Џеназа за хазрети Омер р.а.
По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..
Начинот на пресудата на Убејдуллах бин Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека по смртта на хазрети Омер р.а., Убајдуллах бин Омер бил подготвен сите заробеници и робови да ги убие, како и оние кои создале завера против неговиот татко (т.е. Хормузан и Ѓуфајнах). Постарите асхаби се обидувале да разговараат со него за да си го врати здравиот разум, меѓутоа, тој не го сменил ставот.
Во тоа време хазрети Осман р.а. сè уште не бил избран за следен Халифа. Запишано е дека Убајдуллах бил заробен. Откако хазрети Осман р.а. станал Халифа, Убајдулах бил доведен пред него и хазрети Осман р.а. побарал совет што да прави со него. Некои предложиле да му се изрече смртна казна. Другите рекле дека треба да се пушти на слобода.
Меѓутоа, според еден од хадисите, хазрети Осман р.а. одредил одреден износ за крвавите пари кој Убајдуллах бин Омер требало да го плати.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои уште еден хадис во кој се наведува дека хазрети Осман р.а. го предал Убајдуллах бин Омер на синот на Хормузан и му дозволил да ја одреди судбината на Убајдуллах. Забележано е дека синот на Хормузан ги прашал асхабите дали има право на Убајдулах и тие рекле дека има. После тоа, синот на Хормузан му опростил и го пуштил, а асхабите се израдувале на неговата одлука.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Халифа-тул Месих II р.а., кој рекол дека на примерот на асхабите оти во такви случаи постапувањето против виновникот го одредува државата и дека не треба да се преземат лични пресуди.
Понизностана хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече во врска со понизноста на хазрети Омер р.а. рекол дека тој барал неговите ќефини да бидат едноставни и дека не треба претерано да го фалат и да не спомнуваат особини кои тој ги нема.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш синот на хазрети Омер р.а. рекол дека преку него исламот се проширил во многу нови земји. Хазрети Омер одговорил дека не сака да биде горд на овие достигнувања, туку сака само да се насочи на стравот спрема Бог.
Ниво на жртвување на хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. сакал да достигне големо ниво на жртвување. Хазрети Абу Бакр р.а. имал најголем стандард во тоа, па хазрети Омер р.а. имал намера да го надмине или да го достигне истото ниво.
Еднаш, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. упатил апел да се принесат финансиски жртви, хазрети Омер р.а. имал намера да направи повеќе од хазрети Абу Бакр р.а., и така половина од својот имот го разделил на други. Меѓутоа, хазрети Абу Бакр р.а. дал сè што имал и ништо не оставил за дома.
Како и да е, нијетот и постапките на хазрети Омер р.а. покажале желба да покаже најголемо ниво на жртвување.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред својата смрт хазрети Омер р.а. имал силна желба да биде погребан во близина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Личност, на високо ниво, како што бил хазрети Омер р.а., бидејќи сакал да биде погребан во близина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ни покажува дека хазрети Омер р.а. само сакал да го постигне задоволството на својот Господар, и тоа му бил мотив за сè што направил.
Џеназа на хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на џензата на хазрети Омер р.а., хазрети Али р.а. се молел за него и рекол дека од секогаш знаел дека ќе биде погребан во близина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..
Всушност, често слушал како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во иста реченица зборува за себе, за хазрети Абу Бакр р.а. и за хазрети Омер р.а..
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и еден друг асхаб кажал дека хазрети Омер р.а. бил силна тврдина за исламот во која луѓето влегувале, но не излегувале.
Друг асхаб рекол дека со смртта на хазрети Омер р.а. девет десеттини од знаењата го напуштиле светот. Исто така, било кажано дека не постоел ниту еден дом кој не бил погоден од смртта на хазрети Омер р.а. бидејќи им помогнал на многу луѓе.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на својот живот хазрети Омер р.а. имал десет жени во различно време, и од нив имал девет сина и четири ќерки.
Сведочењата на познати писатели за квалитетите на хазрети Омер р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече го цитирал писателот Едвард Гибон кој пишувал за одличните особини на хазрети Омер р.а.. Напишал дека хазрети Омер р.а. се грижел за секого, дури и оформил и систем на стипендии за да им помогне на другите, и не се грижел за себе.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, наведувајќи 100 највлијателни луѓе на светот, Мајкл Х. Харт, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го навел како највлијателна личност, а на 52 место го ставил хазрети Омер р.а.. Тој пишува дека на почетокот хазрети Омер р.а. бил еден од најжестоките противници на исламот, но по прифаќањето на, исламот станал еден од неговите најцврсти следбеници. Тој прифаќањето на исламот на хазрети Омер р.а. го споредил со прифаќањето на христијанството од страна на Свети Апостол Павле.
Во текот на неговата ера исламот остварил големи победи и се проширил на далеку и во нови земји. Хазрети Омер р.а., исто така, направил влада за да управува со ново освоените земји кои доаѓале под знамето на исламот.
По Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој играл витална улога во ширењето на исламот. Неговите победи и достигнувања биле поголеми и од успесите на Јулије Цезар.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во идните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..
Џенази
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа на неколку починати членови на Џемаатот.
Сахизбада Асифа Масоод Бегум сахиба
Сахизбада Асифа Масоод Бегум сахиба, сопруга на др. Мирза Мубашар Ахмад сахиб, кој бил син на Мирза Башир Ахмад сахиб.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Таа била внука на Ветениот Месија а.с. и била најмлада ќерка на хазрети Наваба Мубарак Бегум сахиба.
Зад неа останале три сина и четири ќерки.
Секогаш му била лојална на Халифатот и настојувала на Заедницата да и служи на било кој начин. Своите деца секогаш ги советувала да останат поврзани за Халифатот. Секогаш зборувала за важноста на молитвата, и зборувала дека и за најмала работа прво треба да се моли. Луѓето ги советувала да се молат за да станат плодни гранки на дрвото на Ветениот Месија а.с., а не сувите гранки. Великодушно давала парични прилози и секогаш инсистирала да не се зборува за тоа. Живеела многу едноставно, но многу трошела на милостина.
Прочитала многу книги, а во текот на патувањата секогаш била зафатена со учењето на разни дови.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. со неа да биде милостив ѝ да и прости, а на нејзините деца да им овозможи да чекорат по нејзините стапки.
Калара Аппа сахиба
Калара Аппа сахиба, сопруга на бивш Амир на Казахстан.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Таа била од познато семејство од Казахстан. Таа и нејзиниот сопруг, Ролан сахиб, имале голема улога во понатамошното воспоставување на Заедницата во Казахстан. Всушност, дури и противниците се повикувале на нив зборувајќи дека одиграле клучна улога во воспоставувањето на Ахмадијатот во Казахстан.
Секогаш настојувала да и служи на Заедницата и останала лојална во служба на Халифатот. Во мисионерската куќа организирала часови на кои лајне можеле да дојдат и да поставуваат прашања. Била многу стручна во преведувањето и на тај план многу работела.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да биде милостив кон неа, да го прифати нејзиниот труд за Ахмадијатот во Казахстан и да ги исполни нејзините дови.
Командант Абдур Рашид сахиб
Командант Абдур Рашид сахиб починал минатиот месец.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Тој, самиот го прифатил Ахмадиајтот во времето на хазрети Халифа-тул Месих II р.а.. Бил женет, но кога го прифатил Ахмадијатот жената го напуштила и со себе ги однела двете ќерки. Тој повторно се оженил и добил син.
Служел во военото воздухопловство и бил во разни бази. Каде и да одел секогаш ја ширел пораката на Ахмадијатот. Наспроти фактот што во неговото досие стоело дека е Ахмад и дека не треба да се испраќа во странство, неговите надредени го виделе како најдобра и најсигурна опција, и без оглед на сè, го праќале на патувања. Редовно ги клањал намазите, го учел Чесниот Кур’ан и принесувал финансиски жртви. На своето семејство секогаш ја всадувал љубовта кон Халифатот.
По пензионирањето, на Заедницата и служел во разни својства.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да биде милостив, и на неговото потомство да му овозможи да продолжи со неговите добри дела.
Зубаидах Бегум сахиба
Зубаидах Бегум сахиба, сопруга на Карим Ахмад Наеем сахиб од САД.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Таа му била одадена на Халифатот и поседувала многу добри квалитети.
Зад неа останале три сина и две ќерки.
Еден од нејзините синови е претседател на Хуманити Фрст САД (Humanity First USA). Со сите се однесувала со љубов и наклонетост. Била љубезна кон сиромашните и се грижела за членовите на семејството. Секогаш водела сметка за своите финансиски вложувања.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да биде милостив, а на нејзиното потомство да му овозможи да продолжи со нејзините добри дела.
Хафеез Ахмад Гхумман сахиб
Хафеез Ахмад Гхумман сахиб неодамна починал.
’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘
Сакал да го проучува Чесниот Кур’ан и неговите коментари. Исто така, сакал да ги проучува книгите на Ветениот Месија а.с.. Бил гостопримлив, едноставен, вреден и грижлив кон другите. Преземал голем товар врз себе за да им помогне на другите.
Еден од неговите синови служи во Канцеларијата на приватниот секретар во Лондон.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да биде милостив со него, а на неговото потомство да му овозможи да ги следат неговите доблести.