Во името на аллах милостивиот, сомилосен
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Муслимани кои веруваат во Имам Махди,
Хазрети Мирза Гулам Ахмед Кадиани (as)

Пренесување на вистинските учења на исламот

После учењето на ташахуд, таавуз и сура Ал Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Благодарение на милоста и благословите на Семоќниот Аллах џ.ш. ние го прифативме баи’атот (завет за верност) на Ветениот Месија а.с.. Од една страна ова треба да биде средство преку кое ние го зајакнавме нашето верување, но доколку не успееме да ја зајакнеме нашата вера  и верување после прифаќањето на Ветениот Месија а.с. тогаш ние сме лишени од привилегиите на неговото прифаќање.“

Хузур а.т.б.а. потоа рече дека некои луѓе премногу се предале на она што е световно, посебно во Западните држави, и ако со зборови говорат дека и даваат предност на верата над световните работи, всушност, во нивната пракса се покажува токму спротивното.

Ахмади муслиманите во овој дел се многу добри, посебно во соработката и согласувањето со луѓето, и во глобала покажуваат добар морал, но нивните стандарди кои се однесуваат на обожувањето и исполнувањето на правата на Семоќниот Аллах џ.ш. не се на ниво на кое се очекува да биде еден Ахмади муслиман.

Хузур а.т.б.а. рече дека со оглед на тоа дека во Германија во последно време се градат сè повеќе џамии и се воспоставуваат сè повеќе џемаати, Ахмадија муслиманскиот џемаат станува повеќе присутен и на него се гледа сè повеќе критички. Тоа е природен процес, и како нашиот број сè повеќе се зголемува Ахмадија муслиманскиот џемаат пошироко се преставува во светот, и колку што повеќе сме познати во светот остатокот на нас ќе се однесува со сè поголеми критики, и таквата состојба со брз чекор постојано расте. Во таква ситуација од нас се бара да ги подобриме своите стандарди на однесување во сите домени и со тоа да ја исполниме целта на давањето на баи’ат на Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. рече:

„Јас тоа постојано го говорам и ќе ве потсетам дека 99,9% од Ахмади муслиманите кои емигрирале во Западните држави тоа не го направиле поради нивниот посебен талент или квалитет. Тоа пред сè е заслуга на Ахмадијатот и поради тоа секој Ахмади муслиман кој живее овде е тивок пратеник и проповедник на Ахмадија муслиманскиот џемаат. Со милоста на Семоќниот Аллах џ.ш. поради своето примерно и добро однесување, и посебно поради нивното добро однесување во општеството, Ахмади муслиманите оставаат добар впечаток на луѓето во заедницата и останатите луѓе од заедницата постојано говорат за тоа во многу различни прилики.“

Како што претходно сум спомнал во разни ситуации и на повеќе собири кои биле овде организирани, и не само овде туку и во многу делови од светот, јас имам сретнато многу личности кои биле присутни и на собирите кои биле организирани овде, кои после моите говори и обраќања стекнале впечаток дека пречките и разликите помеѓу нас биле склонети.

Ќе ви преставам неколку примери, на кој начин погледите на луѓето во целост се промениле после слушањето на пораката на прекрасните учења на исламот.

Првиот собир беше по повод отворањето на џамијата Валдсхут. Еден од гостите, Симон Клаусс рекол:

„Мојот поглед на исламот во целост се промени. Денес научив за правото учење на Џихадот. Откако го спознав правото значење на Џихадот немам причини да се плашам од изговарањето на зборот Џихад. Всушност, од ништо не треба да се плашиме.“

Понатаму рекол:

„После доаѓањето на овој собир се плашев дека на мене ќе биде извршен терористички напад и поради тоа, иако ја прифатив поканата, одлучив да не присуствувам на собирот. Меѓутоа, еден мој пријател кој вршеше истражувања на интернет за ситуацијата и карактерот на Ахмадија муслиманската заедница, и кој дојде до увид на многу значајни записи кои се однесуваат на Заедницата, ми рече дека ова е многу мирна и гостољубива Заедница и дека поради тоа не пости страв и опасност за присуство на собирот.“

Еден друг гост, Др. Фрнац рекол:

„Денес сведочев за исламот кој не се шири преку омраза, туку всушност се шири преку љубов.“

Една госпоѓа која присуствувала на отворањето на една друга џамија рекла:

„Она што денес го слушнав не сум го чула никаде порано од ниту еден муслимански водач.“

Еден муслиман од Сирија кој присуствувал на собирот рекол:

„Денес беше еден многу чувствителен ден за мене. Пред да дојдам да присуствувам на овој настан, или тоа било генерален став, дека Ахмадиите не се муслимани и дека нивниот Кур’ан навистина е поинаков. Меѓутоа, јад денес научив дека сето тоа во потполност е погрешно. И Ахмади муслиманите ги читаат и се придржуваат до истиот Кур’ан како и останатите муслимани, и дека исто така веруваат во истиот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како и сите останати муслимани.“

После средбата со мене тој рече:

„Откако го сретнав Халифата на времето има големи можности и јас лично да станам Ахмади муслиман.“

Заменикот канцеларот на факултетот во Марбург рекла:

„Јас во овој момент во потполност сум преплавена во емоции. После слушањето на говорот на Халифата на Ахмадија муслиманката заедница, а посебно после образложението на концептот за двата раја.“

Таа исто така кажала:

„Научив многу и за животот на основачот на исламот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., за раната историја на исламот, како и за тоа како исламот не учи да ги исполнуваме правата на другите луѓе.“

Понатаму рекла:

„Ако светот сето ова правилно го разбере тогаш би настанал мир, љубов и братство во него.“

Оваа госпоѓа била толку емотивна што личноста со која разговарала вели дека таа почнала да плаче, и рекла дека не може да каже ништо повеќе бидејќи нема повеќе сила да продолжи. Таа била христијанка која дошла на муслимански собир и претходно ништо не знаела за учењата на исламот.

Всушност, Амир сахиб (националниот претседател на Џемаатот во Германија) ми рече дека таа немала познавања за исламот и дека тој трагал по неа. Таа е заменик канцелар и според тоа е многу образувана госпоѓа и после следењето на мојот говор станала толку емотивна што не можела да ги контролира своите емоции. Учењата на исламот се толку прекрасни и затоа не треба да имаме никакви видови комплекс на пониска вредност.

Како што веќе спомнав, беше положен  камен темелник за Марбург џамијата каде што присуствуваа многу гости, вклучувајќи ги и универзитетските професори и студенти, како и заменикот на канцеларот за чии чувства веќе зборував. Меѓу нив беа и двајца професори од универзитетот со египетско потекло, кои предаваат исламски студии и арапски јазик. Во разговорот ми кажааа дека предаваат исламска филозофија. Кога ги прашав дали се ја прочитале книга „,Филозофијата на учењето на исламот“ која ја напишал Ветениот Месија а.с. тие одговорија дека не ја прочитале. Им објаснив дека мора да ја прочитаат таа книга бидејќи без неа никој не може да ја долови замрсеноста на филозофија на исламот, без оглед на тоа колкаво знаење стекнал од сите други извори.

Хузур а.т.б.а. рече:

„Поедини наши студенти, момчиња и девојчиња, веруваат дека со читањето на старите правници и зналци или пак со проучувањето на Имамите и евлиите од минатото, нивното знаење толку многу се зголемило што сега не постои никој кој може да го предизвика тоа нивно знаење. Можеби тие го зголемиле своето знаење но во тој поглед не Ахмади зналците имаат повеќе знаење од нив. Затоа, само со читањето на тоа човекот не може себе си да се смета за зналец. Ако било кој има такво мислење треба да се ослободи од него. Мора настрана да се остават зналците и евлиите од минатото бидејќи сега вистинското знаење и точниот поим за исламот можат да се осознаат само преку знаењето и пишувањето на Ветениот Месија а.с..“

Хузур а.т.б.а. понатаму рече:

„Ветениот Месија а.с. бил пратен како Судија на оваа ера и тој факт секогаш мораме да го имаме на ум. Затоа, што и да прогласил Ветениот Месија а.с. тоа е вистина и тоа е вистинско учење на исламот. Не претпоставувајте дека со читањето на други книги, книги на (другите зналци), книги на правници или книги на Имами од минатото и самиот ќе станете зналец. Никој не може да стане зналец доколку не ги чита книгите на Ветениот Месија а.с..“

Хузур а.т.б.а. потоа прочита еден дел од книгата на Ветениот Месија а.с. во кој тој вели:

„Кој и да исповедува верување треба да биде сигурен дека неговата вера се развива во уверување и сознание наместо да падне како жртва на сомневање и двоумење. Слушнете! Претпоставката никогаш нема да се докаже како корисна. Семоќниот Бог Лично прогласува: ’Навистина, претпоставката воопшто не е од корист наспроти вистината‘.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Сега, само размислете за себе и заклучокот извлечете го од срцето. Ако после давањето на заветот на баи‘атот (заветот на верност) на мојата рака и со моето прифаќање како Ветениот Месија и Праведен Судија, и по исповедувањето на ова верување вие сепак во своите срца одгледувате било каква злоба или непријатност поради некоја моја одредена одлука или постапка, тогаш треба да се загрижите. Верата која е извалкана со двоумењето и со сомневањето нема да биде во состојба да изнесе никаков честит исход. Меѓутоа, ако со вистинито срце сте прифатиле дека Ветениот Месија а.с. е веродостоен Судија, тогаш треба да го фрлите своето оружје пред неговите пресуди и постапки.“

Ветениот Месија а.с. понатаму додава:

„Би требало да биде додволно сведочењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во кое тој рекол дека Ветениот Месија а.с. кој ќе се појави ќе биде вашиот Имам и Праведен Судија. Ако некој не е задоволен со ова што тогаш за него ќе се покаже како доволно? Никогаш нема да се покаже дека оној кој има вера а сепак одгледува зли сомнежи во одредени делови на срцето е корисен или благословен. Ако јас не сум вистинит, тогаш одете и барајте го вистинитиот. Бидете потполно сигурни дека не постои друг вистинит. Потоа, ако не го најдете тој друг вистинит, а никогаш нема да го најдете, тогаш јас само го барам правото кое Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми го дал. Луѓето кои ме отфрлија и изнесоа обвиненија против мојата личност не успееле да ме препознаат. Што се однесува до оние кои ме прифатија и откако влегоа во заветот на баи‘атот (заветот на верноста) изнесуваат некакви тврдења, нивната состојба е уште по жална бидејќи се покажааа слепи иако претходно беа во состојба да видат.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Во стварноста, да се биде современик на друг ја намалува нивната положба и големина. Живеејќи постојано во иста област го попречува човекот да ја препознае или да ја разбере положбата на другиот. Затоа пратеникот Иса а.с. рекол:’Пратеникот не е без почест, но не во својата сопствена земја‘.“

Според тоа, одредени луѓе изнесуваат обвиненија против Ахмадијатот или против тврдењето на Ветениот Месија а.с. говорејќи дека религиските зналци од нивниот сопствен народ ги одбиле и ги прогласиле Ахмади муслиманите за не муслимани. Меѓу нив се и Арапите и луѓе од други нации. За нив би требало да биде доволен доказот за тоа што пратениците се појавувале во секоја нација во секое доба, но сепак нивниот сопствен народ ги отфрлал.

Хузур а.т.б.а. потоа рече:

„Во одредени работи каде старешините и евлиите го дале своето мислење, тие немаат вредност во споредба со било кое мислење кое на тоа го дал Хаками Адл (судијата, односно Ветениот Месија а.с.). Овие евлии од минатото во текот на нивниот временски период му служеле на исламот и во своите кругови се бореле да ги упатат муслиманите. Меѓутоа, сега откако се појавил Кхатам Кхулафа, Кхатамул Евлија, Муџадид Акхаруз Заман и Хакам и Адл, неговите одлуки и учењето на исламот се вистинити додека сè друго не е точно. Откако сме направиле баи‘ат ние мораме него да го следиме и тоа е нешто што секогаш треба да го имаме на ум.

Накратко, секој Ахмади муслиман треба лично да се бори да извлече максимална корист од литературата на Ветениот Месија а.с. и тоа и на другите да го пренесе. Ние не треба да се грижиме како светот на тоа ќе одговори ниту како не Ахмади и световните луѓе ќе гледаат на она што ние го кажуваме.

Хузур а.т.б.а. потоа прочита дел од пишувањата на Ветениот Месија а.с. во кое тој вели:

„Постојат два вида на порок. Еден е припишувањето на другар на Семоќниот Бог, не препознавање на Неговата величина со станување мрзелив во ибадетот кон Него и послушноста кон Него.  Вториот порок покажува не покажување на љубезност кон Неговите луѓе и не исполнување на нивните права. Човекот мора да настојува да ги избегнува и двата вида на пороци. Бидете цврсти во послушноста кон Семоќниот Аллах џ.ш.. Останете цврсти на заветот кој сте го дале. Не повредувајте ги Аллаховите робови. Учете го Чесниот Кур‘ан со длабоко разбирање и однесувајте се во согласност со тоа. Отфрлете ги сите јалови идолопоклонички собирања и извршувајте ги петте дневни намази. Накратко, не смее да пости ниту една наредба на Семоќниот Аллах џ.ш. преку која вие поминувате. Чувајте го своето тело чисто и своето срце без непотребна злоба и љубомора. Ова се работи кои Семоќниот Бог ги сака од вас.“

Хузура.т.б.а. потоа рече:

„Според тоа, ние мораме да се анализираме со овој степен на длабочина. Ветениот Месија а.с. посебно не потсетил да ги извршуваме петте дневни намази а извршувањето на намаз значи дека треба да клањаме во Џемаатот, на време и доследно. Јас ја проценив ситуацијата и во тој поглед гледам многу слабости. Луѓето од мене бараат дови но кога ќе ги прашам дали тие лично прават дови тие дават негативен одговор или пак велат дека само се трудат.

Така, ние секогаш треба да се покајуваме и да бараме опростување за своите грешки и пропусти. Нека Семоќниот Аллах не оспособи тоа да го постигнеме и откако ќе влеземе во заветот на баи‘атот со Ветениот Месија а.с., нека Он не оспособи да го исполниме тоа токму како треба.“