In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Ден на Халифатот

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека денес е 27 мај, ден познат како ’ден на Халифатот‘ во Ахмадија муслиманската заедница.

Исполнување на Аллаховото ветување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач)   рече дека на овој ден одржуваме собири по повод ’Денот на Халифатот‘, но зошто? Важно е секогаш да се има одговор на ова прашање.

Овој ден започнал на 27 мај 1908 година кога Аллах џ.ш. го исполнил своето ветување, дека ќе воспостави Халифат во Ахмадија муслиманската заедница.

Ветениот Меисја а.с. веќе некое време го известувал џемаатот дека неговото време се доближува, меѓутоа, во исто време, тој ја дал радосната вест дека Аллах џ.ш. и ветил успех на оваа Заедница која ќе го води системот на Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на своите асхаби им кажал дека ќе остане меѓу нив сè додека тоа Аллах џ.ш. го сака, и дека по неговата смрт ќе биде воспоставен халифат според прописите на пратеништвото; овие халифи ќе бдат потполно послушни кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и халифатот ќе заврши кога Аллах џ.ш. тоа ќе го посака. Потоа, ќе се појави тиранска монархија, а по неа монархиска апсолутна и сурова власт.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал дека сето ова ќе се случи во муслимнскиот уммет, кога Аллах џ.ш. ќе ја подари својата милост и повторно ќе воспостави халифат според прописите на пратеништвото.

Потоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. замолчел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека ова претскажување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за престанокот на суровоста било за оние кои го прифатиле Ветениот Месија а.с. и постапуваат согласно на неговото учење.

Ако луѓето не ја искористаат оваа прилика која Аллах џ.ш. им ја дал, тогаш резултатот е сигурно оној кој го гледаме кај остатокот на муслиманскиот уммет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им овозможи на сите да го прифатат вистинскиот роб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Халифат кој ќе остане до крајот на времето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. молчел откако го спомнал второто воспоставување на Халифатот по прописите на пратеништвото, покажува дека оваа втора манифестација и ситем на халифатот ќе остане долго време. Постојат такви кои мислат дека молчењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. укажува на тоа дека овој халифат ќе заврши бргу по времето на Ветениот Месија а.с. Меѓутоа, самиот, Ветениот Месија а.с. објаснил дека оваа институција на халифатот ќе остане до Судниот ден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој кажал дека според Аллаховото ветување кое му е објавено во неговата книга Брахеен-е-Ахмадијја (Barahin-i-Ahmadijja), ќе се воспостави втора манифестација по него – а тоа е Халифатот – и ќе остане до крајот на времето, бидејќи Аллах џ.ш. ќе да подарува луѓе кои ќе го чуваат Халифатот и ќе се грижат за напредокот на оваа Заедница и Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ние, кои секогаш сме врзани за Халифатот, сме среќни, а несреќни се оние кои сакаат да го ограничат Халифат-и-Ахмадија на одреден временски период. Таквите луѓе ќе доживеаат пораз.

Втора манифестација која ќе ја продолжи мисијата на Пратеникот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека тој е прва манифестација која Аллах џ.ш. ја пратил, и дека по него ќе дојде втора манифестациа кој ќе служи како исполнување на втората манифестација во оживувањето на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на овој начин ветувањето кое Аллах џ.ш. му го дал на Ветениот Месија а.с. во врска со воспоставувањето на Халифатот и успехот на оваа Заедница сигурно ќе биде исполнето и сигурно ќе се оствари.

Ветениот Месија а.с. рекол дека според Божјите одредби, Неговите избраници секогаш ќе бидат победници, како што Он вели во Чесниот Кур’ан:

„Аллах одредил: ’Сигурно Јас и моите пратеници ќе надвладееме‘. Навистина, Аллах е силен и моќен.“  (58:22)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму го цитираше Ветениот Месија а.с. кој објаснил дека пратениците се задолжени на луѓето да им го претстават Аллах џ.ш. и да го посеат семето, но тоа семе во времето на пратениците не расте потполно. Наместо тоа, по нив доаѓа втората манифестација која се грижи за исполнувањето на нивната мисија.

Значи, институцијата на Халифатот, воспоставена по Ветениот Месија а.с., има иста цел.

Како таков, Аллах џ.ш. всадува посебна врска и љубов во срцата на луѓето кон Халифатот.

Всушност, оваа врска и љубов се воспоставени дури и во срцата на новите Ахмадии. Сето ова е возможно само благодарејќи на Аллаховите благослови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека историјата покажува како искреноста и лојалноста, покажана во времето на изборот на Првиот Халифа р.а., е јасен доказ на Аллаховата помош. Иако имало многу мал број на лицемери кои сакале да направат неред, сепак, не биле во состојба ниту главата да ја кренат.

Исто било и во времето на изборот на Халифа-тул Месих II р.а..

Сепак, светот после тоа видел како брзо се ширела Заедницата, со основањето на мисионерски куќи и со објавувањето на литература.

Потоа, во времето на Третиот Халифа р.х., наспроти големото противење на владата, Заедницата продолжила да се шири.

Во времето на Четвртиот Халифа р.х. се отвориле нови патишта во ширењето на исламот, и, иако постоеле такви кои се обидувале да го попречат, Заедницата само продолжила да цути уште повеќе.

Ако тоа не било исполнување на Аллаховото ветување, тогаш што било ?

Потоа, во текот на Петтиот Халифа, видовме огромен напредок кој го направи МТА со воспоставувањето на нови канали на повеќе јазици кои досегнуваат подалеку од претходно, и, како резултат на тоа, пораката на вистинскиот ислам дошла до оние кои никогаш пред тоа не слушнале за такво нешто.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по проучувањето на историјата на Ахмадијатот, заклучуваме дека самиот Аллах џ.ш. ги води луѓето да го прифатат Ветениот Месија а.с.. Ова продолжило во текот на првиот, вториот, третиот, четвртиот, и сега, со петтиот Халифа.

Сето ова е поради ветувањето кое Аллах џ.ш. му го дал на Ветениот Месија а.с.. Постојат безброј примери и докази како луѓето биле водени кон исламот на Ахмадијатот, така што Аллаховата рака и Неговата помош се очигледно јасни.

Исклучителни патишта по кои Аллах води на правиот пат кон исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе разни примери за тоа како луѓето на неочекуван начин го прифатиле исламот на Ахмадијатот.

На пример, еден христијанин од Гвинеа Бисао сонувал човек со турбан кој зборувал пред група луѓе. Истиот сон го сонувал три пати, но не можел да го препознае човекот. Нешто подоцна, бил во соседен град и видел Ахмади муслимани како гледаат хутба на МТА. Прашал кој е тоа, и му кажале дека е Халифа. После тоа, клањал со Ахмади муслиманите и рекол дека го прифаќа Ахмадијатот бидејќи човекот што го видел на МТА е истата личност која ја видел во сонот, и на луѓето им се обраќал на ист начин.

Значи, ова се начините на кои Аллах џ.ш. ги води луѓето, дури и ако живеаат на оддалечени места.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека некои се прашуваат зошто тоа на нив не им се случува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа се Аллаховите благодати, а исто така, неопходно е човекот да биде искрен и чист по природа за да го искуси ова.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа дека Ахмади муслиманите во Конго-Киншаса излегле да ја пропагираат пораката на исламот на Ахмадијатот, но се судриле со големо противење. Нешто подоцна, еден од луѓето кои се противеле ја повикал мисионерската куќа и рекол дека сака да го прифати Ахмадијатот со целото свое семејство. На прашањето што предизвикало ваква промена на мислењето, тој објаснил дека неговата сопруга го гледала МТА каналот и инсистирала и тој да седне со неа и да го изгледа обраќањето на Халифата во хутбата.

Иако човекот бил на чело на опозицијата против Ахмадијатот, откако ја слушнал хутбата на Халифата, го сменил мислењето во врска со вистината, и решил да го прифати Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа е начинот на кој самиот Аллах џ.ш. се грижи за исполнување на ветувањето дадено за успехот и победата на оваа Заедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за уште многу други случки за неочекувани начини на кои Аллах џ.ш. ги упатил луѓето ширум светот кон прифаќањето на вистината на исламот на Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа се начините на кои Аллах џ.ш. на Заедницата и ги дава искрените и верните луѓе, и дека сето тоа се случува по Аллаховата милост.

Ова е нешто што световните луѓе не можат да го разберат. Сè додека луѓето се врзани за Халифатот, тие ќе ги добиваат Аллаховите благослови. Меѓутоа, за да го постигнеме тоа, секогаш треба да бидеме свесни за своите постапки и да бидеме сигурни дека тие се согласни со Аллаховите наредби и заради постигање на задоволството на Семоќниот Аллах.

Како што Ветениот Месија а.с. објаснува, Аллах џ.ш. го спомнал  правењето на добрите дела заедно со спомнувањето на верата. Тогаш, секогаш мора да бидеме свесни за овие работи, за да можеме да станеме приматели на Аллаховите благослови кои Аллах џ.ш. му ги ветил на Ветениот Месија а.с..

Мораме сигурно да останеме врзани за Халифатот за да бидеме обединети во ширењето на пораката во целиот свет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секој Ахмади муслиман мора да ја има доблеста на искреноста и лојалноста со Халифатот, што за возврат ќе му овозможи да ја исполни целта на својата заклетва. Ова е, всушност, вистинската цел на обележувањето на Денот на Халифатот.

Џалса Салана во Гана и Гамбија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а рече дека денес започнува дводневна Џалса Салана во Гана. Главната локација на Џалса Салана се наоѓа во Бустан-и-Ахмад, со 119 сателитски локации на кои луѓето можат да им се придружат по пат на видео врска.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за успехот на оваа Џалса и за продолжувањето на искреноста и лојалноста на луѓето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Џалса Салана во Гамбија започнува денес и се молеше да успее.