In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Казна за отпадништвото од верата

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за нередите кои се случувале во текот на Халифатот на Хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека разните племиња од Арабија му го свртеле грбот на исламот и почнале да креваат неред.

Во тоа време, Евреите и христијаните ја кревале главата бидејќи сметале дека исламот е слаб. Хазрети Абу Бакр р.а. го советувале дека, бидејќи луѓето веруваат дека војската на хазрети Усама р.а. е последен муслимански отпор, не треба да ја праќа во освојување. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека, и да знае како од сите страни ќе го нападнат, не би ги сменил упатствата која му ги упатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Дали казната за отпадништво од вера е смрт?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овие инциденти можат да доведат до прашање дали казна за отпадништво е смрт?

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. многу луѓе ја напуштиле верата, или се оддалечиле и се спротивставиле на давањето на зекат. Историските книги сите нив ги забележиле како отпадници, и против овие луѓе хазрети Абу Бакр р.а. се борел.

Историчарите заклучиле дека, бидејќи хазрети Абу Бакр р.а. водел џихад против овие луѓе, со самото тоа казната за отпадништво е смрт. Истите тие, затоа го пофалувале хазрети Абу Бакр р.а. како херој, односно, Хатм-и-Небувет.

Меѓутоа, во текот на исправно водените Халифи, концептот на конечност на пратеништвото никогаш не бил во опасност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се разгледа дали Чесниот Кур’ан и праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тврдат дека казната за отпадништво е смртта, и дали постои било која друга казна во таа смисла.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во исламската терминологија отпадништвото се однесува на оние кои се одвојуваат од верата и потполно се оддалечуваат од неа.

Отпадништвото во Чесниот Кур’ан се спомнува во разни случаи, меѓутоа, не и било каква световна казна.

„Ако меѓу вас некој се оттргне од својата вера и умре како неверник, тоа се оние чии дела биле залудни и на овој, и на оној свет. Тоа се жителите на Огнот и во него ќе пребиваат“ (2:218)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овој ајет јасно покажува дека казната за отпадништво е смрт.

Во друга прилика во Чесниот Кур’ан стои:

„О верници! Кој од вас ја напушти својата вера, тогаш Аллах сигурно ќе донесе луѓе кои Он ќе ги сака и кои ќе го сакаат Него, благи спрема верниците и строги спрема неверниците. Тие   ќе се борат на Аллаховиот пат и нема да се плашат од прекорот   на ниту еден клеветник. Тоа е Аллаховата благодат; Он ја дава кому сака; а Аллах е дарежлив (и) има трајно знаење.“ (5:55)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тука се спомнува дека на местото на одметниците ќе бидат доведени други луѓе, и не се спомнува дека казната за отпадништвото е смртта.

Потоа, уште еден ајет работата ја прави по јасна:

„На оние кои веруваат, па не веруваат и повторно веруваат, и повторно не веруваат и неверувањето се зголемува, Аллах никогаш нема да им прости и нема да ги упати на патот“ (4:138)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е јасно како не постои смртна казна за отпадништвото.

Четвртиот Халифа р.х. елаборирал дека ако казната за отпадништво е смрт, тогаш не постои прилика отпадникот да се врати во верата по неверувањето, како што е и спомнато во горниот ајет.

Во религијата нема присила

Понатаму, Чесниот кур’ан учи дека по прашањата на верата нема присила:

„Нема присила во верата. Сигурно, Правиот пат се разликува од заблуда; затоа, кој и да го одбие шејтанот, и верува во Аллах, навистина се фатил за толку силна рачка, чие кршење е невозможно. А, Аллах е Оној кој се слуша (и) има трајно знаење“ (2:257)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Кур’ан јасно пропишува дека во верата нема присилување, тогаш, не може да постои световна казна за отпадништво.

Чесниот Кур’ан, исто така, го спомнува лицемерството кое се појавува во многу прилики, и тие се опишани како зло, а нивните дела дури и полоши од делата на отпадниците.

Сепак, не се спомнува ни световната казна за луѓето само врз основа на лицемерието.

На пример:

„Кажете: ’Трошете доброволно или не, нема да ви се прими.‘ Вие навистина сте непослушен народ.“ (9:53)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече цело едно поглавје е објавено во Чесниот Кур’ан за лицемерите во кое се вели:

„Тие, своите заклетви ги направиле штит; така, и луѓето ги одвраќаат од Аллаховиот пат. Сигурно е зло тоа што го правеле.“ (63:3)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е јасно како за такви луѓе не постои смртна казна во светло на учењето на Чесниот Кур’ан.

Потоа, кога ќе го погледнеме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кому му е и објавен Чесниот Кур’ан, наоѓаме дека во исламот немало казна за отпадништвото.

Еднаш, бил еден човек, кој дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и побарал неговата заклетва на верност три пати да се поништи.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не одговорил на тоа негово барање и човекот, на крајот, ја напуштил Медина.

Ако казната за отпадништво била смртта, тој човек никогаш отворено не би го изјавил тоа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и наместо тоа, би се обидел тајно да ја напушти Медина.

Понатаму, ако казната за отпадништво била смртта, зошто тогаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не го предупредил на тоа?

Зошто, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не наредил да се чува стража над него, во случај да се обиде да замине, и во тој случај да се убие? Зошто, некој од сопатниците не го советувал да се преиспита бидејќи казната е смрт? Фактот, дека ништо од ова не се случило, јасно покажува дека не постои смртна казна за отпадништво.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уште еден доказ за тоа е делот од договорот на Худејбија каде еден од условите било да, ако некој стане отпадник, Курејшиите нема да имаат обврска да го вратат на муслиманите. Ако казната за отпадништвото во исламот била смртта, тогаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. никогаш немало да пристане на ваков услов. Меѓутоа, фактот дека се согласил покажува дека за отпадништво не постои смртна казна.

Како Чесниот Кур’ан не учи да го шириме исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека го цитирал вториот Халифа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а., кој вели дека по проучувањето на Чесниот Кур’ан станува јасно дека Кур’анот има цел исламот да се шири преку докази и аргументи, а не по пат на мечот и силата.

Значи, во исламот не постои казна за отпадништво. Ако било дозволено убивање на оние кои не се придржуваат до нечии уверувања, зошто христијаните, или луѓето од другата вера, не би имале право да ги убиваат оние кои не ги прифаќаат нивните уверувања?

Значи, потполно е спротивно со причина да се мисли дека во такви работи може да постои било каква сила или присила. Кога светот ова би го сфатил, тогаш, повеќе би ги немало суровоста и неправдата, посебно во името на религијата.

Зошто хазрети Абу Бакр р.а. земал оружје

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е докажано како казната за отпадништвото не е смртта.

Но, зошто тогаш хазрети Абу Бакр р.а. земал оружје против нив?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека во неговото време луѓето не само што биле отпадници, туку биле и бунтовници, кои се наоружувале против муслиманите и правеле голем неред.

Чесниот Кур’ан вели дека надоместокот мора да биде сличен на злочинот.

Не само што овие луѓе ја напаѓале Медина, туку исто така, ги напаѓале и невините луѓе. Правеле невидени злочини над оние кои останувале цврсти во својата вера, ислам. Оние кои се спротивставувале на зекатот настојувале да го завршат со меч, и поради тоа хазрети Абу Бакр р.а. морал да се бори против нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на оваа тема ќе продолжи да зборува и во идните хутби.

Накратко, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тие што се противеле на зекатот и отпадниците земале меч, краделе од благајната, ги убивале невините муслимани, и помеѓу грдите злочини  и живите ги палале.

И, како што Чесниот Кур’ан вели, надоместот мора да биде сличен на злочинот. Поради тоа, хазрети Абу Бакр р.а. се борел против нив.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе води џеназа во отсуство на неколку џематлии.

Мухаммад Башир Шда

Мухаммад Башир Шад бил пензионер мисионер и живеел во САД.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Мухаммад Башир Шад бил пензионер, мисионер и живеел во САД. Служел како мисионер во Пакистан, Сиера Леоне (каде основал печатница), Нигерија и Бенин.

Еднаш, додека Третиот Халифа р.х. бил во посета на Африка, Мухаммад Башир Шад сахиб му подарил сто нови Ахмадии. Кога Четвртиот Халифа р.х. требало да емигрира од Пакистан, Мухаммад Башир Шад сахиб бил тој кој ја одржал хутба во присуство на Четвртиот Халифа р.х..

Зад него останале сопруга син и четири ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му подари прочка и милост и на неговите деца да им овозможи да останат врзани за Џемаатот и Халифатот.

Рана Мухаммад Сиддик

Рана Мухаммад Сидик неодамна починал.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил редовен во клањањето на намазот и постот, поседувал многу доблести и силно бил врзан за Халифатот. Исто така, своите деца ги советувал секогаш да останат врзани со Халифатот.

Зад него останале шест сина и една ќерка. Еден од неговите синови е мисионер кој служи во Нигерија и не можел да присуствува на џеназа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на неговото семејство да му подари трпение, а на починатиот прочка и милост.

Др. Махмоод Ахмад Кхаваја

Др. Махмоод Ахмад Кхаваја бил од Исламабад неодамна починал.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Студирал во Пакистан и во странство, и, исто така, предавал на универзитетите во Пакистан и странство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека го запознал кога предавал на универзитетот во Гана и видел дека е скромен, несебичен, едноставен и одличен истражувач.

Зад него останале син и ќерка.

Тој, исто така, служел во Сиера Леоне под Нусрат Јахан проект.

Внимателно го проучувал Чесниот Кур’ан и се обидувал да ги практикува најдобро што може неговите учења. Бил познат и почитуван поради својата работа.

Сепак, останал скромен и бил многу искрен Ахмад. Многу луѓе од целиот свет пратиле пораки со сочувство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прочка и милост, трпение на неговото семејство и да им овозможи да продолжат и да ги работат неговите добри дела.