In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Експедицијата и борбата против Асвад Анси

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нака Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а. и за експедициите и борбите против бунтовниците.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека единаесеттата експедиција требало да се изведе против побуната во Јемен, и таа била пратена под водство на Мухаџир бин Еби Умејј р.а.. Тој бил пратен да се бори против војската на Евсад Енсиј.

Во тоа време во Јемен постоеле две групи; тие кои биле по потекло од Јемен и тие кои потекнувале од Персија и се нарекувале Абна.

Некое време Јемен бил под власта на Ксеркс, и тогаш голем број на службеници бил од Абна. Хазрети Абу Бакр р.а. го упатил да им се обрати на бунтовниците во Кинда.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Мухаџир р.а. бил брат на Умм Селамах р.а., сопругата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Учествувал во битката на Бедр но на страна на неверниците. Подоцна, кога го прифатил исламот, хазрети Мухаџир р.а. не можел д аучествува во битката на Табук  и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не бил задоволен со тоа. Хазрети Умм Селамах р.а. била тажна поради тоа и барала братот да и објасни зошто не учествувал во битката.

На крајот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на крајот го прифатил неговото објаснување. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш го именувал за гувернер на Кинда, но хазрети Мухаџир р.а. поради здравјето не можел веднаш да ја исполни оваа должност. Подоцна кога здравјето му се подобрило, хазрети Абу Бакр р.а. го задржал на функција гувернер.

Објава за лажните пратеништва

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека првата побуна која настанала во времето на Чесниот Пратеник с.а.в..с била во Јемен под управата на Асвад Анси. Тој тврдел дека добива објави и дека однапред ќе добие веста за непријателските напади. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веќе порано бил известен дека ќе се појават двајца кои ќе тврдат дека се пратеници.

Во сонот видел дека носи две нараквици, и од Бог добил наредба да дувне во нив по што тие ги снемало. Тој тоа го сфатил дека постојат двајца кои тврдат дека се пратеници и ќе се појават против него, а се манифестирале преку Мусаилимах Каззаба и Асвад Анси.

Гувернерот на Ксеркс  го прифаќа исламот. Продолжување на растот на влијанието на Асвад Ансиј

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му пратил писмо на персискиот цар Ксеркс повикувајќи го во исламот тој се налутил и на еден од своите главни гувернери на Јемен, Бадхан, му наредил да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Бадхан пратил двајца луѓе кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал дека Аллах го известил како нивниот крал ќе го убие сопствениот син и ќе го заземе престолот на таткото. Му пратил порака на Бадхан повикувајќи го во ислам и ветувајќи му дека ќе остане гувернер на Јемен.  Бадхан  го слушнал тоа и дознал дека навистина синот го убил Ксеркс и го преземал престолот. Откако го видел исполнувањето на зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го примил исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога Бадхан починал, Чесниот Пратеник с.а.в.с. именувал разни асхаби и чувари во различни делови на Јемен. Асвад Анси живеел во северниот дел на Јемен. Би гаталец и имал влијание. Како се повеќе луѓе биле одушевени со него, почнал да тврди дека е пратеник, зборувајќи дека ќе дојде мелек и за се ќе го извести, вклучувајќи ги и заверите на неговите непријатели.

Исто така изјавил дека Јемен им припаѓа на староседелците на Јемен, поттикнувајќи на тој начин чувства кај многумина кои го прифатиле од гордоста за своја нација. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им дал инструкции на муслиманите кои биле поставени како чувари на Јемен да се борат против востанието на Асвад Анси.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Асвад Анси прво го нападнал Наѓран, потоа Сан’у какои останатите делови на Јемен, и во тоа време многу муслимани биле убиени и  ја освоил власта над многу делови на Јемен. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им пратил писмо на муслиманите на Хадрамаут во кое ги упатил да се борат против силите на Асвад Анси. Хазрети Муаз бин Џебел р.а. бил на чело на муслиманската војска.

Во почеток задача за борба против Асвад Анси изгледала невозможна, меѓутоа муслиманите дознале дека Асвад Анси бил во судир со човек по името Каис бин Абд Јагхутх кој на почеток бил отпадник, но подоцна му се вратил на исламот. Кога муслиманите го повикале Каис во исламот и му ја пренеле поракат ана исламот, тој веднаш прифатил а прифатиле и другите главатари и силите против Асвад Ансиј се зголемиле.  Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така им пишал на луѓето на Наџран за борба против Асвад Анси. Кога Асвад Анси дознал за ова, сфатил дека блиску му е крајот.

Крајот на побуната на Асвад Анси

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече како некој отишол кај жената на Асвад Анси, која всушност била вдовица на Бадхан кого Асвад Анси го убил и се оженил со неа. Кога дознала дека Асвад Анси го убил мажот и како и другите членови на нејзиното семејство изразила желба да помогне да се порази Асвад Анси. На крајот со нејзината помош една ноќ во неговата тврдина бил убиен Асвад Анси. Со тоа оваа побуна која траела три-четири месеци била завршена.

Хазрети Халифатул Месих рекол дека веста за победата и убиството на Асвад Анси била пратена на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој веќе бил починат. Меѓутоа, според некои хадиси, се пренесува дека Аллах го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за тоа токму во ноќта кога кога Асвад Анси бил убиен, а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. следното утро ги известил асхабите за тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека откако Асвад Анси бил убиен, повторно била воспоставена муслиманска власт. Меѓутоа кога веста за смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стасала до Јемен, избила уште една побуна. Побуната била под водство на Каис, кој уште еднаш се оддалечил од исламот. Тој секогаш се противел на персиската власт и ја планирал елиминација на Абна од Јемен. Во врска со тие случувања било пратено писмо до хазрети Абу Бакр р.а. и му билаљ побарана помош. Значи, последната експедиција која ја пратил хазрети Абу Бакр р.а. била експедиција на хазрети Мухаџир р.а. кон Јемен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Амр бин Мади и Каис бин Абд Јагхутх биле главни виновници за побуна против муслиманите во времето на хазрети Абу Бакр р.а. Кога жителите на Јемен дознале за ова голема војска која им се доближувала  и која ја предводил хазрети Мухаџир р.а. се исплашиле прашувајќи како воопшто можат да се соочат со оваа војска.

Во меѓувреме, дошло до караница помеѓу Амр бин мади и Каис бин Абд Јагхутх и наместо да се насочат на борба против муслиманската војска, тие се окупирале на обидите да си нанесат меѓусебна штета. Амр бин мади решил да им се придружи на муслиманите. Кога Каис бил заробен, Амр бин Мади исто така бил затворен и двајцата биле испратени кај хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го прашал Каис дали се побунил, ги мачел и убивал муслиманите. Каис сите наводи ги негирал а бидејќи не биле дадени никакви значајни докази за неговата вина, хазрети Абу Бакр р.а. не наредил да биде убиен. Исто така немало уверливи докази против Амр бин мади, и хазрети Абу Бакр р.а само го предупредил и на крајот го пуштил.

Значи, врз основа на овој голем значај, и двајцата биле ослободени, и потоа и двајцата ги сфатиле своите грешки и со сето срце ја прифатиле покорноста кон Халифатот. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во идните хутби ќе продолжи да зборува за настаните од животот на хазрети Абу Бакр р.а.