Во името на Аллах милостивиот, сомилосен
Не постои никој повреден да се обожува од Аллах, Мухаммед е Аллаховиот пратеник
Муслимани кои веруваат во Имам Махди,
Хазрети Мирза Гулам Ахмед Кадиани (as)

Што е халифат?

Зборот халиф е позајмица од арапскиот خَلِيفَة (Халифа) и значи наследник на заменикот. Ако од една страна, тоа се однесува на институцијата халифат како духовно водство, од друга страна значи муслиманска држава управувана од страна на халиф во политичките и верските прашања. Меѓутоа, кога се повикуваме на Кур’анот, откриваме дека зборот калиф се користи само како духовно водство, со овие три значења:

  1. Божјите веровесници се исто така халифи, бидејќи тие го пренесуваат Неговиот закон и волја на земјата (2:31, 38:27).
  2. Халифи можат да бидат и оние веровесници кои се придржуваат до законите на претходните пратеници и служат како нивни наследници или заменици. На пример, Пратеникот Муса (нека биде благословен со мирот Божји) бил законодавен пратеник, додека гласниците кои дошле по него и го следеле законот што тој го донел се нарекуваат исто така и халифи (5:45).
  3. Третиот тип халифи ги вклучува оние верници кои, иако не се во ранг на пратеници, го знаат Божјиот закон и се обидуваат да го заштитат делувајќи како духовни водачи (5:45).

ЧОВЕКОТ: БОЖЈИОТ ЗАМЕНИК НА ЗЕМЈАТА

Бог го создал човекот како заменик на Земјата. Тој му дал супериорност над секое друго суштество и му подредил сè во негова служба (22:66). За да го достигне највисокото ниво на духовен, морален и интелектуален развој и да воспостави ред, правда и мир на земјата, Бог го создал човекот во најдобра состојба (95:5). Човекот уживаше во слободната волја и потребните способности за да може да ги научи Неговите својства. За да ги отслика божјите својства на земјата, Бог испратил и пратеници во различни времиња и места и им го открил Својот закон кој го одредувал начинот на живеење.

Кога човештвото го достигна највисокото ниво на ментален и интелектуален развој, Бог го избра буквално најсовршениот човек, Чесниот Пратеник Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), да ја пренесе последната порака. Како совршен пример (3:32, 68:5, 33:22), тој го пренесе совршениот закон, Чесниот Кур’ан, кој содржи целосен опис на природата на човекот, неговата психолошка состојба и ги покажува начините кои може да го водат до спасение. Учењето на исламот и неговото олицетворение во практиката на Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), донеле извонредна револуција на Арапскиот Полуостров. Арапските муслимани станале носители на правдата и светли предводници во сите области на животот.

Но, човечкиот живот во овој минлив свет е привремен. Затоа, смртта на Пратеникот (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), длабоко ги вознемирила муслиманите, коишто штотуку ги отфрлиле паганските догми и почнаа да ги живеат идеалите на исламот во една нова цивилизација.

ПРАВЕДНИОТ ХАЛИФАТ: ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ БЛАГОСЛОВИ

Кур’анот вели: „Аллах им вети на оние од вас кои веруваат и прават добро, дека Он сигурно ќе ги одреди за  халифи (наследеници) на Земјата, како што ги направи халифи оние кои беа пред нив; и дека Он ќе ја зајакне нивната вера која Он ја одбрал за нив и деке Он по стравот нивни сигурноста ќе им даде“ (24:56). Повторените пратенички повици за единство и соединување на муслиманите, исто така, ја оправдуваат потребата од лидер. Самиот Пратеник с.а.в.с. им дал упатства на муслиманите да ја продолжат оваа мисија преку Халифатот. Значи, како духовен водач, муслиманите ќе го изберат наследникот/заменикот на пратеникот, кој со титулата халиф, ќе ги води на патот на духовниот развој.

Ова ветување беше исполнето со примерот на Абу Бакр (нека биде Аллах задоволен со него), кој бил избран за Халифа на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. По него, хазрети Умар, Усман и Али (нека биде Аллах задоволен со нив) биле избрани еден по друг за праведни халифи (Ал-Хулафа-ур-Рашидун).

ПАДОТ НА МУСЛИМАНИТЕ И КРАЈОТ НА ХАЛИФАТОТ

Ветувањето на халифатот се засновало на три услови: Обожавање на Бога, давање зекат и целосна послушност кон Пратеникот с.а.в.с. (24:57). Но, кога муслиманите покажале духовен пад и непочитување на наредбите на Кур’анот, тие исто така беа лишени од овој голем дар. Праведниот халифат завршил во 661 година со смртта на хазрети Али (нека биде благословен со мирот Божји). Системите што следувале, иако продолжиле со титулата халифат, биле политички кралства засновани на деспотизам. Иако тие биле големи династии, кои владееле од исток до запад, недостатокот на духовно водство довел до внатрешни конфликти и длабоки религиозни поделби. Вистинскиот Пратеник  Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), ја предвидел, во добропознатиот хадис (Муснад Ахмад, бр. 17939), исто така, состојбата на муслиманскиот свет во 4 фази, опис што целосно се совпаѓа со хронологијата на настаните:

Прво, ќе се воспостави праведниот халифат (632-661),  по што ќе следува тиранско кралство (халифат Емевеј 661-750),    кое потоа ќе биде наследено од уште подеспотска монархија (Абасидската Монархија 755-1031, Фатимидите 909-1171, Османлиите 1517-1924),    и на крајот халифатот ќе биде обновен преку патот пратенички.

ХАЛИФАТОТ И ДРЖАВАТА?

Поради употребата на титулата халифат од страна на различни династии и монархии низ вековите, денес тој претставува широк спектар на идеи. Меѓутоа, основната идеја што е заедничка меѓу нив обезбедува духовно водство, на чие чело стои халифот, како Божји заменик на земјата, кој има за цел да воспостави ред во муслиманското општество според Божјата волја.

Дали воспоставувањето на редот ќе биде доброволно или наметнато како норма од страна на државната власт или насилно преку воено владеење, се прашања за коишто е потребно разјаснување. Постојат политички групи кои го гледаат халифатот како основа за спроведување на нивната политичко-верска идеологија и го сметаат за инспирација за градење политичка визија за заживување на муслиманската заедница. А терористичките групи (на пр. ИСИС) го гледаат халифатот како камен-темелник на проектот за исламска преродба и за создавање на муслиманска држава.

Според исламската гледна точка, владеењето со вселената му припаѓа на Бога и највисокиот идеал на државата во исламот претставува универзална заедница или унија на автономни држави, кои се обединуваат за да ја заштитат слободата на свеста, мирот и да ги поддржат човечките вредности. Дефиницијата на халифата како духовен водач на заедница на држави значи дека тој, доколку смета дека е соодветно, може да ги довери повеќето или сите свои секуларни права на избраните претставници на земјите членки на таа заедница. На овој начин, концептот на халифатот го надминува националниот суверенитет или етничката поделба и формира универзален меѓународен ентитет.

Денес, политичкото обединување на муслиманскиот свет преку халифатот е само стар сон, бидејќи духовниот пад, избледувањето на религијата во општествениот живот, а уште повеќе дисхармонијата во политиката на муслиманските земји, не даваат надеж за никакво можно единство.

ОБНОВА НА ХАЛИФАТОТ НИЗ „ПАТОТ ПРАТЕНИЧКИ“

Покрај големата потреба за единство, и пред човечките планови, постои и Божји план. Аллаховиот Пратеник, (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), предвидел дека муслиманите ќе бидат поделени во 73 групи, а ќе бидат и политички поделени. Религијата ќе остане само како фасада, додека членовите на верското свештенство ќе бидат „највознемирувачките суштества под сводот“ предизвикувајќи само поделба и хаос. Токму тоа ќе биде време кога ќе се појават Месијата и Имам Махди, кој ќе ги изведе муслиманите од долгиот период на темнина и ќе ги обедини преку светлината на вистинскиот ислам.

Овие пророштва се исполнија со доаѓањето на хазрети Мирза Гулам Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), кој ја отфрлил идејата дека Имамот Махди ќе ја предводи муслиманската војска и, со насилство и воени средства, ќе воспостави кралство на земјата. Наместо тоа, тој ги поставил темелите за победата на исламот преку аргументи и духовни средства. За обновување на вистинскиот ислам, според заповедта на Аллах, во 1889 година Ветениот Месија хазрети и Имам Махди (нека биде благословен со мирот Божји), основал исламска заедница, наречена „Муслимански џемаат Ахмадија“.

 АХМАДИЈА ХАЛИФАТОТ: ЕДНО ДУХОВНО ВОДСТВО

По смртта на Ветениот Месија (нека биде благословен со мирот Божји), во неговиот џемаат било воспоставено духовно водство, исто како што предупредил Аллаховиот Пратеник (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), пред 1400 години.

Следбениците на Имамот Махди (нека биде благословен со мирот Божји), го избраа хазрети Маулви Хаким Нурудин (нека биде благословен со мирот Божји), како прв халифа. По неговата смрт во 1914 година, тие го избрале хазрети Мирза Баширудин Махмуд Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), за втор халифа, кој ја водел оваа конгрегација 52 години. Посебно внимание посветил и на создавање организирана структура во заедницата. За да го поддржи моралното и духовното образование на членовите, основал сестрински организации за жени и мажи, според нивниот пол и возраст.

За да ја рашири пораката на исламот низ светот, тој формирал мисионерски центри на сите континенти во светот, а стотици илјади луѓе го прифатиле вистинскиот ислам. Покрај големата мрежа на мисионери, биле објавени преводи на Кур’анот и други книги на различни јазици во светот. Оваа литература на сосема нов начин ја прикажала убавината на учењато на исламот и разбирањето на светот на Кур’анот. Од една страна ги отстранила недоразбирањата и погрешните идеи за исламот, од друга страна ги отфрлила погрешните доктрини на другите религии.

Се разбира, џемаатот наишол на жестоко противење не само од краткоумните оџи, туку и од свештенството од другите религии. Меѓутоа, со Божја помош, оваа заедница успеала да го надмине секое противење.

Периодот на третиот халифа, хазрети Мирза Насир Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), го означил најголемото проширување на плановите насочени кон освестување на човештвото за должноста кон Бога, како и кон Неговото создание. Во знак на благодарност за „100-годишнината од основањето на Џемаатот“, Кур’анот е објавен на 50 јазици, додека збирката стихови на повеќе од 100 светски јазици. Тој го дал познатото мото „Љубов за сите, омраза за никој“ и презел важен модел за развојот на африканските земји. Денес, постојат стотици училишта и болници кои придонесуваат за образовниот и здравствениот развој на африканските земји.

За време на четвртиот халифа, хазрети Мирза Тахир Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), Џемаатот влегол во нова и славна ера. Тој ја започнал организацијата „Vakf-е-Nau“, каде што илјадници родители ги посветиле своите деца на служба на Бога и човештвото. Ја основал организацијата „Humanity First“, која денес е присутна во 52 земји во светот, а освен помош при катастрофи, нуди одржливи решенија во областа на образованието, здравството и професионалната обука. Во 1994 година го основал првиот исламски канал „MTA International“, како позитивна алтернатива на религиозните, социјални или политички теми. Денес МТА има 9 меѓународни канали кои емитуваат 24×7 на 8 јазици во светот.

За време на неговите светски турнеи, во кои тој држи важни говори или одговара на прашања, не муслиманската публика дознава за исламските учења. Денес, конгрегацијата има стотици џамии во сите европски земји и многу Европејци го прифаќаат исламот преку неговите книги или говори.

Од 2003 година, Муслимански џемаат Ахмадија е предводен од хазрети Мирза Масроор Ахмад, петтиот халифа на Ветениот Месија а.с.. Тој е познат по неговата работа за воспоставување мир низ светот. И покрај крвавите напади и постојаниот прогон на Ахмади муслимани и пропагандната кампања на мулите во земји како Пакистан, оваа мирна заедница под знамето на халифатот продолжува да цути. Мирното раководство на халифатот категорично ја осудува глупоста на оние кои ги следат средновековните идеи за угнетување и сакаат да го освојат светот во името на Бога со насилство.

Всушност, Муслимански џемаат Ахмадија, под просветленото раководство на халифата, е жив доказ за тоа како Аллаховата милост и правда ги извлекуваат луѓето од темнината во светлина, и како жртвата, самоодрекувањето и избегнувањето на пониските себични интереси ги ослободуваат луѓето од секоја грижа и болка. Ова водство се заснова единствено на Чесниот Кур’ан и славната практика на Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја).