In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Експедицијата во Бахреин

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а. и за експедициите кои се случиле против побунетите лицемери во текот на неговиот Халифат.

Експедицијата во Бахреин

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе зборува за деветтата експедиција која се одвивала кон Бахреин.

Сите неверници се собрале кај Хутам, додека сите муслимани се собрале кај хазрети Али р.а..

И двете страни копале ровови пред своите армии, ги преминувале во борбата, и по дневните борби се враќале назад. Тоа траело месец дена.

Една ноќ муслиманите слушнале голема врева од непријателската страна. Дознале дека непријателот бил под влијание на алкохол, по што муслиманите нападнале и непријателот бил поразен.

Следното утро хазрети Али р.а. го поделил воениот плен и вредните предмети, и им дал на оние кои храбро се бореле.

Било испратено писмо на хазрети Абу Бакр р.а. во кое го известил за победата на муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Али р.а. станал водач на Хаџера и околните подрачја, но, бидејќи Персијците биле против муслиманската влада често зборувале дека еден ден владата на Медина, која заживеела во Хаџера, ќе биде сменета. Мафрук Ша’бани ја собрал војската на својот народ, Тагхлиб и Намир, и тргнал на кај Хаџeра. Кога хазрети Абу Бакр р.а. дознал за ова, напишал писмо во кое, со упатство до хазрети Али р.а. дека ако овој напад е вистинит, тогаш војската да ја распореди така што потполно ќе ги уништи овие лицемери.

Муслиманите се борат против лицемерите во Дарин

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека лицемерите се собрале во Дарин. Хазрети Али р.а. им рекол на муслиманите и на Бакр бин Ва’ил да излезат во борба против овие лицемери.

Хазрети Мусанна бин Хариса р.а., исто така, одиграл клучна улога во поддршката на хазрети Али р.а. и во елиминацијата на лицемерите кои се наоѓале во Бахреин. Хазрети Али р.а. добил одговор од луѓето на Бакр бин Ва’ил во кој го уверувал дека тие се непоколебливи муслимани. По тоа, хазрети Али р.а. ги замолил сите муслимани да му се придружат во Дарин каде биле собрани лицемерите.

Волшебно патување преку океанот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тие морале да патуваат преку океанот за да стасаат до Дарин. Хазрети Али р.а. ги собрал луѓето и им кажал дека Аллах џ.ш. ги собрал племињата на сотоната и дека треба да го поминат океанот за да стасаат до Дарин.

Бидејќи и порано присуствувале на чуда, тие се согласиле и своите животни за јавање ги одвеле до океанот преку кој отпатувале до Дарин.

Забележано е дека животните оделе како да патувале по мек песок. Најчесто, патувањето до Дарин со брод траело околу еден ден и една ноќ, меѓутоа, забележано е дека тие таму стасале за неколку часа.

Некои велат дека е можно муслиманите таму да стасале со бродови, меѓутоа тоа не се спомнува во хадисите туку само дека патувале по океанот и стасале до своето одредиште.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Мирза Башир уд Дин Махмуд Ахмад р.а. кој чудата ги објаснувал споредувајќи ги со раздвојувањето на морето во случајот со Муса а.с..

Тој рекол дека, според Чесниот Кур’ан, Аллах џ.ш. на Муса а.с. му наредил да удри со својот стап во морето, при што се отворил патот во морето каде водата се кренала од двете страни.

Важно е да се сфати дека сите чудеса доаѓаат од Аллах џ.ш. и дека човечкиот труд нема никакво влијание врз нив. Тоа што Муса а.с. удрил со стапот бил само симболичен гест.

Тоа, исто така, не значи дека морето навистина се разделило, бидејќи зборовите користени во Чесниот Кур’ан укажуваат на тоа дека, кога Муса а.с. поминал низ него била осека а кога војската на фараонот стасала и се обидела да помине низ истиот премин по кој гледале дека Муса а.с. поминува и покрај пречките кои Аллах џ.ш. ги создал, надошла плима поради што повеќето од војниците на фараонот се удавиле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите на тој начин успеале да дојдат до Дариин и после жестоки борби ги поразиле лицемерите.

Експедицијата во Таихама

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека третата експедиција тргнала под водство на хазрети Суваид бин Мукариин р.а., кого хазрети Абу Бакр р.а. го упатил кон јеменскаиот регион Таихама. Според речникот, Таихама значи ‘екстремно жешко’ и престанок на дување на ветер. Таа била долина на југозападен Јемен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Суваид р.а. го прифатил исламот во петтата година по Хиџра и дека учествувал во битката кај рововите и во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. племињата Ак и Аш’ар станале лицемери и кренале побуна. По наредбата на хазрети Абу Бакр р.а. растот на лицемерите е скротен и тие биле поразени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овие експедиции во идните хутби и понатаму ќе  се спомнуваат.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предведува џеназа на неколку џематлии.

Тој кажа дека двајца починати членови се млади луѓе од Буркина Фасо, кои биле жртви на терористички напад. Тие работеле во својот дуќан кога на нив било пукано и биле убиени на лице место.

Дико Закарија

Дико Закарија имал 32 години.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Тој служел како младински локален водач. Секогаш бил подготвен да му служи на Џемаатот. Редовно ги клањал намазите и давал парични донации. Го сакал Џемаатот и Халифатот и редовно ги гледал хутбите. Копнеел да го запознае Халифата и бил примерен член на Џемаатот. Зад него останале сопруга,  две ќерки и син.

Дико Муса

Дико Муса имал 34 години, и исто така бил локален младински водач.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Секогаш учествувал во програмите на Џемаатот. Редовно клањал намази и давал парични прилози. Во неговото место немало џамија и затоа направил шупа во која можело да се клања намаз. Редовно му праќал писма на Халифата.

Зад него останале две жени и три ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да им подари милост и прочка и на двајцата да им ја воздигне положбата во Џеннетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека моменталните прилики во светот покажуваат потенцијал за зголемување на вакви терористички напади и се молеше Аллах џ.ш. на светот да му овозможи да го осознае вистинскиот пат и да му подари разум.

Мухаммад Јусуф Балоч

Мухаммад Јусуф Балоч од Синда неодамна починал.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Во неговото семејство Ахмадијатот влегол преку хазрети Гулам Расоол Рајики.

Зад него останала сопруга, седум сина и четири ќерки.

Еден од неговите синови служи како имам во Брегот на Слоновата Коска и не можел да присуствува на џеназата.

Двајца од неговите внуци, исто така, служат како имами.

Редовно клањал намаз и го учел Чесниот Кур’ан.  Тој на своите деца им ја всадил љубовта кон Халифатот. Бил многу гостопримлив и поради тоа многу не муслимани дошле да изразат сочувство и кажале дека секогаш им помагал на сиромашните.

Мубариза Фароок

Мубариза Фароок од Рабва била дел од Вакф-и-Нау.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Кога била млада, допрела електричен кабел под напон поради што и двете раце и биле парализирани и морале да и ги ампутираат. Меѓутоа, никогаш не изгубила надеж и продолжила да учи. Прво научила да пишува држејќи го моливот во уста, а потоа држејќи го помеѓу двата лакта.

Продолжила со школувањето и магистрирала на арапски јазик.

Исто така, некое време служела во Тахир институтот за срце. Чесниот Ку’ан го научила со преводот и во своето локално подрачје држела часови.

Зад неа останале родители, двајца браќа и две сестри.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и подари милост и прочка и на нејзините родители  да им подари трпение.

Анзумана Бутара

Анзумана Бутара бил локален мисионер во Брегот на Слоновата Коска.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Бил едноставен, редовно се молел, постел и бил честит човек. Бил предаден на молитвата и имал длабока љубов спрема Халифатот. Ахмадијатот го прифатил кога сонувал како оди низ шумата и ја рецитира исламската вера. Подоцна, дознал дека тоа е истото село кон кое одел во сонот и го посетил имамот на Ахмадијатот. Така, заминал таму и откако ја слушнал пораката го прифатил Ахмадијатот и се заколнал на верност.

Во својата куќа основал џамија во која и другите ги подучувал на верата.

Имал прилика да го запознае Четвртиот Халифа р.х. во Велика Британија, а исто така, имал прилика да учествува во фрнцускиот МТА програм.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. со него се сретнал во 2004-та година при неговата посета и рекол дека оваа средба му го сменила животот бидејќи по тоа бил излечен од болеста која ја имал.

Бил потполно верен на Халифатот. Такви верни поединци и се дадени на заедницата на Ветениот Месија а.с. дури и во далечните краишта.

Хазрети Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. и понатаму на оваа Заедница да и подарува такви џематлии.