In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Експедициите во Кинда и Хадрамаут

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за судирите кои се случиле помеѓу муслиманите и бунтовниците во текот на ерата на Халифатот на хазрети Абу Бакр р.а..

Експедиција во Кинда и Хадрамут

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека и порано ја спомнувал експедицијата на хазрети Мухаџир р.а. и хазрети Икрима р.а. на Кинда и Хадрамаут.

Кога хазрети Мухаџир ја утврдил својата положба во Сана, напишал писмо на хазрети Абу Бакр р.а. со детали за сите свои активности.

Слично на тоа, Муаз бин Џебел и други водачи во Јемен му пишувале на хазрети Абу Бакр р.а. и барале дозвола да се вратат во Медина.

Хазрети Абу Бакр р.а. им дал избор да останат таму или да се вратат, но, ако се вратат требало да именуваат некого кој ќе го заземе нивното место.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. му пишал на хазрети Мухаџир р.а. да му се придружи на хазрети Икрим р.а. и двајцата да отпатуваат во Хазремаут.

Тој, исто така, на оние кои се бореле против Меканците и Јеменците им дал опција да се вратат, но сепак би требало да земат учество во џихад.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., во врска со побуната во Кинда, рече дека, кога тамошните луѓе го примиле исламот, во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бил собран зекат и им бил поделен на жителите на Кинда и Хадрамаут. Жителите на Кинда кажале дека немаат камили за да јаваат и побарале зекатот да им го донесат тие кои ја имаат таа можност.

Чесниот Пратеник Мухаммед V с.а.в.с. ги замолил луѓето од Хадрамаут ако се во можност тоа и да го направат. По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. луѓето од Хадрамаут одбиле тоа да го направат, додека луѓето од Кинда останале непоколебливи во тоа. Како резултат на тоа, почнале да се премислуваат, посебно кога тоа се однесувало по прашањето за зекатот.

Зијад р.а., нивниот гувернер, чекал да дојде хазрети Мухаџир р.а. и не преземал никакви мерки против нив.

Напорите на хазрети Зијад р.а. против отпадниците

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека момче од Кинда случајно му ја дал камилата на братот на хазрети Зијад р.а. како зекат. По грешката и барањето да се врати камилата, хазрети Зијад р.а. помислил дека тоа им било само изговор и го одбил барањето.

После тоа, дошол човек по име Ебу Сумаид, и побарал да се врати камилата. Кога хазрети Зијад р.а. не се согласил, Ебу Сумаид самостојно ја земал камилата.

После тоа, луѓето на хазрети Зијад р.а. го нападнале Ебу Сумаид и неговата придружба. Кога овие луѓе конечно биле ослободени му се вратиле на својот народ и почнале да се подготвуваат за војна. На крајот, хазрети Зијад р.а. се борел против овие луѓе и решително ги поразил.

При транспортот во Медина караванот бил нападнат и затворениците избегале. Како резултат на тоа, многумина од околните подрачја станале отпадници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Зијад р.а. му пишал на хазрети Мухаџир р.а. и барал помош. Тој ја подготвил војската и ја нападнал Кинда. Луѓето од Кинда избегале и се засолниле во тврдината Нуџаир блиску до Хадрамаут.

Оваа тврдина имала три влеза; хазрети Зијад р.а. опколил еден од влезовите, хазрети Мухаџир вториот и третиот го опколил хазрети Икрим р.а..

Аш’ас, еден од водачите на Кинда, отишол кај хазрети Икрим р.а. и побарал засолниште, под услов да ги отворат вратите на тврдината. Потоа, кога била отворена едната врата, муслиманите влегле и биле убиени 700 луѓе од Кинда, додека 1 000 биле заробени. Во сите тие случки Аш’ас заборавил своето име да го вклучи во договорот со муслиманите. Пота, наместо да го поштедат, бил испратен кај хазрети Абу Бакр р.а. за тој лично да донесе одлука во врска со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го прекорил Аш’ас во врска со неговото однесување. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека бил подготвен да го осуди на смрт но Аш’ас побарал прочка и можност да го пуштат зборувајќи дека ќе биде побожен муслиман. Како резултат на тоа, хазрети Абу Бакр р.а. го пуштил, кажувајќи му дека од него сака да слуша само добри работи. Забележано е дека по пуштањето на слобода тој останал во Медина и дури учествувал во наредните битки како дел од муслиманската војска.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова биле последни битки против отпадниците, со што побуната била искоренета и сите племиња биле вратени под исламската власт.

Хазрети Абу Бакр р.а. им пишувалл на гувернерите на разни области, советувајќи ги во своето владеење да ги вклучат само оние кои не биле изгнасени од отпадништво и побуна.

Џихадот бил поради злобните бунтовници, не поради лажните тврдења за пратеништвото.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, според објаснувањето на хазрети Мирза Башир уд Дин Махмуд Ахмад р.а. лажните тврдења за пратеништвото не биле причина за водењето на овие битки. Всушност, тие кои лажно тврделе дека се пратеници и нивните следбеници се побуниле против владата и почнале да создаваат свои лични правила.

Понатаму, луѓето одбивале да даваат зекат и ја нападнале Медина. Имало разни инциденти, како што е одбивањето на хазрети Хабиб р.а., да се одрекне од верата во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да го прифати Мусаилим, поради што Мусаилим полека го сакател неговото тело сѐ додека не подлегнал на раните.

Ваквите инциденти јасно покажуваßат дека овие битки не биле водени поради одбивањето на послушноста кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и лажните тврдења за пратеништвото, туку битките се воделе поради донесувањето на новите закони и непочитувањето на воспоставениот Шеријат, како и поради отворената побуна против власта и воспоставување на нивната сопствена власт.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога побуната била искоренета, хазрети Абу Бакр р.а. сепак не бил сигурен бидејќи бил свесен дека можат да се појават и нови побуни во другите земји и дека мора исламот да го спаси од Римските и Персиските сили.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна некои експедиции кои се случиле за да се зацврсти сигурноста на исламот и муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во идните хутби ќе ги спомне деталите за тие битки.