In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Прераскажување на благословите oд патувањето на Халифата во Америка

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека неодамна ги посетил Соединетите Американски Држави и со Аллаховата милост оваа обиколка поминала добро.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека членовите вестите ги примаат преку МТА и останатите електронски медиуми, вклучувајќи ги и другите вести.

Благодатите на Возвишениот Аллах се гледале на секој чекор во текот на ова патување, што позитивно влијаело не само на Ахмади муслиманите, туку и на другите.

Имало еден млад човек кој на својот пријател му кажал дека има сомнежи во врска со Ахмадијатот и Халифатот, кои по доаѓањето на Халифата биле отстранети.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вакви примери имало многу.

Љубовта и искреноста на Ахмади муслиманите во Америка

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Зион, Далас и Баитур Рахман, во Мериленд, се собрал голем број на мажи, жени и деца за да клањаат намаз. Емоциите и чувствата, кои искажале додека хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. одел до и од џамијата, јасно покажувале дека во срцата ја имаат вистинска љубов спрема Халифатот.

Луѓето со часови стоеле во редот само да влезат во џамија на намаз.

Ова јасно укажува дека со Аллаховата милост овие луѓе ја сакаат својата вера и го сакаат Халифатот.

Децата стоеле во ред по пет до шест часа поради разни терстирања, но никој не се пожалил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека родителите на момче од 11, или 12 години, му кажале дека нивниот син со часови стоел во редот пред намазот, и дека никогаш порано не обрнувал толку внимание на своите молитви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во децата видел голема љубов и искреност спрема Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше овој жар за намаз, кој бил еввидентен, да остане константен и овие џамии секогаш да бидат полни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на место, какво што е Америка, луѓето можат да помислат дека на верата не и се обрнува внимание, меѓутоа хазрети Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека во текот на патувањето кај Ахмади муслиманите видел нешто сосема поинакво. На секое место имало повеќе луѓе одошто се очекувало.

Всушност, во Баит-ур Рахман во Мериленд, понекогаш бројката премашувала дури и повеќе од Џалса Салана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да продолжи да ја зголемува искреноста и верноста во срцата на сите Ахмади муслимани.

Чувствата и впечатоците на гостите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе раскаже за коментарите на гостите кои не се Ахмади муслимани, а кои ги добил во врска со ова патување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше градоначалникот на Зион, кој рекол дека му е чест да посака добредојде на Халифата во Зион.

Хузур а.т.б.а. рече дека мотото на Зион е ,, историско минато и динамична иднина,, а џамијата во Зион е совршен пример за тоа. Тој рекол дека со отворањето на оваа џамија има големи надежи з аиднината на овој град кои се врзани за оваа џамија и Ахмадија заедница. Градоначалникот потоа на Халифата му го врачил клучот на градот. Исто така кажал дека Халифата го оставил без текстот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека членот на Собранието на Илиноис Џојс Месон рекла дека Александар Дови настојувал да воспостави теократско општество, меѓутоа денес Зион е домот за луѓе од различни средини кои оваа џамија ги собрала. Таа и честитала на Ахмадија муслиманска заедница на ова голема победа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече х ја цитирал Катарина Лантос која кажале дека е изненадувачко да се слушне колку внимание привлекол двобој преку молитва наспроти фактот дека тогаш не постоеле електронски медиуми. Таа кажала дека основањето на оваа џамија јасно покажува кој победил во молитвениот двобој, но ова не е само победа на Ахмадија муслиманска заедница туку на целото човештво.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече го цитирал Крејг Консиндине – христијански професор кој пишувал за Чесниот Пратеник с.а.в.с. – и тој кажал дека му било чест да го запознае Халифа и од неговиот говор многу научил за исламот.  Рекол дека начинот на кој Халифа зборувал за темата на исламот бил рабирлив за секој човек. Тој исто така бил присутен на хутба во петок и рекол дека никогаш не слушнал таква хутба.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече х раскажал и за разни други коментари на гостите од Зион, вклучувајќи ги избраните претставници, учители, работници на итна помош и други кои изразиле почит кој хазрети Халифатул Месих и кон пораката која ја претставил, порака за единство и хармонија која ја пренел преку историја на Зион и преку учењето на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Далас свечено е отворена Баит-ул Икрам џамија и на отворањето имало 140 гости. Членот на Градското собрание на Аллен, Карл Клеменчич на хазрети Халифатул Месих му го врачал клучот на градот и изразил благодарност за хуманитарна работа на на Ахмадија муслиманска заедница. Тој рекол дека градот Ален е среќен дека во него се воспоставила толку мирна и хуманитарна заедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече го цитирал проф.др. Роберт Хунт директор на Глобален теолошки оддел во Теолошко школо Перкинс Универзитет Соутерн Методист кој заедно со колегите се заблагодарил на повикот од страна на Ахмадија муслиманска заедница. Му се заблагодарил на Халифа за работа и трудот во промоцијата на верски слободи и меѓурелигискиот дијалог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече го цитирал републиканскиот конгресмен Хон Мајкл Меккаул кој рекол дека Ахмадија муслиманска заедница покажува како верите кои потекнуваат од Ибрахим а.с. можат да живеат заедно. Рекол дека е во процесот на читањето на книга Исус во Индија и дека ќе спроведе понатамошни истражувања. Рекол дека од Ахмадија муслиманска заедница многу може да се научи за мирот, добрина и љубов. Тој ги почитува напоритена Ахмадија муслиманска заедница во ширењето на мир, воспоставување на единство и завршување на екстремизам и сиромаштија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече ја цитирал гостинката од Северна презбитерска црква која кажала дека никогаш не видела некој толку да се труди како што тоа го прави Халифа во воспоставувањето на глобалниот мир. Таа рекла дека ако луѓето го послушаат овој говор, и не ги земаат правата на своите комшии и своите ближни, мирот сигурно ќе се воспостави.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече ги изнел коментарите и чувствата на разни други гости од Далас кои изразиле уважување за мирољубивите напори на Ахмадија муслиманска заедница и инспиративниото влијание на обраќањето на Халифа кое покажало колку вистинскиот мир, единство и взаемна љубов можат да се воспостават.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече д ека во Форт Ворт во Тексас свечено е отворен комплекс во кој е планирано да се изгради купола и две минариња за да се претвори во џамија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа е добра зграда и во неа додека бил на патот ги предводил акшам и јација намаз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече ги цитирал коментарите на гостот од Форт Ворт кој рекол дека Халифатул месих изнел одлична порака и посебно го  ценел предупредувањето на Халифа дека секој кој учествува во глобалниата војна сигурно ќе биде уништен.

Дострел и медиумско покривање на разни активности во САД

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Зион имало изложба која се однесувала на молитвениот двобој. Ветениот Месија а.с. спомнал дека знае за 32 весника во кои се спомнува молитвениот двобој, но рекол дека е сигурен како имало многу повеќе. По понатамошни истражувања, Заедницата во САД нашла 128 извадоци со вестите од времето на Ветениот месија а.с., со што вкупниот број пораснал на 160.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека американските медиуми го испратиле отворањето на џамија во Зион, вклучувајќи го и Асошиед Прес кој напишал колумна под наслов ,,Двајца пратеници и столетен молитвен двобој ја инспирира Зион џамија,,. Според веб страница, половина од светскат апопулација се читатели. Оваа колумна е објавена во 412 медиуми во 13 земји вклучувајќи ги Вашингтон Пост, АБЦ Њуз, Торонто Стар, Д Хил и многу други истакнати весници. Хазрети Халифатул Месих рекол дека 9 угледни весници, 6 интернет публикации и радио станица во Канада исто така го испратиле отворањето на џамија во Зион. Ова отворање е исто така емитирано и во Велика Британија, Сијера Леоне, Тајван, Индија, Хонг Конг, Перу,Филипини, Јужна Африка, Танзанија и Вијетнам.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека МТА Африка исто така директно го пренесувала обраќањето на Хазрети Халифатул Месих во Зион Далас. Подготвени се различни извештаи за локални канали во различни делови на Африка. Новиот член на џемаатот од Сиера Леоне рекол дека можеби пред 20 години ќе му се придружел на џемаатот ако знаел за двобој со молитва со Александер Дови и за последната победа на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече исто така ги спомнал своите средби со новите Ахмади и зборувал за некои проблеми и противења со кои се соочиле. На барањето на новиот член на џемаатот одржан е и баи’ат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост оваа обиколка била опсипана со Неговите благослови и се молел Аллах и понатаму да остане со нас.