In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Абу Бакр р.а. – Спогодба на Худејбија

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за случувањата во животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Битка на Бану Кураиз

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека Абу Бакр р.а., исто така, учествувал во битката на Бану Кураиз. Кога тргнале на кај Бану Кураиз, хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажале дека луѓето ќе му бидат по наклонети и по послушни ако ја облече наметката, која изгледала убаво. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифатил нивниот предлог, кажувајќи дека нема да ја отфрли работата околу која и двајцата се согласиле.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Аллах џ.ш. нив двајцата ги споредил со мелеките Џибраил и Микаил, и со пратениците, како што се Нух а.с. и Ибрахим а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во тоа време муслиманите јаделе само урми кои им биле пратени. Се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а., исто така, јаделе урми на што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека урмите се одлична храна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сонувал како оди околу Каба и со 1400 асхаби тргнува на неа. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал дека Меканците планираат да ги сопрат муслиманите во таа намера. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се посоветувал со своите асхаби, а хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека треба да продолжат бидејќи немале намера да се борат, а ако некој се обиде да ги сопре ќе се борат.

Договорот на Худејбија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на Худејбија, Урвах отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да преговара за условите. Тој, на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол дека, ако Курејшии победат, тогаш асхабите ќе го напуштат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Бакр р.а. ова не можел да го поднесе и на Урвах му кажал дека треба да замине и да им се врати на своите идоли, што значело дека додека идолопоклониците биле верни на своите идоли, и, како тој може да се сомнева во верноста на муслиманите кои биле вкоренети во вистина и верувале во Аллах џ.ш. дека ќе го напуштат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Урвах рекол дека нема да одговори на тоа, бидејќи во минатото хазрети Абу Бакр р.а. му направил услуга и тој се чувствува како должник кон него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а., по поставените услови на Договорот на Худебија, го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., ако тој е вистинит, зошто муслиманите пристанале на такви услови кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол како муслиманите ќе направат теваф околу Каба?

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека, врз основа на сонот не кажал дека за сигурно тоа ќе го направи оваа година, и рекол дека тој сигурно ќе ја следи Аллаховата волја.

Подоцна, хазрети Омер р.а. истото го прашал и хазрети Абу Бакр р.а., на што тој му дал ист одговор како и Чесниот Пратеник с.а.в.с., и повторил дека и тој ќе ја следи Аллаховата волја.

Хазрети Омер р.а. рекол дека му е жал што поставил вакви прашања и дека се покајал, и направил многу добри дела за да се искупи за своите зборови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека биле направени две копии од Договорот на Худејбија, по една копија за двете страни.

Еден од сведоците кои го потпишале договорот бил и хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Абу Бакр р.а. ја преводи експедиција на Бану Фуџџар

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. учествувал во експедицијата на Бану Фуџџар, кои ковале завера против муслиманите.

Според некои хадиси, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го именувал Абу Бакр р.а. за водач на оваа експедиција. По тоа, следела битка во која муслиманите излегле  како победници.

Учество во битката на Хајбер

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., исто така, учествувал во битката на Хајбер. Муслиманите под опсада ги ставиле нивните тврдини повеќе од десет ноќи и на крајот ги победиле.

Во тоа време, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал мигрена и неколку дена не излегувал.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Абу Бакр р.а. во една тврдина, и следела тешка борба во која под водството на хазрети Абу Бакр р.а. муслиманите победиле.

Хазрети Абу Бакр р.а. ја води експедицијата на Бану Килаб

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. учествувал и во експедицијата на Неџад, каде Бану Килааб се свртел против муслиманите.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го именувал хазрети Абу Бакр р.а. за водач на оваа експедиција.

Освојувањето на Мека

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. учествувал во освојувањето на Мека. Едно од племињата, кое му припаѓало на огранокот на Курејшиите, постапило спротивно од Договорот на Худејбија.

После тоа, еден ден, хазрети Абу Бакр р.а. отишол да ја види својата ќерка Ајша р.а. и видел како таа ги подготвува работите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во тоа време, хазрети Ајша р.а. не знаела каде Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал намера да оди.

Во меѓувреме, стасал и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го известил хазрети Абу Бакр р.а. за намерата да оди во Мека, но му кажал на никој да не зборува за тоа.

Подоцна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им најавил на муслиманската војска да се подготвува за пат, без да им каже каде ќе одат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, се потрудил никој од Курејшиите да не дознае за овие подготовки на муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите стасале до местото наречено Марууз-Зухрах, кое се наоѓало на 25 километри од Мека.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал на муслиманите да запалат илјада огнови. Курејшиите се загрижиле, бидејќи биле сигурни дека ќе дојде до битка. Абу Суфијан тргнал кон муслиманите за да дознае што се случува, и да се осигура. По доаѓањето, Абу Суфијан и уште двајца со него биле одведени кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и после разговорот со него и тие го прифатиле исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на оваа тема ќе продолжи да зборува во следната хутба.