In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. – Нов почеток во Медина

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за случувањата во животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Прва задача после доаѓањето во Медина

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач)  рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. после доаѓањето во Медина најпрво го свртел вниманието за изградба на џамија. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) купил плац за 10 динари. Најпрво го подготвил земјиштето, потоа клањал намаз и после тоа положил камен темелник за изградба на џамија. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на градбата помагал за доста работи.

Се забележува дека износот кој е платен за купување на земјиштето за изградба на џамија го платил хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) поставил камен темелник на хазрети Абу Бакр р.а. му наредил да постави камен покрај неговиот, потоа, на хазрети Омер р.а. му рекол да постави камен покрај оној на хазрети Абу Бакр р.а., и на крај на хазрети Осман р.а. му наредил да постави камен покрај каменот на хазрети Омер р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на асхабите им доделил земјиште за да изградат свои домови, додека на хазрети Абу Бакр р.а. му доделил земјиште во близина на џамијата.

Воспоставување на братства

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. додека биле во Мека.

Запишано е дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставувал братски врски два пати, еднаш пред миграцијата и еднаш после миграцијата. После миграцијата Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одржал само две братски врски кои биле формирани пред миграцијата; помеѓу него и хазрети Али р.а., и помеѓу хазрети Хамза и хазрети Зајед.

За останатите асхаби воспоставени се нови братски врски.

Консултација со муслиманите пред битката кај Бедр

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал кон Бедр да го пресретне меканскиот трговски караван кој се враќал од Сирија. Во меѓувреме, Чесниот Пратеник дознал дека војска од Мека тргнала да го заштити трговскиот караван. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се посоветувал со своите асхаби како да постапи во таа ситуација, а меѓу асхабите имало различни мислења за тоа дали да се судрат и борат со војската која тргнала или да се продолжат кон трговскиот караван.

За бележано е дека во тој момент бил објавен следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„… како што твојот Господар тебе те изнел од твојата куќа со вистината; меѓутоа, една група верници тоа го мразела.“ 

(8:6)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после тоа хазрети Абу Бакр р.а. станал и одржал говор во знак на поддршка, а потоа и хазрети Омер р.а. го потврдил тоа. Хазрети Микдад р.а. рекол дека они ќе го поддржат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во она што Бог му го наредил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога стигнале до Бедр, асхабите поставиле шатор за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му рекле дека треба да остане во шаторот додека тие да тргнат во битка. Биле поставени неколку асхаби да го стражарат пред шаторот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) и хазрети Абу Бакр р.а. стоел на стража пред шаторот со извлечен меч, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја провел ноќта молејќи се на Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, хазрети Али р.а. прашал некои луѓе кој е најхрабриот меѓу муслиманите. Тие одговориле дека тоа е хазрети Али р.а.. Меѓутоа, хазрети Али р.а. рекол дека тоа е хазрети Абу Бакр р.а. бидејќи на денот на битката кај Бедр тој одлучувал кој ќе го чува Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Бакр р.а. стоел покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со излечен меч од корицата и покрај сите опасности кои демнеле наоколу, но сепак, доколку некој сакал да дојде до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. морал да помине преку хазрети Абу Бакр р.а..

Поддршка од Возвишениот Аллах бидејќи муслиманите биле помалку бројни

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. видел дека непријателските сили биле многу побројни и посилни од муслиманите, се свртел во правец на Каба и почнал да се моли, говорејќи дека ако Аллах џ.ш. дозволи муслиманите да бидат поразени тогаш никој не би останал на овој свет да Го обожава.

Додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел неговата наметка паѓала, но хазрети Абу Бакр р.а. ја враќал на неговите рамиња, говорејќи дека Аллах џ.ш. сигурно ќе ги исполни своите ветувања.

Малку подоцна, на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му бил објавен следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„Кога го молеше својот Господар за помош, а Он ти одговори говорејќи: ’Ќе ти помогнам со илјада мелеки кои следуваат еден после друг‘.“ 

(8:10)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тогаш Аллах џ.ш. спуштил силен дожд кој предизвикал земјата под нозете на меканците да омекне и тие да ја изгубат стабилноста под себе, додека муслиманите останале на цврсто тло и стабилни.

Значи, Аллах џ.ш. ја манифестирал својата помош, но за цело тоа време Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. продолжил да се моли.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. подоцна наведе дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. излегол од шаторот и ги храбрел муслиманите. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. храбро се борел ви битката заедно со хазрети Абу Бакр р.а., кој бил заедно со него.

Синот на хазрети Абу Бакр р.а. кој го немал прифатено исламот во време на битката, на својот татко му рекол дека се криел зад една карпа и можел во тој момент да го нападне, но тоа не го сторил бидејќи хазрети Абу Бакр р.а. му бил татко.

Хазрети Абу Бакр р.а., потоа изјавил дека неговиот син не се воздржал да стори лошо дело поради Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., туку затоа што Аллах џ.ш. одредил неговиот син покасно да го прифати исламот, и со тоа Он го спасил неговиот живот.

Односот и постапувањето кон воените заробеници

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по враќањето во Медина Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се консултирал со своите советници што треба да се направи со воените заробеници. Било вообичаено Арапите да ги убиваат нивните воени заробеници, меѓутоа, тоа не му одговарало на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се уште ниту една наредба не била објавена за односот кон воените заробеници.

Хазрети Абу Бакр р.а. предложил воените заробеници би требало да бидат ослободени после земањето откуп за нив, бидејќи покасно некои од нив би можеле да го прифатат исламот.

Хазрети Омер р.а. имал друго мислење, и рекол дека тие луѓе правеле злочини поради кои треба да се знае каков ќе биде нивниот крај.

Меѓутоа, поради својата блага нарав, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги прифатил советите на хазрети Абу Бакр р.а. да ги помилуваат воените заробеници со одреден откуп, и подоцна оваа одлука била поддржана со Аллахова наредба.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во одреден период во Медина се разболеле хазрети Абу Бакр р.а. и некои други асхаби. Хазрети Ајша р.а. постојано го посетувала нејзиниот болен татко, кој во една прилика изјавил дека смртта е поблиску отколку врските на неговите кондури.

Дознавајќи за ваквата ситуација во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел Аллах џ.ш. да им помогне и да стори Медина да му биде мила како што била Мека, и да ја отстрани болеста која бргу се ширела меѓу народот.

Поддршка и заклетва на муслиманите кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битката на Ухуд

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја опиша битката кај Ухуд, односно, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал за планот дека меканлиите ќе ја нападнат Медина, се консултирал со своите асхаби за тоа дали да останат во Медина и да го дочекаат непријателот или да му излегнат во пресрет. Некои од асхабите предлагале да останат во Медина и тука да го пречекаат непријателот, но други биле на ставот дека да излезат од Медина и да се борат против непријателот надвор.

Следејќи ја страста и на двете страни, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. донел одлука според нивните совети и одлучил да ги упатил да се бранат од непријателот на отворен простор, надвор од Медина.

Подоцна, дел од оние кои инсистирале да излезат од Медина пожалеле за тоа, посебно кога го виделе Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како се враќа облечен во својот оклоп, и тогаш изразиле големо жалење и рекле дека се во состојба да направат сè што ќе одлучи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Сепак, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека не му приличи на пратеник да го симне својот оклоп откако, претходно го облекол и дека ќе продолжи да се бори.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се заколнале неколку асхаби дека ќе се борат до својата смрт, ако треба. Сите тие, а и останатите војници храбро се бореле во одбрана на Медина и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓу кои бил хазрети Абу Бакр р.а..

Во текот на битката хазрети Талха ја жртвувал својата рака, и поради него ниту една стрела не можела да стигне да го погоди Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека во текот на битката кај Ухуд му биле скршени забите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Кога го забележал то хазрети Абу Бакр р.а. се упатил кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., го видел како крвави и како прстени од оклопот му се забиле во неговото благословено лица, но Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. инсистирал најпрво да погрижат за хазрети Талха р.а.  кој бил многу потешко повреден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  рече дека Абу Суфијан, кој ја предводел меканската војска, извикувал дека го убиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на муслиманите им наредил да останат мирни, да не зборуваат и да не превземаат никакви активности.

Абу Суфијан истото го викал и за хазрети Абу Бакр р.а. и за хазрети Омер р.а., но Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на своите асхби и војници им рекол ништо да не зборуваат. После ваквата ситуација меканлиите почнале да величаат еден од своите идоли.

Откако тоа го слушнал, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. погледнал кон асхабите и ги запрашал зошто не одговараат на таквите провокации, а потоа наредил да им го возвратат ударот на неверниците величајќи го Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува на истата тема и во наредните хутби.