In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Опсадата на Дамаск

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а. во врска со борбите кои се случиле во текот на неговиот живот.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе зборува за освојувањето на Дамаск.

Ова била последната битка во текот на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Дамаск е главен град на Сирија. Некогаш, тој бил центар на идолопоклонството, но подоцна христијанството се раширило. Градот, исто така, бил централна локација за трговија и преку него минувале многу каравани.

Дамаск бил добро утврден град со високи ѕидини кои ги окружувале границите што отежнувало влез во градот.

Опсадата на Дамаск

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. пратил разни војски во Сирија, и помеѓу другото го пратил хазрети Абу Убаид р.а. со војска во Хомс, кој бил блиску до Дамаск.

Подоцна, хазрети Халид бин Валид р.а. добил инструкции да оди во Дамаск и заедно со другите муслимански војски го опколиле Дамаск.

Луѓето од Дамаск се качувале по ѕидовите на својата тврдина и фрлале камења и стрели на муслиманите, кои се заштитувале со кожни штитови. Тоа треало 20 дена, без резултат. Жителите на Дамаск, внатре во тврдината, се соочиле со тешкотии и недостаток на храна бидејќи никој не можел да влезе. Во меѓувреме, муслиманите дознале дека Хераклиј формирал голема војска во близина на Ајнадајн.

Хазрети Халид р.а. во почетокот мислел дека треба да се борат против таа војска, меѓутоа хазрети Абу Убаид р.а. го советувал, бидејќи луѓето во Дамаск се наоѓаат во тешки  околности, дека сè уште не треба да замине. Хазрети Халид р.а. се согласил на муслиманската војска и наредил да тргне во жесток напад.

Хазрети Зирар р.а. е пратен во борбените сили на Хераклиј и храбрата борба на хазрети Хаул р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. во меѓувреме рече дека Хераклиј ја довел својата војска во помош на народот на Дамаск.

Хазрети Абу Убаидах р.а. предложил да се формира баталјон кој ќе излезе во борба против Хераклиј. Потоа, хазрети Зирар р.а. бил одреден со 500 јавачи да тргне во борба против Хераклиј и неговата војска.

Во почетокот се плашеле бидејќи противникот бил многуброен, но хазрети Зирар р.а. ги охрабрил војниците говорејќи дека не треба да се плашат од нивната бројност и дека никој не смее да бега од џихад.

Значи, муслиманите жестоко се бореле.

Во текот на оваа битка, хазрети Зирар р.а. бил заробен и наспроти обидите, муслиманите не успеале да го ослободат.

Кога хазрети Халид р.а. дознал за ова, бил многу тажен. Хазрети Абу Убаид р.а. му кажал дека треба да направи планови за продолжување на опсадата на Дамаск, а потоа да се бори против Хераклиј и неговата војска.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид р.а. се обидел да го ослободи хазрети Зирар р.а., а во случај веќе да бил убиен, тогаш имал намера да земе надомест.

На чело на муслиманската војска била личност која храбро се борела против непријателот во оклопите, но, не била препознатлива. Оваа личност отишла во непријателските редови и ударала по сите.

Хазрети Халид р.а ја прашал оваа личност кој е, и откако прво човекот се двоумел на крајот признал дека тој всушност е жена; Хаула, сестрата на хазрети Зирар р.а..

После тоа, муслиманите тргнале во здружен напад и ги поразиле Византијците, давајќи им сигурност на оние кои ја побарале.

Хазрети Халид р.а. ги прашал за хазрети Зирар р.а. и тие му кажале каде се наоѓа.

Хазрети Халид р.а. го одредил хазрети Рафај р.а. да оди и да го ослободи хазрети Зирар р.а., Хазрети Хаула р.а., исто така, побарала дозвола да оди со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите кога дошле го нашле хазрети Зирар р.а., тргнале во жесток напад и на крајот успеале да го ослободат хазрети Зирар р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, во меѓувреме, продолжила опсадата на Дамаск. Во тој момент, хазрети Абу Убаид р.а. се согласил муслиманите да одат во Ајнадајн и да се борат против војската на Хераклиј. Додека муслиманите патувале човекот, по име Боолис, ги нападнал муслиманите зад грб со војска од 6.000 јавачи.

Муслиманите се подготвувале за битка, и кога Боолис стасал, тргнал во напад. Муслиманите храбро се бореле, а во меѓувреме хазрети Халид р.а. пратил засилување. Боолис на крајот бил заробен, а од 6.000 јавачи не повеќе од 100 од нив се спасиле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Византијците заробиле муслимански жени, вклучувајќи ја и хазрети Хаула р.а..

Хазрети Хаула р.а. ги собрала муслиманските жени кои биле затворени и ги повикала да се бранат и да го нападнат непријателот. Тогаш сите од шаторот земале по еден стап и тргнале кон Визнатијците.

Околу 3.000 луѓе ги опколиле муслиманките, но кој и да се обидел да им пријде муслиманките го напаѓале и убивале. Во меѓувреме, хазрети Халид р.а. стасал со својата војска и ги поразил Византијците.

Муслиманската војска се враќа во Дамаск откако ги поразува Византијците во Ајнадајн

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманската војска, по поразот на Византијците кои се собрале кај Ајнадајн, се вратила во Дамаск. Во меѓувреме, жителите на Дамаск се обезбедиле со разни залихи, во случај муслиманите уште долго да ги опседат. Водачот на Дамаск, во тоа време Таумах, наредил жесток напад на муслиманите.

Хазрети Абан р.а. бил убиен во текот на овој напад, а подоцна неговата сопруга, Умм Таумах, се вратила на местото каде што бил убиен нејзиниот маж. Таа убила многу Византијци. Потоа, го гаѓала човекот со крстот кој го заштитувал Таумах и крстот му испаднал од раце.

Потоа, го целела Таумах и му фрлила стрела во окото, по што останал слеп на тоа око. Византијците биле присилени да се прегрупираат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите биле подготвени за друга опсада и истражувале како да најдат начин да ги поразат и да го освојат Дамаск.

Како резултат на истражувањето, хазрети Халид р.а. пронашол совршен момент да премине преку рововите и ѕидовите и така муслиманска војска влегла во градот.

Муслиманите ја преземале контролата над источниот влез и така луѓето од Дамаск отишел кај хазрети Убаид р.а. кој бил на западниот влез и побарале да направат договор. Хазрети Абу Убаид р.а. се согласил и мулсиманите надвор од тврдината биле пуштени внатре.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. починал пред да стаса оваа вест до Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со ова е завршено спомнувањето на битките во времето на хазрети Абу Бакр р.а., и дека  во идните хутби ќе продолжи да ги истакнува другите аспекти од неговиот живот.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предводи џеназа на неколку починати членови на Џемаатот.

Умар Абу Аркуб

Умар Абу Аркуб бил претседател на Џемаатот во северна Палестина.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

За Џемаатот дознал во 2010-та година преку МТА. Прво се молел, а потоа го прифатил Ахмадијатот. Со сите тешкотии бил трпелив. Многу го сакал Халифатот.

Првиот кат од својата куќа го посветил на Заедницата, каде членовите доаѓале да клањаат и да одржуваат состаноци. Наспроти тоа што противниците го наговарале да го напушти Ахмадијатот, тој останал непоколеблив и, всушност, расправал со нив до таа мера што тие немале никаков одговор.

Во своите последни денови од болеста го советувал синот да не биде тажен. Бил сакана личност.

Зад него останале сопруга три сина и четири ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на останатите членови од неговото семејство да им овозможи да го прифатат Ахмадијатот и Аллах џ.ш. да му даде милост и прочка.

Шеикх Насир

Шеикх Насир од Митхи Тхарпаркар.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Тој бил прв Ахмади  муслиман таму. Бил редовен во клањањето на намазите, гостопримлив и многу го сакал Халифатот. Многу луѓе го прифатиле Ахмадијатот преку неговите напори на проповедање. Тој се соочил со големо противење, посебно во времето на венчавката на неговите деца.

Четвртиот Халифа р.х. го пофалил говорејќи дека, ако во секој центар постои по еден Насир, тогаш ќе бидеме успешни.

Зад него останале два сина и четири ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот степен.

Малик Султан Ахмад

Малик Султан Ахмад е бивш локален мисионер под Вакф е Џадид.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Тој учел од четвртиот Халифа р.х. кога бил на челото на Вакф е Џадид.

Подоцна, бил пратен да служи во разни области. Имал голем жар да ја проповеда верата. Бил редовен во клањањето на молитвите, гостопримлив  и сакан од сите.

Зад него останале сопруга, три сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. со него да се однесува со проштевање и милост и да го воздигне неговиот статус.

Махбооб Ахмад Рајики

Махбооб Ахмад Рајики од Манди Баха-уд-Дин.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Зад него останале два сина и ќерка.

Бил син на хазрети Гулам Али Рајикиј и братучед на хазрети Маулвиј Гулам Расоол Рајикиј р.а. кои биле асхаби на Ветениот Месија а.с..

Бил верен на молитвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., на Ветениот Месија а.с. и го сакал Халифатот.

Три пати бил незаконито затворан.

Секогаш настојувал да клања намаз во џамија, дури и кога бил болен. Многу од оние кои не биле Ахмади муслимани се противеле на неговите дови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прочка и милост и да ја воздигне неговата положба и на неговото потомство да им овозможи да продолжат со неговите добри дела.