In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – писмото до цела Арабија

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во последната хутба, во која зборувал за хазрети Абу Бакр р.а., се задржал на објаснувањето како хазрети Абу Бакр р.а. не ги казнувал луѓето поради оставањето на исламот туку поради побуни и злочини.

Хазрети Абу Бакр р.а останува решителен во соочувањето со големите предизвици

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Хакам (судија) и Адл (праведен арбитер) на ова доба, Ветениот Месија а.с., исто така, потврдил дека одметниците во времето на хазрети Абу Бакр р.а. кренале побуна.

Ветениот Месија а.с. го опишал тоа опасно и турбулентно време кое настапило поради отворената побуна, пред кое хазрети Абу Бакр р.а. останал храбар и решителен.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил многу тажен поради работи кои им се случиле на овие луѓе, и плачел во намаз. Неговата ќерка Ајша р.а. опишува дека хазрети Абу Бакр р.а. се соочил со сите видови на побуна и на проблемите на почетокот на својот Халифат, и додала дека, ако истиот товар бил поставен на планина, и планината би се урнала. Меѓутоа, со помош на Семоќниот Аллах, хазрети Абу Бакр р.а. стоел цврсто сè додека не ги искоренил сите закани кои се појавиле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. и понатаму го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол да во времето кога хазрети Абу Бакр р.а. бил наметнат со наметката на Халифатот.

Мракот со кој бил окружен муслиманскиот уммет бил отстранет така што луѓето постојано го фалеле и му честитале на хазрети Абу Бакр р.а., и биле подготвени да му бидат послушни во секоја работа. Сето тоа било поради вистинитоста и побожноста на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Абу Бакр р.а. ги собира муслиманите за борба против побуната

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на овој бран на побуната хазрети Абу Бакр р.а. пратил разни преговарачи. Постоеле такви кои одбивале да дадат зекат, но имало и такви кои станале одметници, а потоа се побуниле и почнале да убиваат муслимани. Хазрети Абу Бакр р.а. решил да добие податоци за движењето на оваа група и затоа ја собрал муслиманската војска и тргнал од Медина.

Хазрети Али р.а. побарал, наместо хазрети Абу Бакр р.а., некој друг да ја прати војската бидејќи хазрети Али р.а. се плашел во текот на битката нешто да не му се случи на хазрети Абу Бакр р.а.. Хазрети Абу Бакр р.а. го прифатил овој предлог и ја упатил војската напред, а тој се вратил во Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. ја поделил муслиманската војска во единаесет баталјони со поставени водачи, и на секој од нив им дал знаме. Биле пратени на разни места каде се наоѓале бунтовниците, вклучувајќи ги и оние под водство на лажните пратеници. Хазрети Абу Бакр р.а., исто така, на секој баталјон му дал инструкции да остават силни муслимани во подрачјата во кои биле распоредени за да се осигура сигурноста во регионот.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил постојано известуван и бил во текот со движењето на секој од овие баталјони, и секогаш знаел кога тие извојувале победа. Побуната започнала три месеци порано, бидејќи бунтовниците сметале дека имаат предност и дека за кратко време ќе можат да ги избришат муслиманите и не биле подготвени за организираната муслиманска војска со која се соочиле, и затоа биле поразени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека оваа дистрибуција на баталјоните на хазрети Абу Бакр р.а. воспоставила одличен систем под кој муслиманска војска останала во стална меѓусебна комуникација, дури и кога баталјоните биле праќани во различни подрачја.

Хазрети Абу Бакр р.а., исто така, задржал дел од војската во Медина за да го заштити главниот центар, а задржал и група од постари асхаби поради консултација во врска со поважните прашања.

Така, под водство на хазрети Абу Бакр р.а. бил воспоставен систем на власта.

Писмото на хазрети Абу Бакр р.а. до цела Арабија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во тоа време хазрети Абу Бакр р.а. напишал писмо до сите кои живееле во Арабија, наведувајќи дека тој верува во она што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го донел, и сите кои ги порекнуваат тие пораки се неверници.

Тој рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на овој свет бил пратен со вистината, како носител на радосни вести и како предупредувач. Оние кои го прифатиле добиле благослов од Аллах џ.ш. на светлина и упатството.

Хазрети Абу Бакр р.а., потоа, преку ајетите на Чесниот Кур’ан објаснил дека по исполнувањето на својата мисија, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. морал да умре, како што пред него починале и сите останати, истото и нему ќе му се случи.

На пример, Семоќниот Аллах вели:

„На ниту едно човечко суштество пред тебе не сме му дале вечен живот. Ако тогаш ти умреш, дали тие за секогаш ќе живеат овде.“ (Чесниот Кура’ан, 21:35)

Исто така:

„А Мухаммед е само Пратеник. Навистина, сите пратеници починале пред него. Ако тогаш умре или биде убиен, дали ќе се свртите на своите пети? А оној кој на петите се сврти, нема да му наштети на Аллах. А Аллах сигурно ќе ги награди благодарните.“ (Чесниот Кур’ан, 3:145)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., а кој го обожава Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., рекол дека треба да знае дека тој починал.

Тие кои го обожаваат Аллах џ.ш. треба да знаат дека Он е вечно жив и дека секогаш ќе бидат.

Хазрети Абуу Бакр р.а. рекол дека на сите им наредил да веруваат во Аллах џ.ш. и пораката која ја донел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Тој рекол дека само тие можат да ги постигнат упатствата кои Аллах џ.ш. им ги дал. Нивните добри дела би биле прифатени во очите на Аллах џ.ш. кога би го прифатиле Аллах џ.ш. и Неговата вера.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова писмо било пратено до секој водач кој бил поставен во различните батаљони. Хазрети Абу Бакр р.а. ги известил луѓето дека на војската и дал инструкции да не се бори, туку луѓето да ги повикува да ја прифатат пораката наведена во овие писма. Ако, сепак, одбијат и останат на својот пат, војската ќе нема друг избор туку ќе се бори против нив.

Опомените за водачите од секој батаљон

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., исто така, напишал упатено до секој водач распореден во единаесетте батаљони. Тој им наредил да ја усвојат праведноста и дека не треба веднаш да се борат кога ќе стасаат до одредиштето. Прво треба да ги повикаат во вера и да ја исполнат својата должност. Меѓутоа, ако видат дека народот е наклонет на побуна и борба, тогаш не треба да се предомислуваат да се борат со оружје за да ја завршат неправдата и суровоста која непријателите ја направиле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно го нагласи фактот дека не се работи само за тоа дека овие луѓе го напуштиле исламот, туку за луѓето кои правеле грди злочини и суровости, и затоа со нив треба да се однесува согласно со наредбите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кој вели дека надоместот за злочин треба да биде сличен на направениот злочин.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во еден хадис се спомнува дека се дадени инструкции да се спалат одметниците.

Ова не била општа инструкција, бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека само Аллах џ.ш. може да казни со оган.

Во овој случај оваа наредба е дадена само затоа што тие луѓе ги запалиле муслиманите, и затоа ова е препорачано како облик на праведна и еднаква казна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на месецот Рамазан темите на хутбите ќе бидат поинакви од овие, но ќе продолжи со оваа тема кога следниот пат ќе зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..