In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Луѓе со исклучителни особини – Хазрети Омер ибн Ал-Хаттаб р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Воспоставување на Кадха (судот)

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека хазрети Омер р.а,. исто така ја покренал Кадха (арбитража). Првосудниот систем бил воспоставен во секој регион, каде се именувале кадии (судии).

Хазрети Омер р.а. советувал дека на правдата секогаш треба да и се даде предност.

Еднаш, имало спор помеѓу хазрети Омер р.а. и Убејја бин Ка’ба р.а.. Работата дошла пред судот. Кога хазрети Омер р.а. влегол, судијата му го отстапил своето место. Хазрети Омер р.а. му кажал дека тоа е неправедно и седнал до Убејја бин Ка’ба р.а. за да покаже дека кон него треба да се однесува еднакво.

Воспоставување на ифа систем (издавање на уредби)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а., исто така, покренал систем на ифта (уредба). Луѓето кои го познавале шеријатот (исламски закон) биле именувани за донесување на одлуки и издавање на едикти. Хазрети Омер р.а. се потрудил само именуваните да ги издаваат едиктите за да се избегнат забуните и лажните информации.

Воспоставување на полициски систем

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. оформил полициски систем. Тоа требало да ја овозможи сигурноста на сите граѓани и почитта кон законот и правилата.

Хазрети Омер р.а., исто така, оформил затвори кои порано не постоеле.

Основање на трезор

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. оформил ризница.

Пред ерата на хазрети Омер р.а. секое примено богатство веднаш се распределувало. Во добата на хазрети Омер р.а., бил добиен голем износ од Бахреин, а по консултирањето со советниците било решено  да се воспостави ризница за на сигурно да се чуваат толку големи износи на богатство. После тоа, овој систем на поседување на благајна бил воспоставен и во сите останати провинции.

Хазрети Омер р.а. изградил големи згради за ризници, а надвор од нив стоеле стражари.

Неговата Светост, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш хазрети Осман р.а. на улица видел човек кој шетал по голема горештина. Кога човекот се доближил, сфатил дека тоа е водачот на верниците, хазрети Омер р.а.. Хазрети Осман р.а. го прашал зошто, по таква горештина, шета надвор? Хазрети Омер р.а. одговорил дека од ризницата избегала камила и тој излегол да ја бара.

Преземените иницијативи за подобро на луѓето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. преземал разни иницијативи за доброто на сите луѓе.

На пример, воспоставил систем на водоводи за да сите луѓе имаат пристап до вода.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а., исто така, градел згради како што се, џамии, зграда на судство, касарни, разни канцеларии, куќи за гости, хотели, итн.

Исто така, воспоставил сигурносни пунктови околу Медина за осигурување на безбедноста на местото.

Основање на организирана војска

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. формално ја воспоставил и организирал војската. Тој, војската ја поделил на два дела: на оние кои оделе во војна и на оние кои преставувале доброволци. Хазрети Омер р.а. се потрудил сите војници да бидат подвргнати на морално воспитание. Хазрети Омер р.а. донел наредба ниту еден војник да не оди во освоено подрачје како работник, бидејќи тоа ќе му ја намали војничката вештина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и денес гледаме дека луѓето во војската секогаш сакаат да работат во подрачја каде постојат одбрамбени колонии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. се погрижил секој војник да биде вешт во пливањето, стрелањето и да може да трчи бос. Тој ги научил војниците дека коњите не смеат да ги јаваат со нозете во узенгии на седлото за да можат лесно да скокнат во битката. Војниците добивале отсуство на секои четири месеци за да го посетат семејството.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во добата на хазрети Омер р.а. дури и тие кои не биле муслимани, или не биле Арапи, биле именуване на високи положби. Постојат извештаии од кои можеме да видиме дека луѓе од најразлично потекло биле именувани на високи чинови во војската.

Хузур а.т.б.а. рече дека овие денови пакистанската влада на Ахмади муслиманите не им дозволува да бидат дел од војската, иако Ахмади муслиманите, кои биле офицери, во текот на историјата поднеле најголеми жртви за Пакистан.

Систем на контрола на пазарни  цени

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. направил контрола на пазарните цени и се погрижил цената на робата не стане пониска, бидејќи тоа би можело да ги поткопа останатите продавачи.

Еднаш, хазрети Омер р.а. шетал по улицата кога здогледал некого кој продавал суво грозје по многу ниска цена, за разлика од другите кои тоа не можеле да си го дозволат. Хазрети Омер р.а. му наредил робата да ја отстрани од пазарот, или да ја продава по слична цена која ја имале останати добавувачи од Медина, цена која била соодветна и разумна.

Хазрети Омерово р.а. посветил големо внимание на образованието. Во сите провинции биле основани училишта каде образованите луѓе биле поставувани за учителите и им била одредена плата за таа работа.

Воспоставување на календарот по Хиџра

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека формалниот календар по Хиџра бил воспоставен во доба на хазрети Омер р.а.. Асхабите почнале да ги бележат датите од времето на преселбата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Подоцна, хазрети Омер почувствувал потреба за забележување на датите. Некој му кажал на хазрети Омер р.а. дека во Јемен видел луѓе кои датата ја бележат според годината и месецот. Хазрети Омер р.а. рекол дека тоа и тие треба да го применат.

Постојат различни преданија кои покажуваат дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во одредени прилики ги бележил датите. Меѓутоа, во добата на хазрети Омер р.а. бил воспоставен службен календар по Хиџра. Било решено календарот да започне од времето на преселбата, бидејќи останатите дати, како што е раѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., или датата кога станал Пратеник не биле потполно јасни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму рече дека исламските парички, исто така, биле направени во добата на хазрети Омер р.а.. На нив биле гравирани нешта како што се Алхамдулиллах (секоја пофалба му припаѓа на Аллах), и Мухамед Ресоолуллах (Мухаммед с.а., Аллаховиот Пратеник).

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во наредните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предводи џеназа во отсуство на неколку починати членови на Џемаатот.

Сарпито Хади сахиб

Сарпито Хади сахиб, од Индонезија, кој починал минатиот месец. Ахмадијатот го прифатил кога имал 21 година.

Зад него останала сопруга и осум деца, од кои едното служи како мисионер.

Заедницата ја служел во најразлични својства. Бил страсен во ширењето на пораката на исламот на Ахмадијатот. Со сите однесувал со голема почит. Имал желба до последен здив да работи на ширењето на исламот.

Хузур а.т.б.с. се молел Аллах џ.ш. да му прости, да му ја подари Неговата милост и да го воздигне неговото место во Џеннетот.

Чаудхари Башир Ахмад Бхатти сахиб

Чаудхари Башир Ахмад Бхатти сахиб починал минатиот месец. Неговиот син служи како мисионер во Танзанија. Бил чесна личност и бил редовен во молитвата и постот. Од раното детство одел на Џалса Салана (годишна конвенција) во Кадијана. Бил храбар Ахмад и со противењето против Ахмади муслиманите се соочил со голема храброст.

Зад него останале две ќерки и пет сина.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ја крене неговата позиција во Џеннетот и на неговите деца да им овозможи да продолжат со неговите доблести.

Неговата Светост, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на неговиот син да му додели трпение, бидејќи тој не можел да учествува во џеназата затоа што бил на должност.

Хамеедуллах Кхадим малхи сахиб

Хамеедуллах Кхадим малхи сахиб, од Рабва, бил внук на асхаб на Ветениот Месија а.с.. Бил чесна личност која редовно клањала и постела. Бил многу храбар Ахмади муслиман. Еден од неговите синови служи како Вакф-е-Зиндаги.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости.

Мухаммад Али Кхан сахиб

Мухаммад Али Кхан сахиб, од Пешевар, починал во 89-та година од животот. Осмина од своето богатство го донирал на Заедницата.

Зад него останале три ќерки и седум сина.

Ахмадијатот го прифатил во времето на Вториот Халифа р.а. и од тогаш му останал посветен на Ахмадијатот. На Заедницата и служел во најразлични својства. Го сакал Ченсиот Кур’ан и ги проучувал книгите на Ветениот Месија а.с.. Бил многу чесна личност и финансиски ги подржувал сите оние на кои им била потребна помош. Неговите роднини се обидувале да го убедат да го напушти Ахмадијатот, но без успех. На крајот, роднините го напуштиле, но тој сепак му останал верен на Ахмадијатот.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости, да му ја подари Неговата милост и да го воздигне неговиот степен на Џеннетот.

Сахибзада Махди Латиф сахиб

Сахибзада Махди Латиф сахиб, од Соединетите Американски Држави бил внук на Сахибзада Абдул Латиф шехид. Тој ги проучувал книгите на Ветениот Месија а.с.. Бил редовен во извршувањето на доброволниот намаз. Тој многу го сакал Халифатот. Бил скромен и имал голема страст за ширењето на верата.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости, да му ја подари Неговата милост и да ја воздигне неговата позиција во Џеннетот.

Фаизан ахмад Самир сахиб

Фаизан ахмад Самир сахиб, од Рабва, починал  на возраст од 16 години поради компликации предизвикани од Ковид 19. Бил добро и нежно дете. Тој бил сериозен во поглед на студиите и избегнувал да го губи времето.

Неговата Светост, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им подари трпение на неговите родители и на семејството, како и Аллах џ.ш. да му прости, да ја подари Неговата милост и да ја воздигне неговата позиција во Џеннетот.