In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Муслех Мауд р.а. II – Приказна за вистинитоста на исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека секоја година на 20-ти февруари го одбележуваме претскажувањето за Муслех Мауд р.а., претскажување на Ветениот Месија а.с. за раѓањето на синот, како доказ на оние кои кажале дека исламот не поседува никакви знаци.

По тоа, Ветениот Месија а.с. рекол дека еден од големите знаци кои ќе се манифестираат преку него ќе биде раѓањето на синот, кој ќе живее долг живот и достојно ќе и служи на верата.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ова претскажување нè само дека е исполнето, туку е одредено и времето на раѓање на овој син, онака како што било претскажано и исполнето, заедно со исполнувањето на многу други знаци.

Детството на хазрети Муслех Мауд р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе ги истакне аспектите од раниот живот на хазрети Муслех Мауд р.а., како и делови кои се однесуваат на неговото здравје и начинот на кој Возвишениот Аллах се однесувал со него.

Една карактеристика од претскажувањето,  во врска со Ветениот син, била дека ќе има долг живот. Меѓутоа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. опишал дека во детството неговото здравје било многу лошо, до таа мера, што на моменти изгледало дека се двоуми помеѓу животот и смртта.

Тогаш се сметало дека со такво здравје не може долго да се живее. Освен тоа, имал проблем со очите, до таа мера, што на едното око воопшто не можел да гледа. Исто така, му биле дијагностицирани разни други болести и пореметувања. Имал големи тешкотии со учењето, и неговите учители се жалеле на Ветениот Месија а.с. на неговиот лош труд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека никој не можел ниту да помисли како дете со такво здравје ќе живее толку долго, како што претскажувањето кажувало.

Уште една карактеристика на претскажувањето, во врска со синот, била дека тој ќе биде исполнет и со секуларно и со духовно знаење, иако немал добри резултати во основното образование.

Меѓутоа, хазрети Муслех Мауд р.а. наведува дека за овој  дел од претскажувањето за секуларното и духовното знаење се погрижил Аллах џ.ш., и, наспроти слабите резултати во основното школо, тој пишувал величествени книжевни дела на кои им нема рамни.

Ова ни докажува дека за неговото знаење се погрижил Семоќниот Аллах.

Даруван со знаењето од Аллах џ.ш.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. раскажал за тоа како Бог му подарил знаење.

Еднаш, додека бил млад, сонувал сон во кој слушнал силно ѕвонење на ѕвоно. Потоа, видел како се формира рамка, а во рамката била слика. Сликата почнала да се движи, а потоа, сликата излегла од кадар во вид на личност која рекла дека е Божји мелек. Рекол дека е испратен да го научи за значењето на сура Ал-Фатиха.

Така, почнал да подучува, сè до ајетот:

„Единствено Тебе те молиме за помош.“

Поглед на новото значење на сура Ал-Фатика

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, додека хазрети Муслех Мауд р.а. бил млад, бил повикан да одржи говор по повод победата на неговиот фудбалски тим на натпреварот.

Воопшто не бил подготвен за тој говор, и се сетил на сонот кој го сонувал во врска со рамката за слика. Го молел Аллах џ.ш. да му подари такви детали во врска со сура Ал-Фатиха, кои, никогаш пред тоа, никој друг не ги објаснил.

Како резултат на тоа, Аллах џ.ш. го вдахнал со знаење во врска со ајетот, за разлика од:

„…Оние кои се здобиле со Твоето незадоволство, ниту оние кои   залутале.“

Хузур а.т.б.а. објасни дека секој муслиман треба да моли да не биде меѓу такви луѓе, објаснувајќи дека …

‘…тие се оние кои предизвикале незадоволство…’

што се однесува на еврејскиот народ, а,

… оние кои залутале…‘

се однесува на христијаните.

Затоа, мора да се молиме да се спасиме од нивните грешки.

На пример, тие кои го отфрлаат Ветениот Месија а.с. ja прават истата грешка, како и еврејскиот народ во минатото.

Во времето на Месијата дошло до кревање на христијанството, кое луѓето ги довело до вистинската вера, токму поради нивното неразбирање. Занимливо е дека почетното поглавје на Чесниот Кур’ан, е објавено во Мека, во времето кога ниту Евреите ниту христијаните не биле против исламот.

Всушност, во тоа време противниците биле идолопоклоници кои најмногу биле против исламот. Значи, бидејќи Аллах џ.ш. не ги спомнал, покажал дека идолопоклонството од тоа време ќе биде поразено и никогаш нема да преставува вистинска опасност.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рече дека, по неговиот говор и истакнувањето на овие точки, доаѓале разни зналци кои го изразувале своето чудење од нивото на знаењето кое го покажал.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рече дека, без оглед на нивото на нивното знаење, тие никогаш не можат да изнесат аргумент или коментар кој тој не би можел да го побие или објасни во светло на учењето на Чесниот Кур’ан.

Сфаќање за постоењето на Аллах во младите години

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во 1900-та година, кога хазрети Муслех Мауд р.а. имал 11 години, почнал да се прашува дали постои Бог и зошто верува во Него. Рекол дека, дури и во тие години, многу размислувал и на крајот дошол до сигурен заклучок дека Бог навистина постои. Бил пресреќен поради ова уверување и се молел Аллах џ.ш. никогаш да не се потсомнева во Неговото постоење.

Сето тоа било во време кога хазрети Муслех Мауд р.а. ја носел наметката на Ветениот Месија а.с., и многу се молел.

Подоцна, кога размислувал за вистината на Ахмадијатот, помислил дека ако Аллах џ.ш. постои, тогаш и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е вистинит. Ако Чесниот Пратеник с.а.в.с. е вистинит, тогаш и Ветениот Месија а.с. е вистинит.

Значи, ако Ветениот Месија а.с. е вистинит, тогаш вистинит е и Ахмадијатот.

Една ноќ, гледајќи во ѕвездите, помислил што се наоѓа зад нив? Дошол до заклучок дека над нив има уште ѕвезди. Непрекинато се прашувал што е подалеку од тоа, и потоа дошол до заклучок дека, ако  нешто, како што се ѕвездите е непрекинато, тогаш Аллах џ.ш., сигурно, е неограничен.

Значи, ова било уште еден пример како ова дете, кое не го завршило основното образование, било исполнето со толку замрсени мисли и сознанија, кои биле како резултат на знаењето кое Аллах џ.ш. му го подарил.

Хазрети Маулви Хаким Нур-уд-Дин р.а. имал голема улога во образованието на хазрети Муслех Мауд р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Првиот Халифа р.а. одиграл клучна улога во образованието на хазрети Муслех Мауд р.а.. Тој знаел дека видот му е слаб и дека не може долго да чита, и го замолувал хазрети Муслех Мауд р.а. да седне покрај него и на глас да му чита.

Постигнување на длабоко знаење и покрај болеста на очите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, хазрети Муслех Мауд р.а. имал толку проблеми со очите, што не можел ниту да ги отвори. Кога го видел во таква состојба Ветениот Месија а.с. постел неколку дена, и кога за последен пат во постот се омрсил, хазрети Муслех Мауд р.а. ги отворил очите и рекол дека повторно гледа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, сепак, хазрети Муслех Мауд р.а. на едното око многу слабо гледал. Тој опишал дека можел да ја види патеката по која одел, но, лицата на луѓето не можел да ги препознае. Уште повеќе, со тоа око не можел да чита. И покрај сето тоа, успеал да досегне длабоко ниво на знаење.

Жалба во врска со неговиот ракопис

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, некој на Ветениот Месија а.с. му се пожалил дека ракописот на хазрети Муслех Мауд р.а. бил исклучително лош и дека не обрнува доволно внимание на образованието на својот син. Ветениот Месија а.с. го повикал хазрети Хаким Маулвиј Нур-уд-Дин р.а. и му раскажал за тоа. Ветениот Месија а.с. потоа го тестирал хазрети Муслех Мауд р.а. давајќи му неколку реченици да препише. Хазрети Муслех Мауд р.а. внимателно ги препишал речениците. Кога Ветениот Месија а.с. погледнал што напишал, рекол дека во почетокот бил многу загрижен поради ракописот, но, рекол дека ракописот на хазрети Муслех Мауд р.а. бил многу сличен на неговиот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Хаким Маулви Нуруддин р.а. на глас му читал на хазрети Муслех Мауд р.а.. Тој, на Чесниот Кур’ан и неговиот превод го подучил за три месеци, на коментарите за два месеци, а потоа го подучил на целиот Сахих ал- Бухари во период од два до три месеци. Од него, исто така, почнал да ја учи медицината, заедно и со останатите видови на знаење.

Живиот знак за вистинитоста на исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека литературата на хазрети Муслех Мауд р.а., која се простира на илјадници и илјадници страници, е вредно благо кое целосно мораме да го искористиме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. рекол дека тој бил исполнување за претскажувањето за Муслех Мауд р.а. кое му било дадено на Ветениот Месија а.с., со што се покажал како жив знак за верата ислам и неговата вистинитост.  Всушност, зборовите на ова претскажување ќе останат вистинити сè до исполнувањето на мисијата на Ветениот Месија а.с.

Користа од претскажувањето за Ветениот син

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека од обележувањето на ова претскажување имаме корист кога ќе сфатиме дека во целиот свет мораме да ја шириме вистинската порака на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. и целиот свет да го доведеме под неговото знаме. Денес не постои некој друг, освен следбениците на Ветениот Месија а.с., преку кои исламското знаме и исламската порака се проширила ширум светот.