Претскажувањето за Ветениот син – Ветениот Реформатор – Муслех Мауд
По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече:
„На 20-ти февруари се обележува претскажувањето на Ветениот Месија а.с. во врска со Ветениот син. На денешната хутба ќе се посветам на еден аспект од претскажувањето, а тоа е дека ’ тој ќе биде исполнет со световното и духовното знаење‘.“
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека, што се однесува до формалното образование, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. не било нарочно големо бидејќи завршил само основно образование. Меѓутоа, неговите академски достигнувања биле толку големи што е потребна читава серија на хутби за да донекаде се опишат таквите достигнувања.
Иако овие достигнувања не можат да се покријат со една хутба тој ќе се задржи на воведот во исполнувањето на овој аспект на претскажувањето.
Хазрети Халифа-тул Месих V рее дека ги земал примерите од разни говори, записи и дела на хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. од времето на неговата малдост, бидејќи во тоа време почнал да ги покажува своите извонредни академски способности.
Сфаќањето на љубовта кон Бог
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во март 1907 година, кога имал само 18 години, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. напишал колумна на тема која се однесувала на љубовта спрема Бог. Тоа покажува дека Семоќниот Аллах таа свест му ја всадил уште од мали нозе. Тој ги споредил различните поими за Бог во различни религии и со тоа покажал дека Бог, кој го претставуваат другите религии, е нецелосен, додека, погледот на Бог кој го претставува исламот е единствен, целосен и сеопфатен, кој на човекот му ја овозможува вистинската љубов спрема Бог.
Рекол дека само Бог претставен во исламот е Тој што денес го води човештвото преку објавите. Тој рекол дека теба да му се молиме на Бог, Он не договара веднаш, туку човекот го става на искушение после што ги отвора своите врати на Божјата милост, и тој кој се моли ужива во убавината на молитвата.
Знаењето за постигнувањето на вистинскиот успех
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во декември 1908 година хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а., кога имал 19 години, одржал говор на Џалса Салан во Кадијана на тема, ’постигнувањето на вистинскиот успех‘. Рекол, како мораме да сфатиме дека во идниот свет постои вечен живот. Поставил прашање зошто луѓето ги преземаат сите мерки на претпазливост за привремениот живот во овој свет, и зарем не би требало повеќе да се подготвиме за животот кој вечно ќе трае?
Рекол дека сите со работата тежнеаат за успех на овој свет, но постои друг вид на трговија која можеби нема да даде плод на овој свет, но сигурно ќе донесе плод на идниот свет.
За да бидеме успешни во овој вид на трговија, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. навел неколку важни принципи до кои мораме да се придржуваме.
- Секогаш да бараме проштевање за своите гревови.
- Секогаш да обрнуваме внимание на обожавањето.
- Секогаш да му бидеме благодарни на Бога.
- Секогаш да правиме и да поттикнуваме на добро.
- Секогаш да внимаваме на границите кои Бог ги воспоставил.
Следејќи ги овие чекори, како што кажал, можеме да постигнеме вистински успех.
Аллаховиот Зикр
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во 1916 година на Џалса Салана, две години откако станал Халифа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. одржал говор во врска со Аллаховиот Зикр. Тој рекол дека постојат четири вида на Зикр:
- Клањањето на намаз.
- Учењето на Чесниот Кур’ан.
- Објавувањето и објаснувањето на другите на Божјите својства.
- Размислувањето во самотија за Божјите својства.
Укажал на преку десет начини на кои можеме да станеме редовни во клањањето на нафила намаз, дваесетина начини на кои може да се стане редовен во намаз и десетина благослови кои ги носи Аллаховиот зикр.
Свесноста на Аллаховите атрибути
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во октомври 1919 година хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. одржал говор во Патиала, на тема на Аллаховите атрибути, ’Господарот на сите светови‘, познат и како општа Божја милост која се однесува на сите нешта и на сите луѓе. Во вој говор објаснил како Семоќниот Аллах овозможил средства за подобрување и напредокот на душата и нечија духовност. Тој објаснил дека под овој благослов бил пратен Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да го просветли светот, а пота бил испратен Ветениот Месија а.с. за да ја оживее истата порака.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека одржал уште едно предавање во 1919 година на тема ’Почеток на несогласувањата во исламот‘. Во ова предавање, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. рекол дека несогласувањето во исламот започнало по петнаесетина години по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и противниците на исламот тоа го наведуваат како црна дамка во исламот.
Хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. рекол дека сака да ги отстрани таквите лажни обвиненија и раскажал за сите случки и за нивната позадина, разјаснувајќи ги заблудите, како што е мислењето дека несогласувањето настанало поради првите асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Темелно ги објаснил настаните кои се случиле и главните заговорници за несогласувањето, каков што бил Абдуллах бин Саба и останатите противници и лицемери.
Меѓутоа, без оглед на противењето, хазрети Осман р.а. и други рани асхаби останале непоколебливи во учењето на исламот и покажале добрина дури и кон неистомислениците.
Хазрети Халифа-тул Месих V ги истакна научните коментари на зналците и историчарите кои не се Ахмади муслимани откако го слушнале ова предавање или ја прочитале објавената верзија. Познат историчар рекол дека никогаш не се сретнал со толку детално и добро истражено дело за исламската историја.
Разбирањето на Божјата одредба
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во 1919 година одржал уште еден говор на тема ’Божјата одредба‘.
Хазрети Халифа-тул Месих V истакна дека тоа е тешка тема за разбирање, меѓутоа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. ја претставил на најдобар начин.
Во врска со тоа, Халифатул Месих IV р.х. рекол дека на Џалса Салана говорот го држел пред учени и образовани луѓе, како и пред оние кои не биле образовани, и темата ја обработил така што и едните и другите можеле да ја разберат, и дека тоа бил голем успех.
Отстранил многу заблуди во врска со Божјите одредби и темата ја објаснил со обемни докази и објаснувања.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека тоа е нешто за кое многу се прашува и затоа би требало да се прочита таа книга.
Совети на муслиманските нации
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. одржал и предавање на тема ’Турскиот говор и идното однесување на муслиманите‘.
По првата светска војна, договорите со муслиманските земји биле неправедни и осакатени. Така, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. дал добри совети и насоки како муслиманските земји, како што е Турција, треба да се однесуваат во иднина.
Тој ги истакнал негативните аспекти од договорите кои Турција ги потпишала и предложил како муслиманите да ги избегнат штетните последици од договорот. Понатаму, разјаснил како муслиманите можат да напредуваат во светот.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека начинот на однесувањето на западните земји кон муслиманските е исто на сегашното однесување. Хузур а.т.б.а. рече дека начинот на кој хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. ги давал упатствата и советите укажува дека Божјата помош била со него.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во 1920 година хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. одржал дводневен говор на тема ’Аллаховите мелеки‘.
Иако и ова е тешка тема, тој ја претставил лесно и разбирливо. Го објансил постојањето на мелеките, нивната цел, нивната работа, како и начинитие на воспоставување врска со нив.
Потребата за религија
Хазрети Халифа-тул Месих V рече во март 1921 година хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. одржал говор на тема ’Потребата за религија‘.
Тој се осврнал на теми, како што е тврдењето дека повеќе не постои потреба за религија, дека има и такви од другите религии кои претскажуваат дека успехот на Ветениот Месија а.с. не е показател на неговата вистинитост, бидејќи и Ленин во Русија бил успешен. Одговорил на сите забелешки, наведувајќи дека потребата за религија се темели на постоењето на Бог и Неговиот разаговор со луѓето, а во ова доба никој повеќе не разговарал со Бо,г освен Ветениот Месија а.с.. Во поглед на тие кои тврдат дека добиваат објави рекол дека нивните тврдења се темелат исклучиво на нивното знаење и имаат елемнт на погодување.
Конечно, што се донесува до успехот на Ветениот Месија а.с. тој бил претскажан и пред да се случи.
Хазрети Халифа-тул Месих V зборуваше за уште едно дело на хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. а тоа е ’Постоењето на Бог‘. Во него тој детално го објаснил концептот на Бог; го претставил концептот на Бог и во другите религии и цврсто го докажал постоењето на Бог.
Подарокот на принцот од Велс
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека втората книга која ја напишал хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. е „Подарокот на принцот од Велс“ која му била пратена на Едвард VIII. Во неа ја пренел вистинската порака на исламот и го повикал да ја прифати. Принцот од Велс ја примил книгата и испратил благодарница до хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а..
Другите, кои не биле Ахмади муслимани ги изнеле своите ставови за оваа книга која исклучително ја почитувале и го пофалиле фактот што хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. ја презел должноста вистинската порака на исламот да му ја претстави на тогашниот монарх.
Покана кон светот во вистинскиот ислам
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. напишал и книга под името „Ахмадијат: Правиот ислам“.
Кратка содржина на оваа книга е прочитана на конференцијата во Вембли, 1924 година. Книгата содржела такви сјајни идеји што дури и христијански свештеници потврдиле дека до тогаш не се сретнале со такви погледи. Во оваа книга појаснил дека Ахмадијатот и исламот се едно исто.
Исто така, покривајќи многу теми го утврдил односот кој луѓето треба да го имаат со Бог. Ја појаснил и заблудата дека муслиманите мора да ги напуштаат сите светски средства и можности. Рекол дека вистинскиот муслиман треба да ги користи сите расположиви средства и откако ќе ги искористи сите од Бога дадени подароци, остатокот треба да го препушти на Семоќниот Бог. Понатаму, покажал дека исламското учење за воспоставување на висок морал немаат равен во ниту едно друго учење.
Тој посочил како луѓето меѓусебно треба да комуницираат во општеството и објаснил како глобалните тензии помеѓу земјите можат да се решат преку учењето на Чесниот Кур’ан.
На крај, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. го повикал светот да го прифати Ахмадијатот.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека овие примери се од животот на хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. додека сè уште бил млад. Иако немал никакво формално образование, според Божјото ветување, бил исполнет со световно и духовно знаење.
Хузур а.т.б.а. рече дека ова не покрива ниту стоти дел од она што хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. направил и постигнал.
Хазрети Халифа-тул Месих V се молеше Аллахџ.ш. да продолжи да го воздигнува неговиот статус во Џеннетот.
Хазрети Халифа-тул Месих V повторно упати апел за молитви за Ахмади муслиманите кои живеат во Пакистан. Тој се молел Аллах џ.ш. да ги расипе интриги на сите противници.