In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Зошто се пости?

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека овие денови поминуваме низ месец Рамазан, и дека поминало 20 дена откако започнал Рамазан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека со Аллаховата милост верниците даваат сè од себе целосно да го искористат овој благословен месец.

Аллах џ.ш. рекол дека постот е пропишан за да станеме богобојазливи.

Ние можеме вистински да имаме корист од Рамазан само кога се обидуваме да ја зголемиме богобојазливоста.

Постот е штит

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за нас постот е штит. Дали тоа значи дека е доволно постот да го започнеме наутро, и да го прекинеме навечер? Нè, наместо тоа мораме да размислуваме за вистинската цел на постот, а тоа е воспоставување на богобојазливоста. Ако сакаме со постот да го постигнеме Аллаховото задоволство и Неговата близина, тогаш мора да го досегнеме стандардот кој Аллах џ.ш. ни го поставил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ние тврдиме како сме муслимани и постапуваме по учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и оти сме го прифатиле Месијата, чие доаѓање го претскажал Пратеникот с.а.в.с., а кој се манифестирал во ликот на хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. од Кадијана.

Прифативме дека победата на исламот ќе дојде преку него. Затоа, за да го всадиме вистинскиот дух на исламот, мораме да ги бараме и да ги добиеме упатствата од Ветениот Месија а.с..

Како да се постигнат степените на богобојазливоста

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. ја објаснил вистинската суштина на Таква, т.е. богобојазливоста. За да можеме да ја воспоставиме Таква (богобојазливоста) мора да се воздржиме од сите облици на зло. Мора да се анализираме самите себе и да видиме дали ги исполнуваме должностите кон Аллах џ.ш. и должностите кон Неговите суштества. Ова може да се постигне само кога имаме знаење за нив, така што мораме да се здобиеме со знаење за тоа што Аллах џ.ш. ни наредил и што ни забранил. За да се стекнеме со знаење, мора да го читаме Чесниот Кур’ан и да ги забележиме сите работи кои Аллах џ.ш. ги забранил.

Учењето на Чесниот Кур’ан со големо внимание

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на месецот Рамазан го зголемуваме вниманието на учењето на Чесниот Кур’ан. Мораме да го читаме додека трагаме за оние нешта кои Аллах џ.ш. ги наредил и на работите кои ги забранил. Мораме да бараме, да проучуваме и да ги практикуваме тие нешта.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, сè додека личноста не ја усвои богобојазливоста, молитвите на таа личност не можат да бидат прифатени, како што Аллах џ.ш. вели:

„Аллах прифаќа единствено од богобојазливите.“

(5:28)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, врз основа на мислењето на Ветениот Месија а.с. објаснил оти, кога се примаат молитвите, тоа се однесува на благословите и резултатите на молитвите кои имаат влијание врз оној што клања.

Ако човекот во себе има траги од неправда тогаш, и наспроти клањањето молитви, тоа останува само физичка работа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, ако не бидеме свесни за овие работи, тогаш нашиот пост не треба да го сметаме како штит за нас. Можеби, наутро сме го започнале постот, сме го прекинале на заоѓање на сонцето, останале гладни цел ден, но нема да ја постигнеме вистинската суштина на тоа.

Аллах џ.ш. ги исполнува потребите на богобојазливите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистинската Таква е кога личноста стане очистена до состојба кога мелеките ќе ја гушнат. Крадците крадат за да ги задоволат своите потреби, но, ако останале трпеливи, можеби Аллах џ.ш. ќе им ја исполнил таа потреба.

Значи, постои изрека на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., во која тој вели дека некој краде кога е во состојба на неверување.

Значи, со други зборови, забораваат дека Аллах џ.ш. гледа  во тој дека стануваат неверници.

Не се работи само за кражба на материјални работи, туку и за нечесност во работата.

Од друга страна, ако човекот воспостави Таква тогаш Аллах џ.ш. ги отстранува овие нешта од нивниот пат што ги доведува до неверување, и ги исполнува нивните потреби.

Разликата помеѓу успехот на верникот и неверникот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои ајет во Чесниот Кур’ан кој вели:

„Што се однесува до оние кои велат: ’Нашиот Господар е Аллах‘, а потоа остануваат непоколебливи, мелеките се спуштаат на нив, зборувајќи: ’Не плашете се и не тагувајте; и радувајте се на Џеннетот на кој ви е ветен‘.“ (Чесниот Кур’ан, 41:31)

Тоа значи дека, откако личноста поверува во Аллах џ.ш., треба да остане упорна во тоа верување и да не дозволи верата да и ослаби ниту во најмалата работа. Останувајќи непоколеблив во верата, на човекот му се дава радосната вест за Џеннетот и Аллаховата помош на овој и на идниот свет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои разлика помеѓу успехот на верникот и неверникот.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека верникот е понизен кога прима било каков успех или благослов, бидејќи сфаќа да сè што му е дадено, или што и да постигнал, не е поради сопствените способности или вештини итн. …

Туку, наместо тоа, сфаќа дека сè што постигнал е само благодарение на Аллах џ.ш..

Од друга страна, неверниците усвојуваат исклучива заслуга за своите постигања што ги води во патот на темнината.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., понатаму, го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека, на оној кој ќе даде предност на Аллах џ.ш., Аллах џ.ш. му дава предност.

Значи, личноста која ќе ја усвои Таква почнува да ги добива  нејзините награди уште на овој свет.

Потоа, ако нашите напори не привлекуваат кон поблиска врска со Аллах џ.ш. и не охрабруваат да правиме повеќе добри дела, тогаш тоа е најдобар начин да дознаеме дали Аллах џ.ш. ќе ги прифати.

Таква, (богобојазливоста) бара правилна употреба на нашите можности.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи да го цитира Ветениот Месија а.с., кој објаснил дека усвојувањето на Таква (богобојазливоста) ја вклучува исправната употреба на она што Семоќниот Аллах ни го  подарил.

Своите очи мора да ги користиме на исправен начин и да се воздржуваме од гледањето на лоши работи. Мора да ги користиме ушите исправно и да се воздржуваме од слушањето на грди работи. Мора да го користиме срцето правилно и да ги искорениме нашите зли мисли така што ќе направиме Истигхвар (молитва за барање прочка).

Понатаму, усвојувањето на Таква (богобојазливоста) подразбира исполнување на должноста спрема Аллаховите суштества и служење на нив, дури и на најмал начин, со мисла дека тоа е продолжување на должноста кон Аллах џ.ш..

Затоа, богобојазливоста е споредена со облека, што укажува дека вистинската духовна убавина може да се постигне само со настојување да се чекори по најдобрите патишта на богобојазливоста.

Ахмади муслиманите мора да останат цврсти во својата вера

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека богобојазливоста подразбира држење настрана од сите видови на нови работи.

Ветениот Месија а.с. рекол дека вистинската побожност ја напуштила земјата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за случка од свое време, кога во Гана еден министер спомнал дека мнозинството луѓе во затворите биле муслимани. Му било кажано дека, сепак, ако истражи ќе открие како никој од нив не е Ахмади муслиман. По истрагата, ова се покажалоо точно.

Значи, вистинските верници се тие кои чекорат со стравот кон Аллах џ.ш. и ја усвојуваат чистотата и побожноста во сè што работат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, сè додека нашето општество продолжува да паѓа во нови длабочини, Ахмади муслиманите мора да останат решителни во својата вера, бидејќи Ахмадијатот има вистински одговор за враќање на општеството од оваа состојба.

На крајот, ветувањата дадена на Ветениот Месија а.с. ќе бидат исполнети;

„Ќе биде несреќа ако нашите постапки не одведаат надвор од рамките на неговото учење.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. објаснил дека постојат такви на кои Аллах џ.ш. им ги дал благослов, но се обидуваат да ги сокријат, не сфаќајќи дека тоа е облик на неблагодарност.

Значи, ако Аллах џ.ш. некому му дал благослови, тогаш тој би требало да има корист од тие благослови и благодарноста кон Аллах џ.ш..

Исто така, неопходно е спрема своето семејство да се однесуваме чесно, а не да бидеме неправедни дома со жената и децата.

Како што Чесниот Кур’ан вели, со нив треба да се однесуваме љубезно.

Затоа, неопходно е да се усвои богобојазливоста и во општеството и во својот дом.

Кога човекот ќе ја воспостави богобојазливоста, станува просветелен; неговите постапки, зборови и мисли стануваат природно наклонети на доброта.

За вистинска љубов спрема Аллах џ.ш. потребно е жртвување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека овие работи бараат вистинско препознавање на Аллах џ.ш.. Вистинскиот страв од Аллах џ.ш. може да се воспостави само кога човекот вистински ќе го препознае Аллах џ.ш..

Тогаш се постигнува богобојазливост.

Слично на тоа, човекот не може вистински да го сака Аллах џ.ш. сè додека не е подготвен да поднесе напор поради Аллах џ.ш..

Всушност, самиот збор ’ислам‘ значи жртвување на самиот себе. Соодветно со тоа, човекот не може да го сака Аллах џ.ш. додека вистински не Го препознае.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова се стандардите на богобојазливост која од нас ја очекуваат Аллах џ.ш., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Ветениот Месија а.с..

За да се достигне богобојазливост Аллах џ.ш. ни пропишал пост

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме остатокот на нашиот пост да го завршиме со намера да ја постигнеме богобојазливоста, и постот кој веќе сме го воспоставиле да биде прифатен.

Алалх џ.ш. не го гледа статусот туку богобојазливоста

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден човек дошол кај Ветениот Месија а.с. и го прашал како да му даде заклетва на верноста, кога не е од Сјед потекло.

Овие денови, некои Арапи исто така изнесуваат тврдење дека Месијата треба да е од редовите на Арапите.

Меѓутоа, Ветениот Месија а.с. му одговорил на човекот дека Аллах џ.ш. не задоволен само со статусот на човекот или со потеклото, туку Аллах џ.ш. ја гледа богобојазливоста на човекот и согласно на тоа го доделува статусот.

Дури, и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека хазрети Фатима р.а. не треба да биде горда само со тоа што е ќерка на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи Аллах џ.ш. не гледа на нечиј статус.

Всушност, Аллах џ.ш. е тој кој дава статус, гледајќи во Таква (богобојазливоста).

Ветениот Месија а.с. рекол дека Семоќниот Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„А кој од Аллах се плаши – Он ќе му најде излез. И ќе го обезбеди оттаму од кај што не очекува“.

(Чесниот Кур’ан, 65:3-4)

Ветениот Месија а.с. прашал дали ова е ветување дадено на оние кои се Сајед, или на оние кои ја постигнале богобојазливоста? Тогаш, најважно нешто е да се воспостави богобојазливоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека богобојазливите луѓе не се само оние кои другите ги сметат за богобојазливи пред Аллах џ.ш.. Тоа се тие кои можат сè да изгубат, но сепак остануваат верни на својата вера и верувањето во Аллах џ.ш..

Значи, едноставното поседување на некои добри квалитети не е доволно да ја опфати богобојазливоста, туку, мора да се придржуваме на сите аспекти на богобојазливоста, што подразбира исполнување на должноста кон Аллах џ.ш. и Неговите суштества, до највисок степен.

Значи, луѓето, за кои Аллах џ.ш. вели дека ја усвоиле богобојазливоста, се оние кои дале сè од себе и се потрудиле да ја досегнат Таква (богобојазливоста) во сите нејзини аспекти.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. одговорил на оние кои го нарекле неверник, говорејќи дека сите предзнаци за доаѓањето на Месијата се исполниле, па така, оние кои го отфрлат Месијата не можат да се сметаат за тие кои поседуваат богобојазливост.

Чесниот Кур’ан вели дека Иса а.с. починал, а тие го сметаат за жив; како тогаш тоа може да се смета за богобојазливост?

Вистинската Таква (богобојазливоста) не може да е спротивна на Чесниот Кур’ан, туку вистинската богобојазливост може да се научи преку Чесниот Кур’ан кој подучува на најдобриот пат на богобојазливоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека навел разни цитати за да го разбереме вистинското значење и суштината на богобојазливоста и да можеме да ја имплементираме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека  наредните денови од Рамазан треба да ги поминеме во обид да ја сфатиме вистинската суштина на Рамазан, и да настојуваме да станеме едни од оние кои ја исполнуваат должноста кон Аллах џ.ш. и Неговите суштества, и се молеше Аллах џ.ш. да ни подари можност да го постигнеме тоа.