Хазрети Абу Бакр р.а. II – Битката со Иранците
По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за експедициите кои се случиле против Персиското царство во текот на ерата на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а.
Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека една од од тие борби е и битката кај Датус-Саласил, позната како битка кај Казимах во околината на Хафир. Битката е позната како Дхатус-Саласил (тоа од синџирите) бидејќи во текот на ова битка Персијците биле со синџири врзани еден за друг. Оваа битка била водена помеѓу Персијците и муслиманите на местото наречено Казимах во областа Хафир. Водачот на муслиманската војска бил хазрети Халид бин Валид р.а., а водачот на Персиската војска бил Хормуз.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека благородниците од Персија носеле шешири и колку бил повисок чинот имале и поскапи шешири. Најскапиот шешир бил 10 000 динари и него го носеле најугледните луѓе, а забележано е дека и шеширот кој го носел Хормуз изнесувал 10 000 динари.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред заминувањето Халид бин Валид р.а. му напишал писмо на Хормуз повикувајќи го да го заштити својот народ така што ќе се согласи да плати џизија (данок), и дека доаѓа со таква војска која смртта ја сака исто толку колку што тој го сака животот. Хормуз го известил Персискиот цар, а потоа ја собрал војската која отишла во Казимах да се бори против Халид бин Валид р.а..
Кога стасале, не го нашле и дознале дека, всушност, Персијците се наоѓаат во Хафир и тргнале натаму. Таму Персијците се врзале со синџири едни за други. Имало меѓу нив и такви кои не се согласувале со оваа стратегија и зборувале дека со тоа што се врзале со синџири само и прават услуга на противничката војска.
Измамничката тактика на Хормуз
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога хазрети Халид бин Валид р.а. дознал за доаѓањето на Персиската војска во Хафир, заминал во Казимах, а Хормуз го следел и подигнал логор кога дознал за ова.
Хормуз и неговата војска во тоа подрачје имале контрола над водата. Кога муслиманите му се пожалиле на хазрети Халид бин Валид р.а. како нема вода тој му наредил на извидникот да ги повика муслиманите да се борат со противниците за контрола над водата.
И двете страни се бореле и Хормуз смислил трик како да го повика хазрети Халид р.а. во двобој, и додека го држел под опсада на својата војска рекол да им пријде зад грб и да ги нападне.
Додека Хормуз и хазрети Халид р.а. се бореле луѓето од Персиската војска го опклоиле и го нападнале. Сепак, и наспроти тоа, хазрети Халид р.а. успеал да ги задржи подалеку и да го убие Хормуз.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите, кога го виделе тоа, ги нападнале Персијците, убиле многу од нив а останатите избегале. Муслиманите ги прогонувале тие што бегале и ги убивале.
Кога воениот плен, во кој се наоѓал и шеширот на Хормуз, му бил пратен на хазрети Абу Бакр р.а. тој му го дал на хазрети Халид бин Валид р.а..
Во слоп на пленот се наоѓал и слон и жителите на Медина за прв пат го виделе тоа животно. Го прошетале низ градот луѓето да го видат, и некои се прашувале дали е направен или е сепак Аллахово суштество. Хазрети Абу Бакр р.а. на крајот слонот му го вратил назад на хазрети Халид р.а..
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поразот на Персијците – чија моќ била широко ценета – ја зголемил самодовербата кај муслиманите.
Битката кај Убуллах
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се случила и битка кај Убуллах. Хазрети Абу Бакр р.а. го пратил хазрети Халид р.а. да го освои Убуллах во Ирак, бидејќи местово било силно упориште на Персијците.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека освојувањето на Убуллах во историските книги се спомнува како битка која се случила во времето на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а. и на хазрети Омер р.а..
Битката кај Мазар
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека имало и битка кај Мазар. Персискиот цар пратил војска под водство на Карин за да му помогне на Хормуз во битката кај Датус-Саласил. Меѓутоа, оваа војска стасала до Мазар и слушнала за поразот на Хормуз. Тие кои избегале се сретнале со Карин и се согласиле дека треба да се подготват за битка и да ги надоместат загубите.
Кога хазрети Халид р.а. дознал за ова, го известил хазрети Абу Бакр р.а. и заминал за Мазар. Двете страни воделе жестока битка во која и Карин бил убиен заедно со останатите водачи на војската. Тоа силно ја обесхрабрило војската и многу од Персијците избегале од бојното поле.
Запишано е дека во оваа битка загинале 30 000 Персијци. По оваа победа муслиманите со локалните жители се однесувале љубезно, дозволувајќи им да ја задржат сопственоста над својата земја и имотот и ги повикувале да плаќаат џизија.
Битката кај Валајах
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се одиграла и битка кај Валајах. По загубите во битката кај Мазар, Персискиот цар настојувал да организира подобро испланиран напад врз муслиманите. Тие го повикале истакнато племе од Ирак, по име Бакр бин Ва’ил, и ги поттикнале на борба против муслиманите, со што ја засилиле сопствената војска. Оваа војска била пратена во Валајах.
Персијците не сакале целата заслуга за евентуален пораз на муслиманите да и биде припишан на христијанската војска, и затоа друга Персиска војска, исто така, била пратена во Валајах.
Хазрети Халид за ова дознал кога бил во близина на Басра. Решил дека Персиската војска треба да ја нападне од три различни страни. Следела жестока битка која на крајот реултирала со пораз на Персиската војска.
Битката кај Улаис
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека имало и битка кај Улаис. Откако христијанската и Персиската војска биле поразени, Персијците избегале и се собрале во Улаис.
Персиската војска му била доверена на личноста по име Ѓабан. По доаѓањето во Улаис, Персијците решиле да јадат пред да тргнат во битката.
Кога хазрети Халид р.а. стасал во Улаис, тргнал кон Персиската војска и ја нападнал пред да успеат да јадат. Ѓабан им кажал на Персијците да ја отрујат храната, во случај муслиманите да победат и потоа да ја изедат нивната храна.
Дошло до жестока битка во која Персијците добро се бранеле од нападите на муслиманите. Кога го видел тоа, хазрети Халид р.а. му се молел на Аллах џ.ш. барајќи помош за победа.
Хазрети Халид р.а. смислил план да ги нападне Персијците од зад грб, што довело до тоа Персијците да се разбегаат и муслиманите победиле во битката.
Освојувањето на Амгешија
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека дошло и до освојување на Амгешија.
Муслиманите овде победиле без било каква борба. Кога жителите на Амгешија слушнале за доаѓањето на муслиманската војска избегале од градот. Абу Бакр р.а. бил известен за победата во Улаис и Амгешија и бил многу задоволен, посебно од начинот на кој веста му ја пренел човекот по име Џандал.
Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во идните хутби ќе продолжи да зборува на оваа тема.