Скромен човек со доблесни дела – Чаудхру Хамеедуллах
По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе зборува за големиот слуга на Заедницата, Чаудхру Хамеедуллах сахиб, кој починал на 07. февруари 2021 година.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека тој бил Вакил-А’ла Тахрик-е- Џадид во Рабва и многу долго долго време служел како Афсар на Џалса Салана.
Родителите на Чаудхру Хамеедуллах сахиб
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека името не таткото на Чаудхру сахиб било Бабу Мухаммад Бакшх сахиб, а името на мајката било Аиша Биби сахиба.
Чаудхру сахиб бил роден во 1934 година во Кадијана. Неговиот татко Ахмадијатот го прифатил пет години пред раѓањето на Чаудхру сахиб, кога сонувал како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредува да го прифати Ахмадијатот.
Кога Вториот Халифа р.х. упатил апел луѓето да го дадат животот во служба на верата, мајката на Чаудхру сахиб го однела кај Вториот Халифа р.х. и го претставила како доживотен слуга на Џемаатот. Потоа, Вториот Халифа р.х. дал одредени упатства во врска со неговото идно образование.
Образованието и почетокот на неговата служба во Заедницата
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека Чаудхру сахиб предавал на Талимул Ислам колеџот во Рабва, а по упатството на Третиот Халифа р.х. го напуштил колеџот и дошол во служба на Заедницата.
Тогаш, Третиот Халифа р.х., го именувал за Назир Зијафат.
Четвртиот Халифа р.х. го поставил за Вакил-и-А’ла Тахрик-е-Џадид на Рабва.
Подоцна е поставен за Садр Меџлис Тахрик-е-Џадид. Сè до својата смрт служел во овие одбори.
Исто така, во времето на Третиот Халифа р.х. некое време служел како Амир Муками.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека Чаудхру сахиб ја имал честа да служи како претседател на Асоцијација на муслиманската младина во време кога седиштето за целиот свет на Асоцијацијата на младината била во Рабва.
Хазрети Халифа-тул Месих V ги прочита зборовите на Третиот Халифа р.х., кои тој ги кажал во времето на именувањето на Чаудхру сахиб за претседател на Здружението на младите, каде ја истакнал важноста на служењето со вистинскиот дух, било некој родбински или духовно да потекнува од потомството на Ветениот Месија а.с..
Тие зборови му биле упатени на Чаудхру сахиб. Значи, кога и да работникот на Заедницата, или членот на семејството на Ветениот Месија а.с. го даде животот во служба на Џемаатот, би требало да се размисли за овие зборови и да му се помоли на Аллах џ.ш. да го воздигне статусот на Чаудхру Хамеедуллах сахиб.
Хазрети Халифа-тул Месих V го прочита извештајот од програмата одржана по завршувањето на мандатот на Чаудхру сахиб како претседател на Здружението на младите, во кој се истакнати неговите различни достигнувања во тоа време.
Третиот Халифа р.х., исто така, ја водел таа програма во која исклучително ги оценил напорите кои Чаудхру сахиб ги вложил во текот на својот мандат додека бил претседател, и се молел тој и во иднина да биде способен да служи и во други својства.
Служба по миграцијата во Лондон
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека по миграцијата на Четвртиот Халифа р.х. во Лондон, по неговите упатства Чаудхру сахиб пребивал во Лондон повеќе од година дена, каде одиграл витална улога во воспоставување на централните канцеларии во Лондон. Чаудхру сахиб, воедно, бил и претседател на Здружение на старите, и тоа седумнаесет години.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека по смртта на Четвртиот Халифа р.х. Чаудхру Хамиидуллах сахиб ја имал честа да биде претседател на Одборот за избор на Халифа.
Исто така, во 2005-та година бил именуван за претседател во одбор за Хилафет јубилеј.
Исто така, Хузур а.т.б.а. ги истакнал и најразличните улоги на Чаудхру сахиб во врска со Џалса Салана.
Хазрети Халифа-тул Месих V ги прочита коментарите на Четвртиот Халифа р.х. во врска со Чаудхру сахиб и со неговите големи напори во организација на Џалса Салана во Кадијана.
Примерот на Чаудхру сахиб како маж и татко
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека зад Чаудхру Хамиидуллах сахиб останала негова сопруга, син и две ќерки. Тој ги прочита коментарите на сопругата на Чаудхру сахиб за одличното однесување кон неа.
Таа Ккжала дека често доцна се враќал од работа но никогаш не ја вознемирил, и всушност самиот ја греел вечерата и јадел. Рекла дека не бирал храна ниту облека, сè јадел и сè носел. Исто така, кажала дека бил многу грижлив и хазрети Халифа-тул Месих V дал коментар дека кога сите би се однесувале на овој начин, повеќето семејни проблеми автоматски би се решиле.
Неговите деца кажале дека тој, не само што им бил татко, туку, им бил и пријател. Секогаш истакнувал две работи: клањањето на петте дневни намази и слушањето на хутби од хазрети Хазрети Халифа-тул Месих V.
Примерите на Чаудхру сахиб од работата
Хазрети Халифа-тул Месих V ги прочита коментарите од луѓето кои работеле со Чаудхру сахиб и од тие на кои им бил надреден. Колегите во коментарите го истакнале извонредниот начин на кој Чаудхру сахиб некогаш работел, како и грижата за деталите кои тој ги уважувал пред донесувањето на некоја одлука, како и љубезноста која ја имал кон сите.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека, понекогаш, од членовите на одборот во Рабва побарувал да патуваат низ Пакистан и да го пренесуваат неговиот селам (поздравот на мирот) на Ахмадија семејствата. Така, и Чаудхру сахиб одел на вакви патувања, а понекогаш и во такви области во кои автомобилите не оделе и тогаш домовите ги обиколувал пешки.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека и самиот Чаудхру сахиб на одличен начин ги обучувал луѓе кои животот го посветиле на служба во Џемаатот. Халифатул Месих рекол дека од време на време луѓето кои животот го дале во служба на Џемаатот ги праќал кај Чаудхру сахиб и барал од него да ги обучува.
Еден од советите на Чаудхру сахиб бил и тој дека Третиот Халифа р.х. истакнувал оти ако некој некогаш во својот личен живот има тешкотии треба повеќе време да одвои за служба во Заедницата.
Чаудхру сахиб покажал голема послушноста кон Халифатот. Кога и да добил напаствија од Хазрети Халифа-тул Месих V секогаш ги применувал. Понекогаш, ги добивал и во текот на ноќта и без оглед на времето беспрекорно ги извршувал.
Понизноста на Чаудхру сахиб
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека Чаудхру сахиб бил многу скромен човек. Еднаш, отишол во Лангар (јавната кујна на Ветениот Месија а.с.) рекол дека само што заминал од еден состанок а веќе брза на друг, и прашал дали има нешто што би можел на брзина да јаде. Иако му подгреале нешто храна, кога ја однеле виделе дека тој земал од остатоците по масите, тоа го изел и заминал плашејќи се дека чекајќи ја другата храна би можел да задоцни на следниот состанок.
Примерната послушност на Чаудхру сахиб
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека постојат многу работи кои би можеле да се спомнат во врска со Чаудхру Хамиидуллах сахиб, но, поради недостаток на време спомнал само неколку. Меѓутоа, во сè што е речено нема претерување.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека тој лично соработувал со Чаудхру сахиб и многу работи научил од него.
Кога хазрети Халифа-тул Месих V бил поставен да служи како Назир-и-А’ла, Чаудхру сахиб спрема него се однесувал со голема почит.
Кога пак Хазрети Халифа-тул Месих V станал Халифа, Чаудхру сахиб се однесувал со почит и потполна послушност.
Хазрети Халифа-тул Месих V се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус на Ахиретот.
Хазрети Халифа-тул Месих V, повторно, на Заедницата и упати апел за молби паради состојбата со која се соочуваат Ахмади муслиманите во Пакистан.
Мерки на претпазливост во врска со корона вирусот
Хазрети Халифа-тул Месих V им рече на членовите на Заедницата стриктно да се придржуваат на мерките на претпазливост во врска со пандемијата на корона вирусот.
Хузур а.т.б.а. рече дека треба правилно да се носат маските, при што и носот да биде покриен и да не се носат околу вратот бидејќи од тоа нема корист.
Исто така, Хузур а.т.б.а. рече дека мора строго да се придржуваат до социјалното дистанцирање, бидејќи, во спротивно, вирусот ќе продолжи да се шири, и секако, непотребните патувања треба да се избегнуваат.
Хазрети Халифа-тул Месих V се молеше вирусот што попрво да се искорени и Аллах џ.ш. да ги излечи сите Ахмади муслимани, а и за сите оние кои не се Ахмади муслимани се разболени од овој вирус.
Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека по џума намаз ќе клања џеназа во отсуство за Чаудхру Хамиидуллах сахиб.