In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со исклучителни особини – Хазрети Омер ибн Ал-Хаттаб р.а. Правилно упатен Халифа – Хазрети Омер р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Битката за Бувејб

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека уште една битка, која се случила во времето на хазрети Омер р.а., била битката за Бувејб, која се одвивала кај Џирса. Бувејб е река во близината на Куфа.

Оваа битка се одвивала во текот на месец Рамазан.

Куфа била населена после завршувањето на оваа битка.

Како што се случувало и во претходната битка, требало да се помине мост на реката Бувејб. Додека одлучувал од кој страна да се премине реката, хазрети Омер р.а. на противниците им рекол дека тие треба да ја преминат реката бидејќи претходно муслиманите го мостот последни. Додека сето тоа се случувало хазрети Мусанна р.а. јавал и ги организирал војниците советувајќи ги во врска со битката. За кратко време уследила жестока битка, и после борбата е забележано дека 100 000 Персијци ги загубиле животите во текот на битката и претрпеле огромен пораз. Додека преостанатите Персијци се повлекувале кон мостот хазрети Мусанна р.а. ги следела со својата војска и го срушил мостот.

Подоцна, хазрети Мусанна р.а. изразил жалење поради тоа што со војската тргнал против непријателот кој се повлекувал и не бил повеќе во можност да се бори.

Од ова може да се забележи со каков морал муслиманите влегувале во битките.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на мала оддалеченост од боиштето, на местото по име Кавадис, се наоѓал камп со жени и деца на оние кои учествувале во битката. После битката, додека дел од муслиманите јавајќи се враќале назад во логорот, жените не ги препознале и помислиле дека тоа се непријателски војници. Поради тоа тие ги собрале децата, ги заокружил и почнале да фрлаат камења на војниците додека не сфатиле дека, всушност, тоа се муслимански војници. Еден од војниците, после тоа, изјавил дека ништо помалку не очекувал од храбрите муслиманки.

Битката кај Кадасија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи за случувањата во битката кај Кадасија.

Кадасија се наоѓа во денешен Ирак. Тоа била одлучувачка битка после која Персиската власт паднала во рацете на муслиманите.

Свесни дека муслиманите ќе однесат победа во битката, Персијците почнале да ги утврдуваат своите палати и тврдини. Хазрети Омер р.а., посматрајќи ја моменталната ситуација, ги собрал своите водачи и главатари и ги советувал како да ја водат битката против Персијците.

Во меѓувреме, хазрети Омер р.а. се посоветувал со некои старешини за тоа дали треба да прати војска на боиштето, но поголемиот број од нив се согласил заедно со војската тој да командува со неа.

Меѓутоа, помеѓу советниците се наоѓал хазрети Абдур Рахман бин Ауф р.а. кој рекол дека хазрети Омер р.а. не треба да биде, во тој момент, на чело на војската. На препорака на останатите, хазрети Омер р.а. го именувал хазрети Са’ад бин Ебу Векас р.а. за водач на војската.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред да ја прати војската во борба хазрети Омер р.а. на хазрети Са’ад бин Ебу Векас р.а. му дал насоки и упати како тактички да ја изведе и да се однесува во текот на битката.

Хазрети Омер р.а. подготвил и пратил четири илјади луѓе, војници, заедно со хазрети Са’ад бин Ебу Векас р.а. од Медина, а во текот на патот за Иран голем број на муслимани и се придружувале на војската, и на крајот на дестинацијата муслиманската војска броела повеќе од 30.000 муслимани.

Голема важност во оваа битка има податокот дека 99 асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. биле во составот на војската за оваа битка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на патувањето и битката хазрети Омер р.а. комуницирал со хазрети Са’ад бин Ебу Векас р.а. преку писма и барал активност и совети за да може подобро да се разбере и правилно да ги води работите.

Хузур а.т.б.а., понатаму, рече дека во текот на патувањата и битките хазрети Омер р.а. комуницирал со хазрети Са’ад преку писма и барал ажурирање и развој за да може да пренесува правилни совети. Поточно, хазрети Омер побарал од хазрети Са’ад р.а. детално да му ја престави ситуацијата за тој да може сликовито да замисли што, всушност се случува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. дека биле одбрани 14 луѓе кои би заминале во палатата кај Јаздергард како би го преобратиле во исламот. На тоа Јаздергард жестоко реагирал и го одбил тој предлог. Иранската војска, под команда на Рустам, поставила логор во Кадасија. Командантот Рустам побарал да дојде претставник на муслиманите заради преговори со нив. За таа цел бил пратен хазрети Риби кај Рустам и таму предложил три можности.

Првата била да го прифати исламот, втората била да плаќа данок, а третата била, доколку Персијците појдат во напад дека ќе дојде до битка помеѓу нив.

Подоцна, и друг претставници на муслиманите биле кај Рустам и сите ги преставиле истите три можности.

После сите средби со пратениците на муслиманите, Рустам рекол дека он и неговата војска ќе ги уништи муслиманите.

Победа на муслиманите над Персијците

После тие настани се одиграла битката меѓу муслиманите и Персијците. Битката се продолжила три дена, а третата ноќ муслиманите останале будни, планирајќи жесток напад за следниот ден. Борбата, следниот ден била жестока и тој ден командантот Рустам погинал во битката. Откако ја слушнале веста за загинувањето на Рустам Персијците станале очајни, ја изгубиле надежта за победа и почнале да се повлекуваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, претходно, некои од Персијците имале некакви договори со муслиманите, па се одржала консултација меѓу муслиманските водачи како да се постапи со нив.

Било одлучено, ако има Персијци кои имале претходни договори со муслиманите и не учествувале во битката, треба да се почитуваат нивните договори. За оние Персијци кои не учествувале во битката, и оние кои присилно биле натерани да се борат во битката, кон нив треба да се постапи со толеранција. Оние Персијци кои имале претходни договори со муслиманите, но ги раскинале и учествувале во битката против муслиманите, биле повикани да склучат нови договори и да им биде дозволено  повторно да ја населат својата земја, но со поголеми стопи на данок.

Нашиот сакан, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во наредните хутби ќе продолжи да зборува за истакнати настани поврзани со живото на хазрети Омер р.а..