In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. – Клевета против хазрети Ајша р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за случувањата во животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач)  рече дека после битката кај Ухуд Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал дека Курејшиите планираат нов напад на муслиманите, како би им задале конечен удар.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се консултирал со хазрети Абу Бакр р.а. и со хазрети Омер р.а., и во таа прилика и двајцата предложиле да ги пресретнат непријателите  за тие да не можат да се доближат и да ги нападнат нивните семејства.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го Замолил хазрети Билал р.а. да им објави на муслиманите да го следат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за нова битка, и да го пратат само оние кои учествувале во битката кај Ухуд. Кога муслиманите се собрале и стигнале до местото наречено Хамра’ ел-Асад неверниците се загрижиле од нивната бројност и подготвеност и ја откажале намерата да ја нападнат Медина.

Предавството на Бану Назир племето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., заедно со неколку асхаби, отишол да го посети племето Бану Назир. Кога стигнале, луѓето од племето Бану Назир го понудиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да седне и да јаде пред да почнат било какви разговори. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. седнал на масата со грбот завртен кон ѕид. Евреите, припадници на племето Бану Назир, во таа ситуација виделе прилика да го убијат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и во еден момент еден од членовите на племето се качило на ѕидот сакајќи да фрли камен врз Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, Аллах џ.ш. го предупредил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за оваа завера и тој веднаш станал и заминал од местото.

После напуштањето на местото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите асхаби, пратеникот с.а.в.с. пратил порака до главатарите на племето Бану Назир со назнака дека постапиле предавнички и дека повеќе не можат да останат во Медина, и им дал рок од десет дена да се иселат од местото. Меѓутоа, припадниците на племето Бану Назир тоа го одбиле, по што било донесена одлука муслиманите да се подготват за битка.

Муслиманите ја опколите тврдината на племето Бану Назир, и истата вечер Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., после тоа, се вратил дома.

Во тоа време, според некои хадиси, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за командант на муслиманската војска го поставил хазрети Абу Бакр р.а..

После извесен период, припадниците на племето Бану Назир се предале и им било дозволено да ја напуштат тврдината, и со тоа да го понесат својот подвижен имот, освен оружјето.

Експедицијата на Бадр ал-Мауида

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после битката кај Ухуд, Абу Суфијан рекол дека тие ќе се борат против муслиманите следната година кај местото Бедр ал-Сафра. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се согласил со таа констатација. Како што се приближувало времето, Абу Суфијан бил загрижен бидејќи се надевал дека ќе има покрај себе поголема војска, и поради тоа почнал да шири лажни гласини и да проба да внесе страв кај муслиманите и да ги одврати од битката.

Хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му предложиле во секој случај муслиманите да го исполнат своето ветување и да тргна во пресметка со Курејшиите.

Била донесена одлука и муслиманите се упатиле и стигнале на закажаното одредиште, меѓутоа, Абу Суфијан ја препознал ситуацијата и со својата војска се вратил во Мека.  Муслиманите на тоа место останале осум дена, и за тоа време присуствувале на годишен фестивал кој се одржувал во близина, и тргувале таму.

Оваа експедиција била позната како Бадр ал-Мау’ида.

Клевета против хазрети Ајша р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал дека племето Бану Мусталик планира да ги нападне муслиманите. Поради тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., заедно со 700 асхаби, тргнел кон нив да ги пресретне.

Според некои хадиси, знамето на мухаџирите (мигранти во Медина) го носел хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога се враќале назад од Бану Мусталик, низ Медина се проширила вест за голема клевета против хазрети Ајша р.а..

Поточно, вечерта кога муслиманите се враќале во Медина, Чесниот Пратеник ги упатил да го продолжат патот. Непосредно пред тоа, хазрети Ајша р.а сфатила дека го изгубила својот ѓердан и се вратила да го побара.

Но, кога се вратила на местото муслиманите веќе биле заминати. Тие ја ставиле нејзината кочија на камилата без да забележат и сфатат дека хазрети Ајша р.а. не се наоѓа во кочијата, и дека таа е празна. Додека чекала муслиманите да се вратат и да ја побараат, таа заспала. Следното утро ја пронашол хазрети Сафван р.а., кој патувал после војската. Таа се качила и јавала на неговата камила, која тој ја водел за узди, сè додека повторно не им се придружиле на муслиманската војска.

Тоа преставувало повод да избие голема клевета, која ја покренал главатарот на лицемерите, Абдуллах бин Убајј бин Салул.

Возвишениот Аллах ја открива невиноста на хазрети Ајша р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Ајша дознала за оваа клевета, побарала дозвола од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да ги посети нејзините родители за да дознае на кој начин се прошириле гласините низ Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) се посоветувал со некои од своите советници и асхаби за оваа ситуација, а во меѓувреме ја прашал Барира, која била слугинка на хазрети Ајша р.а.. Таа го потврдила побожниот карактер на хазрети Ајша р.а..

Во тој период хазрети Ајша р.а. не спиела две ноќи и еден ден. Покрај неа биле нејзините родители кои и се труделе да ја утешат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) ја посетил хазрети Ајша р.а. и рекол дека, ако е невина Аллах џ.ш. сигурно ќе го потврди тоа.

Хазрети Ајша р.а. пренесува дека во тоа време немала друг избор, освен да остане трпелива, бидејќи знаела дека е невина.

Во еден момент, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. седел покрај неа, Аллах џ.ш. ги објавил следните ајети, докажувајќи ја невиноста на хазрети Ајша р.а.;

АРАПСКИ ТЕКСТ

„Навистина, помеѓу вас била една група која изнела лага за вас.“  (24:12)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после тоа хазрети Абу Бакр р.а., таткото на хазрети Ајша р.а., се заколнал дека никогаш повеќе нема да му пружи финансиска помош на Мистах, кој бил еден од оние кои ја ширеле лажната вест.

Понатаму, Аллах џ.ш. го објавил следниот ајет:

АРАПСКИ ТЕКСТ

„И, нека оние помеѓу вас кои се богати и кои имаат изобилство на нешта не се заколнуваат дека нема да им даваат на роднините и сиромашните, и на оние кои се иселиле на Аллаховиот пат.“  (24:23)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после објавувањето на овој ајет хазрети Абу Бакр р.а. побарал прошка од Аллах џ.ш., и почнал повторно да му помага на Мистах.

Настаните кои се случувале во текот на битката кај ровот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека третата битка помеѓу муслиманите и неверниците била битката кај ровот, односно, битката Ахзаб (сојузници).

После протерувањето на Бану Назир племето, некои од нивните водачи отишле кај Курејшиите да ги поттикнат на борба против муслиманите. Тие, за таа цел собрале и други племиња, со што нивната бројка на борци била околу 10.000.

Кога дознал за формирањето на оваа војска Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се посоветувал со своите асхаби што да прави во таа ситуација, после што хазрети Селман р.а., кој бил Персиец по потекло, предложил да се ископа ров на одредено место околу градот Медина.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) се согласил со предлогот, и заедно со 3.000 муслимани  помогнал во копањето на ровот.

Кога непријателот ја опколил Медина, хазрети Абу Бакр р.а. командувал со еден дел од муслиманската војска, која го бранела градот.

Подоцна, на тоа место била изградена џамија, која била позната како Садик џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за овие настани ќе продолжи да зборува во следната хутба.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Мубарака Бегум

Мубарака Бегум, жена на Мукхатра Ахмад Гондал.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Починала на 11 јануари 2022 година.

Таа била снаа на асхаб на Ветениот Месија а.с.. Поседувала исклучително добри квалитети. После неа останале пет сина и три ќерки. Еден од нејзините синови, и други од нејзиното потомство го дале својот живот во служба на Џемаатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и даде прошка и милост и да ги исполни нејзините дови за нејзиното потомство.

Мир Абдул Вахеед

Мир Абдул Вахеед починал ноќта помеѓу 12 и 13 јануари.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Во 2020 година против него и против неговото семејство била поднесена лажна пријава, и неговата куќа ја опколиле исламски зналци и некои други лица. Полицијата им помогнала да се извлечат од таквата ситуација, меѓутоа, покасно полицијата уапсила еден од неговите синови и лажно го затворила според законите за богохулење во Пакистан.

Неговиот син сè уште е во затвор и не можел да присуствува на џеназата на татко му.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах на починатиот да му даде прошка и милост и на неговото семејство му подари трпение.

Хузур а.т.б.а. се молеше да се соберат средства за ослободување на неговиот син.

Суед Вакар Ахмад

Суед Вакар Ахмад од САД починал на 17 јануари од срцев удар.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Неговата сопруга била правнука на Мирза Башир Ахмад р.а. и правнука на Мирза Шариф Ахмад р.а..

Бил внимателен сопруг и татко. Водел несебичен и едноставен живот. Секогаш говорел дека, кога бил во џамија ја повторувал својата заклетва, и ништо поважно немал од тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.рече дека и самиот забележал дека, дури и кога бил соочен со големи искушенија, ја одржувал својата заклетва дека предност ќе и даде на верата пред световните работи.

Секогаш му бил посветен на Халифатот,  дури и ако понекогаш ништо не разбирал за некои работи.

Неговиот син, Суед Адил Ахмед е мисионер, и тој за неговиот татко пишува дека живеел едноставен живот и дека давал предност на потребите не неговото семејство на сметка на своите лични потреби. Поседувал Извонредни квалитети.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му даде прошка и милост и на неговите деца да им помогне да продолжат по неговиот пат.