ [Кур’ан 57:2-4].
Јас сум блиску…
Оние кои веруваат во постоењето на Бог, но не веруваат во прифаќањето на молитвите, нивната вера не може да биде на ниво на послушност. Исто така, напорот и логиката на човекот можат само да го доведат до тврдењето дека „мора да постои Бог“, додека вистинската вера која покажува дека „Он е“ може да се постигне само кога Самиот Он ни вели: „Јас сум“. Кур’анот наведува дека она што го одведува човекот од слепа вера до вистинска поврзаност е молитвата. Самиот Бог вели: „Кога моите робови те прашуваат за Мене, навистина јас сум близу. Јас одговарам на молитвата на молителот кога тој Ме повикува. Затоа, и тие треба да одговорат на Мојот повик, и да веруваат во Мене, за да бидат упатени“ (2:187).
Семилостивиот
Некои сметаат дека исламот го прикажува Бога како безмилосно и сурово Битие кое бара само потчинување и воопшто не покажува љубов или сочувство. Вистината е дека првата сура од Кур’анот, Ал-Фатиха, се отвора со овие зборови: Во името на Аллах, Милостивиот, Дарител без барање, Сомилосниот. (1:1-3). Дури и Божјите својства, како Сомилосен и Милостив, се повторуваат толку често што секоја сура, освен една, започнува со овие зборови. Секое суштество сведочи за Неговата милост како што Он вели: „Мојата милост опфаќа сè“ (7:157). Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), рекол: „Бог е пољубезен и посочувствителен од мајката кон своето дете.“
Исламот го претставува концептот на универзален Бог, кој не припаѓа на некоја конкретна нација или народ. Кур’анот вели дека до секој народ дошол предупредувач (35:25). Ова покажува дека секој пратеник е од Бога и секоја религија и книга е од Него, така што секој народ благословен со Божјата милост. Овој принцип ја поставува основата за универзално единство кое остварува меѓусебно почитување, разбирање и меѓуверска толеранција. Со прифаќањето на заедничкото потекло на сите вери, исламот исто така ја потврдува вистинитоста на сите пратеници и ги принудува своите следбеници да веруваат во нив.
Иако Бог е Семилостив, кога слугата е неблагодарен кон Него, не се потчинува на Неговото слово и прави гревови, тогаш како што Бог наградува за добри дела, тој казнува и за лошите дела. Никогаш не сака човек да греши. Меѓутоа, поради Неговата неисцрпна милост, Он секогаш е подготвен да им ги прости грешките на своите слуги. Кур’анот ја покажува волјата Божја да ги простува гревовите велејќи: „И барајте прошка од Господарот свој, а потоа свртете се со покајание пред Него! Навистина, мојотГосподар е многу милостив, полн со љубов“ (11:91).
Во една изрека на Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), Бог вели дека Мојата милост преовладува над мојот гнев. Кур’анот исто така вели: „Господарот ваш се задолжи Себеси со милост“, па кој од вас направи зло од незнаење, и се покае после тоа и се подобри, тогаш Он најмногу проштава (и) милостив е“ (6:55). Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), рекол дека Бог е толку задоволен од покајанието на слугата што толку не е задоволен дури ни човекот кога ќе ја најде својата натоварена камила, која ја изгубил среде пустина. Тој исто така рекол дека оној кој искрено се кае за својот грев е како да не направил никаков грев. Пратеникот (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), рекол: „Аллах ќе ги помилува оние кои се смилуваат и си простуваат еден на друг. Затоа, помилувај ги жителите на земјата, за да имаш милост од Него на небото“. Според Кур’анот, „Навистина, Аллах никому нема да направи неправда (дури) ниту тежина на едно зрно. И ако има било какво добро, Он го зголемува, и од Себе дава голема награда“ (4:41).
Бог стои надвор од физичките или материјалните граници и „не постои никој налик на Него“ (42:12). Да имал облик или форма, не можел да биде Сеприсутен. Очите не допираат до Него, но Он допира до очите. Тој е Мудриот, Сезнајниот. Тој е насекаде со Своето знаење и ги знае скриените работи на срцето. Тој е со вас, каде и да сте. Аллах добро гледа што правите (57:5). Кур’анот вели: На Аллах му припаѓаат и истокот и западот; затоа, каде и да се свртите, таму ќе го најдете Аллаховиот одблесок. Сигурно е Аллах Дарител на зголемувањето (и) он се знае … Нему му припаѓа сè што е на небесата и на земјата. Нему сè му се покорува (2:116-117).
Еден од Божјите атрибути е Ар-Рабб што значи дека Он не само што создава нешто, туку го доведува до неговото совршенство. Он е Ал-Кајјум, што значи дека Он е Самоодржлив и се грижи за Своето создание, го одржува и ги поддржува неговите потреби. „Аллах е Создател на сè и Он е заштитник на сè“ (39:63). „На Земјата нема суштество да се движи, освен ако Аллах не му ги дал средствата за живот“ (11:7).
Должноста на верникот
Исламот бара од верникот да има целосна послушност кон Бога и да му се покорува само Нему. Целта на создавањето на човекот е да се поклонува на Бога, односно да биде благодарен и да ги стекне Неговите својства. Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), рекол: Прифатете ги Божјите особини. Верата е длабоко вградена во срцето и го докажува своето присуство преку делата. Благодарноста и послушноста кон Бога бараат од верникот да остане непоколеблив во секоја тешкотија и да ги полага сите надежи на Својот Семоќен Создател. Кур’анот кажува дека секогаш кога ќе се појави тешкотија за верниците, тие велат: „На Аллах му припаѓаме и кај Него ќе се вратиме.“ Верникот секогаш треба да се труди да прави добри дела и да биде извор на добрина за другите луѓе.
Хазрети Мирза Гулам Ахмад, Ветениот Месија а.с., напишал:
„Нашиот Господ е Оној, што живее и сега како што живеел порано; Зборува и сега, како што зборувал и порано; Слуша сега, како што слушал и порано. Погрешна мисла е кога се вели дека сега слуша, но не зборува. Навистина, Он и слуша и зборува. Сите Негови својства се вечни и бесмртни. Ниту еден од неговите атрибути не е укинат, ниту пак некогаш ќе биде укинат. Он е Сам кој нема ниту син ниту жена; Неспоредливиот што нема друг како Него; Единствениот што ниту едно од неговите својства не може да ги поседува никој друг освен Него; Единствен што никој човек не е рамен со Него ниту е сличен по квалитети со Него; Единствен чијашто моќ не се намалува; Он е блиску, иако е далеку; Он е далеку, иако е блиску.
…Он е збир на сите совршени атрибути; Приказ на сите вистински пофалби; Извор на сета добрина; Собирач на сите сили; Давател на сите благослови, на Кого сè се враќа; Он е Цар на секое царство; Содржина на секое совршенство; Чист од секоја дамка и слабост; Единствен што има право жителите на Земјата и небото само Нему да Му се поклонуваат и никого со Него да не го поврзуваат.
[Мирза Гулам Ахмад, книга: Тестаментот]