Хазрети Омер р.а. II – Лидер на муслиманите
По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..
Историски контекст на освојувањето
Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) ги наведе цитатите од историчарот Аллама Шибли Ну’маниј кој дал различни коментари за освојувањето и исламското владеење во добата на хазрети Омер р.а..
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е важно да се знае историскиот контекст на овие освојувања за истите подобро да се разберат.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе некои западни историчари кои изнеле различни аспекти на персиското и визнатијското владеење, поради што на крајот било неизбежно да паднат пред муслиманите. Историчарите рекле дека постоела секта која не била прифатена од владата, но продолжила да расте. Тие сакале да воспоставаат еднакви права за сите, вклучувајќи ги и жените. Кога сфатиле дека муслиманите се праведни, и дека на сите им е гарантирана слободата, тие им станале следбеници.
И меѓу христијаните постоела една секта која муслиманите ги гледала како поддршка, па така муслиманите имале поддршка од две големи секти.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по смртта на Кхосрое Первез станало тешко да се најде способна личност која би го водела Персиското царство. Дошло до многу промени во владеењето кои, исто така, играле улога во слабеењето на Персија. Понатаму, Византијците ја напаѓале персиската држава и тоа довело до нивното опаѓање.
Наспроти тоа, на Персијците не им недостасувале средства, посебно средства кои се потребни за војна. Биле добро облечени во оклопите и на располагање имале различно оружје. Арапите, од друга страна, биле лошо опремени и тоа што го имале било направено од кожа, за разлика од железните оклопи на Персијците.
Зошто муслиманите можеле да ги победат другите царства
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, што се однесува до прашањата на кој начин муслиманите успеале да ги срушат таквите царства, Аллахам Шибли Ну’мани вели дека главниот фактор била истрајноста и упорноста која на муслиманите им ја влеал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а потоа ја продолжил хазрети Омер р.а..
Муслиманите биле поштени и искрени, што и другите вери ги свртувало во корист и поддршка на муслиманите.
Понатаму, овие царства, чии водачи биле вкоренети во неправда, никогаш не можеле да се натпреваруваат со муслиманите на кои хазрети Омер р.а. им наредил дека никогаш не смеат да убијат невини, дури ни дрвјата од спротивната страна не смеаат да ги исечат.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, што се однесува до оние кои велат како во историјата постојат и други слични на хазрети Омер р.а. кои постигнале такви победи, треба да се потсетат дека не постои друг пример за сочувство и простување кое го покажал хазрети Омер р.а. и по освојувањето на двете големи царства. Едно од најголемите сведоштва за водството на хазрети Омер р.а. е дека земјите кои ги освоил и денес се исламски земји.
Големото лидерство на хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму го цитирал Аллама Шибли Ну’мани кој во освојувањата го истакнал големото лидерство на хазрети Омер р.а.. Тој рекол дека успехот на војската може да биде од вистинска корист само ако ја води некој со иста жар. Така, муслиманската војска секогаш била подготвена да го следи хазрети Омер р.а. и да следи сè што им кажувал.
Уште поголем доказ е фактот што хазрети Омер р.а. никогаш не бил присутен во текот на овие освојувања, но сè што се случувало не било без неговото одобрување и неговите упатства. Така, и од далеку хазрети Омер р.а. соодветно ја водел муслиманската војска до големите победи, а истовремено ги одржувал највисоките стандарди на праведноста.
Деталите во врска со смртта на хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе некои хадиси во кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја најавил смртта на хазрети Омер р.а.. Хазрети Омер р.а. се молел да биде убиен на Аллаховиот пат и тоа да се случи во земјата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. зборувал за оваа желба на хазрети Омер р.а. и објаснил на кој степен тој се наоѓал, бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека, ако требало да постои пратеник, веднаш по него тоа би бил хазрети Омер р.а..
Тој бил човек кој поради својата несебичност и жртвување го фалеле историчарите, па дури и противниците. Хазрети Омер р.а. поради својата љубов и одаденост се молел да стане шехид во земјата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Иако изгледало дека неверниците не можат да се инфилтрираат во Медина и да овозможат хазрети Омер р.а. да стане шехид, Аллах џ.ш. тоа го направил и молбата на хазрети Омер р.а. била прифатена.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе сништата кои некои ги сонувале, како и асхабите, и тие сонови укажувале дека хазрети Омер р.а. ќе стане шехид.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа рече дека хазрети Омер р.а. бил нападнат во среда, на 26-ти Зул Хиџџа во 23-та година после Хиџра. Слениот ден починал. Потоа, бил погребан на 1-ви Мухаррем во 24-та година после Хиџра.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека меѓу историчарите нема согласување околу датата на овие настани.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., во врска со смртта на хазрети Омер р.а., рече дека тој водел намаз кога бил нападнат со нож и бил ранет. Додека напаѓачот бегал напаѓале и други, и така биле убиени уште седум луѓе. Тој бил фатен и знаејќи каква судбина го чека се самоубил.
Потоа, хазрети Омер р.а. бил известен кој е неговиот нападач – т.е. робот на Мугхира. Хазрети Омер р.а. му се заблагодарил на Аллах џ.ш. бидејќи неговиот напаѓач не бил муслиман. Хазрети Омер р.а. тогаш бил одведен во неговата куќа.
Хазрети Омер р.а. се обидувал да земе напиток, но, кога и да направил такво нешто тоа му излегувало преку раната и муслиманите сфатиле дека смртта му се доближува. И хазрети Омер р.а. тоа го сфатил и пратил порака на хазрети Ајша р.а. со барање да го погребат покрај двајца негови пријатели, т.е., покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Абу Бакр р.а.. Таа кажала дека тоа место го чувала за себе, меѓутоа, сепак се согласила тој таму да биде погребан.
Хазрети Омер р.а. требало да напише тестамент и да го именува следниот Халифа. Хазрети Омер р.а. ги дал имињата на оние со кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил задоволен и рекол дека следниот Халифа треба да биде еден од нив.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Омер р.а. починал, бил погребан според неговата желба. После тоа, се собрале луѓе кои хазрети Омер р.а. ги именувал и биле одржани избори за следниот Халифа.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за оваа тема ќе продолжи да зборува во следната хутба.
Почеток на Џалса Салана во Германија
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека денес е прв ден на Џалса Салана во Германија. Тој се молеше во секој поглед Аллах џ.ш. да ја благослови оваа Џалса Салана и германските Ахмади муслимани да имаат корист од неа. Оваа година Џалса Салана е дводневна и хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека утре ќе одржи завршен говор на Џалса Салана во Германија.
Џенази
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по џума намаз ќе предводи џенази во отсуство на неколку членови од Џемаатот.
Камруддин сахиб
Камруддин сахиб, мисионер од Индонезија, неодамна починал.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Пребивал во Пакистан за да се стекне со верско образование. Чесниот Кур’ан го учел со мелодичен глас. Многу бил послушен кон Халифатот, со сите се однесувал со почит и на сите им наредил да бидат лојални на Заедницата. И во текот на болеста бил редовен во клањањето на тахаџуд намаз. Секогаш ги учел ајетите од Чесниот Кур’ан.
Тој превел некои книги од Ветениот Месија а.с. и сакал да ја рецитира арапската поезија која Ветениот Месија а.с. му ја напишал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да биде милостив со него, да му прости и да го воздигне неговиот статус.
Сабиха Хароон
Сабиха Хароон, сопруга на рахметли Султан Хароон.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Нејзиниот татко Ахмадијатот го прифатил во времето на хазрети Халифа-тул Месих II р.а..
Таа имала три сина и три ќерки. Еден од нејзините синови е зетот на Халифа-тул Месих IV р.х. Нејзиното прво дете починало многу младо, по што Халифа-тул Месих III ја уверил дека Аллах џ.ш. ќе и подари уште еден прекрасен син.
Била многу побожна, ја сакала Заедницата и била исклучително верна на Халифатот. Секогаш луѓето ги советувала да не зборуваат на другите зад грб, проштевала, дури и се молела Аллах џ.ш. да ги упати луѓето кои го нападнале нејзиниот маж. Тајно делела милостина.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да биде милостив кон неа, а на нејзините деца да им овозможи да продолжат со нејзините добри дела.