In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Хамза р.а. II – Шехид на исламот

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека, откако завршил со спомнувањето за животот на хазрети Абу Бакр р.а. спомнал дека постоеле неколку асхаби за кои биле пронајдени дополнителни детали и дека во иднина ќе ги спомне во хутбите, или ќе ги објави со претходните кога ќе бидат печатени.

Меѓутоа, многу луѓе му пишувале, зборувајќи дека имале корист од слушањето на неговите хутби, и затоа тој смета дека и понатаму треба да ги спомнува овие детали за да што поголем број број од верниците имаат корист од нив.

Љубовта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кон името на хазрети Хамза р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека прво ќе го спомне хазрети Хамза р.а..

Тој на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) му бил амиџа и му бил многу драг.

Се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го сакал името ’Хамза‘.

Еднаш, некој го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) кое име да му го даде на детето. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го советувал името да му го даде по Хамза бин Абу Мутталиб, бидејќи го сакал тоа име.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Хамза р.а. бил познат и како Абу Аммара, по својата ќерка Аммара која биле родена од неговата втора жена Кхаула.

Хазрети Хамза имал уште една ќерка, по име Умамах.

Забележано е дека при договорот на Худебија, кога било време Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) да ја напушти Мека, Умама дотрчала зад Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Али ја земал и ја предал на хазрети Фатима р.а. и ја замолил да се грижи за неа.

После тоа, хазрети Али р.а., хазрети Џафер р.а. и хазрети Зејд р.а. сакале да се грижат за неа. Тоа му било кажано на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) кој рекол дека за неа треба да се грижи хазрети Џафер, бидејќи нејзината тетка била мажена за него, а на тетки по мајка се гледа како на мајки.

И со ова, и најмалите дискутабилни прашања биле разрешени, како што било ова, зошто децата им се даваат на тетки, или на нани по мајка, кога се донесуваат одлуки за стрателство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на почетокот хазрети Хамза р.а. од место ја изразил својата верност кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а подоцна се пожалил што ја напуштил верата на своите предци.

Таа ноќ не можел да заспие, затоа отишол во Ка’ба и се молел неговите сомнежи да ги снема.

Сè уште не завршил молитвата, а од срцето му паднал камен и се уверил во сè, по што заминал кај Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) и му ја раскажал целата случка. Откако тоа го слушнал, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се молел на Аллах џ.ш. на хазрети Хамза р.а. да му подари истрајност.

Носител на знамето во разни експедиции

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Сафер 2, по Хиџра, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му го дал знамето на хазрети Хамза р.а. во експедицијата кон Бани Земра во Гадана.

Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) разговарал со главатарот на племето и бил потпишан договор за мир помеѓу нив и муслиманите. Тоа било истото место во кое починала мајката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Џемада ел-Ул 2, по Хиџра, Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) тргнал со група од 150-200 асхаби, емигранти, кон Ушејра и во текот на оваа експедиција хазрети Хамза р.а. повторно го носел белото знаме на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Оваа експедиција, како резултат на своето дејствување, донела договор за мир.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на почетокот на битката кај Бедр, Курејшиите повикувале на поединечна борба, за која Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) ги избрал хазрети Хамза р.а., хазрети Али р.а. и хазрети Убаидах р.а..

Хазрети Хамза р.а. и хазрети Али р.а. ги победиле своите противници, меѓутоа, хазрети Убаидах р.а. бил сериозно повреден и им подлегнал на раните по враќањето од битката на Бедр.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, пред забраната за алкохол во исламот, хазрети Хамза р.а. бил пијан, и во таа состојба убил две камили на хазрети Али р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) бил известен за тоа и отишол кај хазрети Хамза р.а. и го изразил своето незадоволство. Хазрети Хамза р.а. сè уште бил пијан и рекол дека сите биле слуги на неговите предци. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека е најдобро да не зборува со него додека е во ваква состојба.

Подоцна, кога алкохолот бил забранет во исламот, хазрети Хамза р.а. веднаш го оставил.

Ова претставува убав пример. Понекогаш, кога постои некое упатство, некои луѓе велат дека им треба време да го усвојат, меѓутоа, штом се слушнала оваа наредба за забрана на алкохолот, асхабите не губеле време и не поставувале прашања, туку веднаш ја усвоиле и ја практикувале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Хамза р.а. бил носител на знамето и во текот на борба против Бану Каинка, племе кое веќе планирало убиство на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем).

После битката на Бедр, Бану Каинка биле први меѓу еврејските народи во Медина кои го прекршиле договорот со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и почнале да создаваат неволји и интриги против муслиманите.

И покрај изразувањето на омраза на еврејскиот народ, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. останал трпелив.

Всушност, продолжил да го почитува еврејскиот народ.

Еднаш, еден Евреин рекол дека Муса а.с. има предимство над сите пратеници, на што еден асхаб остро реагирал. Кога тоа му било кажано на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) тој рекол да не му дават предимство во однос на Муса а.с., како љубезен гест, бидејќи се грижел за чувствата на еврејскиот народ.

Уште деден инцидент се случил кога една муслиманка отишла во дуќанот на еврејски трговец, каде тој со неа се однесувал крајно непримерно, до таму што и ставил трн во облеката, така што кога станала облеката и се скинала.

Кога муслиманите на Бану Каинка им кажале да престанат со такво однесување тие непристојно одговориле, зборувајќи дека муслиманите не треба да бидат горди за победата на Бедр, бидејќи не би имале ист резултат во борбата со нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на крајот Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) ја опколил тврдината на Бану Каинка и кога ги потрошиле сите опции, на крајот, се предале.

Иако според нивниот сопствен еврејски закон сите тие заслужиле смртна казна поради предавство, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., сепак, бил милостив и им дозволил да се иселат од Медина.

Тоа преселување на Бану Каинка му било доверено на хазрети Убаид бин Самит р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека некои наведуваат оти, кога Бани Каинка ги отвориле капиите на нивната тврдина Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) имал намера да ги убие нивните војници, меѓутоа, тоа никако не можело да е точно, бидејќи тие вратите ги отвориле откако биле сигурни дека нивните животи и животите на нивните деца и жени ќе бидат поштедени.

Иако, можеби заслужиле смртна казна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. постапил со милост кон нив и не ги казнил..

Убиството на хазрети Хамза р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Хамза р.а. загинал во битката на Ухуд, нешто што Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) го претскажал.

Еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сонувал сон во кој видел како аголот на мечот му се скршил, што протолкувал дека истакнат член на неговото семејство ќе биде убиен.

Телото на хазрети Хамза р.а. било брутално искасапено, што на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) му нанело голема болка.

Се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил толку повреден од ова што рекол дека, кога би можел, на триесет луѓе Курејшии би им го направил истото тоа.

Врз основа на тоа бил објавен следниот ајет:

„Ако сакаш да казниш мачителите, казни ги во онаа мера во која ти е направена неправда; но, ако покажеш трпение, тогаш тоа, секако, најдобро е за оние кои се трпеливи“.

(Чесниот Кур’ан 16:127)

После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) рекол дека ќе биде трпелив и дал искупување за тоа што го кажал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) и неговото семејство покажале примерно трпение кога страдал хазрети Хамза р.а..

Освен што солзите природно течеле, немало набројување или претерани изразувања на тага.

Во почетокот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не и дозволил на хазрети Сафија р.а. да го види телото на хазрети Хамза р.а., но, по нејзиното ветување дека ќе биде смирена и дозволил таа да остане верна на своето ветување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со ова е завршено спомнувањето на хазрети Хамза р.а., и дека во иднина ќе продолжи со спомнување на други асхаби.

Молитви за Нова година

Неговата Светост, хазрети Хузур а.т.б.а. рече дека новата година започнува за два дена.

Тој се молеше Возвишениот Аллах, на доаѓањето на Нова година, на Заедницата да и подари благослови.

Нека оваа година биде благословена за Заедницата и сите завери и интриги на непријателите да бидат отстранети.

Нека Ахмади муслиманите ширум светот ја исполнат целта на својот живот, повеќе од секогаш.

Исто така, Хузур а.т.б.а. рече да се молиме за светот; нека Аллах џ.ш. го спаси светот од војната.

Условите во светот стануваат се полоши и светот6 стои на ивица на уништување.

Изгледа дека сите ја сакаат само својата корист; нека Аллах  џ.ш. се смилува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече да се молиме за сите оние Ахмади муслимани кои трпат неправда; Нека Возвишениот Аллах во Новата година ги сочува сите членови на Заедницата од неправда и суровост.