In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Борба против Мусаилим Каззаб

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за битката на Јамама, која се случила во текот на халифатот на хазрети Абу Бакр р.а..

Писмото на Чесниот Пратеник с.а.в.с. до кралот на Јамама

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах биде негов помагач)  рече дека Јамама бил истакнат град во Јемен и дека денес се наоѓа во денешната Саудијска Арабија. Тоа била плодна зелена површина, позната како еден од најубавите градови. Племето Бану Ханифа живеело во Јамама и неговите припадници биле познати како силни воини.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил писма на разни водачи повикувајќи ги во исламот, тој, исто така, му пратил писмо и на кралот на Јамама.

Во 9-та година по Хиџра, кога разни племиња се собрале во Медина, бил и гласникот од Јамама. Кога племето Бану Ханифа се состанало со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го оставиле Мусаилим да се грижи за нивните работи.

Откако делегацијата од Бану Ханифа племето го прифатила исламот од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го известиле дека Мусаилим останал да се грижи за нивните работи. Чесниот Пратеник с.а.в.с. пратил подароци и за него, кажувајќи дека тие не се со различен статус од него и дека тој прави добро дело грижејќи се за работите на своите пријатели.

Во еден од хадисите се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол и го посетил Мусаилим во куќата во Медина каде претстојувал. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал гранка во рака. Мусаилим поставил некои барања на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., од кои едното било по неговата смрт да го именува за пратеник. Како одговор, Чесниот Пратеник с.а.в.с. му кажал дека нема да му ја даде ниту гранката од неговата рака.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Мусаилим е истата личност за која тој сонувал различни соништа. Во еден од соништата Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. видел како носи две златни нараквици и тоа го загрижило. Во сонот му било објавено дека треба да дувне во нив. Кога дувнал во нив, тие ги снемало. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сфатил дека по него ќе се појаваат двајца лажи пратеници, и излегло дека тоа се Асвад Анси и Мусаилим Каззаб.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека според разни хадиси станува евидентно дека Мусаилим бил во Медина најмалку два до три пати кога не се сретнал со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а во случајот кога се сретнале побарал да биде негов наследник во пратеништвото.

Мусаилим воведува промени во шеријатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Мусаилим продолжил лажно да тврди дека е рамноправен во пратеништвото со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и започнал да го менува исламскиот шеријат. На пример, рекол дека сабах и јација веќе не се задолжителни и сметал дека блудот и алкохолот се дозволени.

Постојал човек, по име Ријал, кој бил дел од Бану Ханифа племето и кој го прифатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Подоцна,  се  преселил во Медина каде го научил Чесниот Кур’ан. Кога Мусаилим станал отпадник, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил Ријал да го вразуми Мусаилим и да му помогне да се врати на правиот пат. Меѓутоа, кога Ријал дошол и самиот подпаднал под влијанието на Мусаилим, што дури дал лажна изјава зборувајќи дека Мусаилим е вклучен во пратеништвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Значи, кога луѓето виделе дека некој кој го познава Чесниот Кур’ан го прифаќа Мусаилим, почнале да го следат истиот пример.

Мусаилим пишува писмо до Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Мусаилим напишал писмо на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. барајќи половина од земјата за себе, а половина за Курејшиите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека земјата му припаѓа на Аллах џ.ш. и дека Аллах џ.ш. ќе ја даде кому сака, и дека на крајот побожните дочекуваат убав крај.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека писмото на Мусаилим му го доставил хазрети Хабиб р.а.. Мусаилим го прашал дали верува како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е вистински пратеник, на што тој одговорил дека верува.

Потоа, кога Мусаилим прашал дали верува дека и тој е пратеник, хазрети Хабиб р.а. одговорил дека не го слуша неговото прашање, за да избегне да одговори. Мусаилим продолжил да му го поставува истото прашање, а хазрети Хабиб р.а. продолжил да дава ист одговор. Секој пат кога го давал овој одговор Мусаилим го мачел така што му отсекувал по еден екстремитет. Тоа продолжило сè додека хазрети Хабиб р.а. не бил убиен.

Значи, Мусаилим не само што станал отпадник туку направил и злочин.

Војската која хазрети Абу Бакр р.а. ја пратил во борба против Мусаилим

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абу Бакр р.а. пратил баталјони  во борба против Мусаилим, и еден од нив го водел Икрима.

Хазрети Абу Бакр р.а., исто така, го пратил хазрети Шурахбил р.а. по него, советувајќи го Икрима да не започнува борба додека Шурахбил р.а. не стаса. Меѓутоа, Икрима избрзал и го нападнал Мусаилим, поради што тој и неговиот баталјон претрпеле загуба.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил незадоволен со ова и тогаш го пратил да оди да им се придружи на другите баталјони и да им помогне, а не да се враќа во Медина. Потоа, Шурахбил им дал инструкции да останат таму и да го почекаат засилувањето од хазрети Халид р.а. пред да го нападнат Мусаилим. Меѓутоа, Шурахбил, исто така, делувал избрзано и го нападнал пред доаѓањето на хазрети Халид р.а., така што и тој претрпел загуба.

Конечно, хазрети Абу Бакр р.а. го пратил хазрети Халид р.а. да го нападне Мусаилим, и пратил и баталјон под команда на хазрети Салиид р.а. како засилување. Тој, исто така, пратил баталјони на ансарии и мухаџири да го поддржат хазрети Халид р.а.. Војската на Мусаилим броела 40 000 луѓе, или, според другите хадиси се состоела од 100 000 војници, додека пак муслиманите биле нешто повеќе од 10 000 војници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и двете страни се сретнале на бојното поле. Хазрети Халид р.а. ја поделил муслиманската војска на пет дела и имал стратегија во распределбата.

Забележано е дека хазрети Халид р.а. бил исклучително вешт во подготовките, и додека другите ги терал на спиење тој самиот воопшто не спиел. Битката била исклучително тешка и муслиманите на почеток се соочувале со тешкотии. Меѓутоа, храброста на хазрети Халид р.а. била непоколеблива. Наместо тоа, муслиманите ги упатил да се борат заедно со своите племиња за да се утврди кое од племињата е најхрабро. Тоа била мудра стратегија која ја кренала нивната гордост и морал, и тоа била причината за меѓусебно натпреварување.

Така, муслиманите меѓусебно почнале да се охрабруваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во следната хутба ќе продолжи да зборува за оваа битка.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку џематлии, а првата се однесува за шехид.

Абдус Салам

Абдус Салам, син на Мунавр Ахмад, бил убиен на 17-ти мај во 35-та година од животот.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Противникот на Ахмадијатот го избол со нож. Абдус Салам излегол од дома по што некој зад грб го нападнал и го убил на лице место пред неговите деца. Напаѓачот, само неколку дена пред тоа, ја завршил локалната медреса и на церемонијата на додела на дипломи неговите учители го поттикнале против Ахмади муслиманите.

Починатиот, исто така, бил Вакф-и-Нау. Тој служел како локален каид за кхутамул ахмадија; бил многу друштвен и со сите се однесувал со голема љубезност.

Имал голема љубов кон Халифатот. Тајно им помагал на оние на кои им била потребна помош и бил многу гостопримлив. Бил познат како исклучително храбар и пред оваа случка бил напаѓан од противниците на Ахмадијатот.

Зад него останале родителите, сопругата и три мали дечиња. Имал и двајца браќа кои се мисионери и три сестри.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му го воздигне статусот и да го заштити неговото семејство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека само Аллах џ.ш. знае во каква состојба се децата пред чии очи бил убиен нивниот татко. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги заштити, и луѓето да бидат одговорни за злочинот и да одговараат за тоа.

Зулфикар Ахмад

Заулфикар Ахмад бил син на шеикот Сједуллах од Фаисалабад, кој неодамна починал во текот на посета на Азербејџан.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил исклучително скромен и бил многу успешен. Со сите однеусвал со голема љубезност. Бил многу грижлив кон своите работници. Бил на чело во давањето на садака.

Донирал многу за Humanity First и давал големи услуги.

Тој и неговите родители изградиле џамија во Белизе и тоа бил голем проект.

Еднаш, додека бил во посета на Малезија, бил заробен на Аллаховиот пат. Зад него останале сопруга и две деца, и родителите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му даде прочка и милост, и на неговото семејство да му подари трпение и да му овозможи да продолжи со неговите добри дела.

Малик Табассум Максоод

Малик Табассум Максоод неодамна починал во Канада.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Неговиот татко станал шехид при нападот во Лахор во 2010 година. Претходно служел како Наиб Назир Умур Амма и правен советник на Тахрик-е-Џадид (Tehrik-i-Jadid).

Потоа, се преселил во Канада каде служел во Umur Amme, Одделението за имот и Darul Kadha. Редовно клањал намаз и постел, имал голема љубов кон Чесниот Кур’ан и бил блиско врзан за Халифатот.

Зад него останале мајка, сопруга, син и три ќерки.

Неговиот син, др. Омар Фарук, е мисионер. Еднаш бил нападнат додека ја пропагирал пораката на исламот на Ахмадијатот и му било повредено окото, меѓутоа бил среќен што тоа се случило додека бил во служба на мисијата на Ветениот Месија а.с.. Бил посветен на служењето на џемаатот уште од младоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му подари прочка и милост и на неговото потомство да му овозможи да продолжи со неговите добри дела.