Атрибути на вистинскиот верник
По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) го проучи ајет 42 од сура Ал-Хаџиџ. Преводот гласи:
„Оние кои Ние ќе ги зацврстиме на Земја извршуваат намаз, даваат зекат и наредуваат добро, а забрануваат зло. А кај Аллах е крајот на сите нешта.“
Во овој ајет Возвишениот Аллах објасни дека вистинскиот верник после период на тешкотии, кога ќе постигне мир и богатство, не останува обземен само со себе и со материјализмот. Вистинските верници попрво клањаат намаз, внимателни се кон своите молитви, ги полнат своите џамии, му служат на човештвото и делат од својот имот за сиромашните и за ширење на Аллаховата вера. Тие секогаш се грижат за добри дела и се држат далеку од гревот. Тие тоа го прават единствено поради Аллах џ.ш. и Аллах џ.ш. им овозможува одлични резултати за тоа дело. Во принцип, нивното сфаќање е дека секое добро дело кое ќе се направи според Аллаховите наредби, додека ја имаат на ум Аллаховата Моќ, ќе им донесе одлични резултати.
Овде, во Махди Абад изградивте џамија, а слична таква е отворена и во Фулда и Гиессен. Со милоста на Возвишениот Аллах, во рамките на проектот 100 џамии во Германија, џемаатот во Германија имаше прилика да изгради многу џамии.
Во Пакистан не ни е дадена верска слобода. Таму законите на државата не дозволуваат изградба на џамии и не ни дозволуваат слободно да клањаме.
Еве, ни градиме џамии за да ја исполниме должноста кон Возвишениот Аллах, а Аллах џ.ш. финансиски не благословува. Ветивме дека ќе му бидеме верни на Ветениот Месија а.с. за да ја подобриме нашата духовна и морална состојба. Поради тоа, нашите џамии го свртуваат вниманието на тој факт. Мораме да се потрудиме намазите да ги клањаме верно и скромно, и да го достигнеме највисокиот стандард на обожавање.
После напорен период, Аллах џ.ш. на човекот му дава духовно упатство дека не треба да се труди за да неговиот намаз биде потполн. За таква личност намазот станува супстанција за неговата душа и води кон духовен напредок. Таква личност доживува задоволство и уживање во намазот, што е еднакво на задоволството кога жедниот ќе се напие ладна вода. Таква личност се чувствува незадоволно и немирно без намаз а клањајќи го намазот доживува посебно чувство на задоволство и смиреност во срцето.
Ветениот Месија а.с. вели дека не е можно со зборови да се опише задоволството кое човек го чувствува кога вистински го клања намазот според прописите. Ветениот Месија а.с. рекол дека намазот е корен и скала до секое напредување и намазот е скала на која верникот може да го пронајде Бога.
Многу е важно во намазот да се молиме на мајчин јазик, за да воспоставиме врска со Бог. Затоа, Ветениот Месија а.с. наредил молитвата да биде на мајчин јазик.
Ветениот Месија а.с. понатаму вели:
„Од големо значење е да ги учиме молитвите на кои Семоќниот Аллах не подучил, а најдобра молитва меѓу молитвите е сура Ал-Фатиха бидејќи е целосна молитва.
Во сура Ал-Фатиха Возвишениот Аллах не подучил на следната молитва:
(АРАПСКИ)
„Упати не на правиот пат.“
(1:6)
Значењето на оваа молитва е сеопфатно, бидејќи, кога ќе се добие правиот пат тогаш задачата е исполнета и лесно се извршува. Ако земјоделецот се стекне со вистинскиот пат на земјоделски вештини и процеси, може да очекува добар принос.
Слично на тоа, вештиот намаз кој правилно се клања е пат до Семоќниот Бог. Значи, треба да бараме вистински пат за да клањаме најдобар намаз. Бог ги слуша молбите на својот народ.
Семоќниот Бог вели:
(АРАПСКИ)
„Молете ми се на Мене: Јас ќе одговорам на вашите молби.“
Потоа вели:
(АРАПСКИ)
„А кога мојот слуга праша за Мене, кажете: ’Јас сум блиску. Одговарам на молитва на молителот кога ќе ме замоли‘.“
Возвишениот Аллах ветил дека оној кој оди кон Него и кој се труди да го разбере Неговото постоење, Аллах џ.ш. исто така брза кај него.
Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. објаснил дека Возвишениот Аллах ветил дека кога Неговиот роб ќе направи чекор кон Него, Он ќе направи два чекора кон својот роб, а кога Неговиот роб оди кон Него, Он ита кон својот роб.
Така, вистинскиот намаз донесува духовна и морална промена. Ако после клањањето на редовниот намаз морална состојба не се подобри, тогаш таквиот намаз е неефикасен и Бог ќе го отфрли. Мораме да имаме на ум дека световните обврски не треба да не попречуваат и да ја намалуваат наша преданост и концентрација во намазот. Бидете свесни дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека разликата помеѓу верувањето и неверувањето е напуштање на намазот. Само преданост во намазот прави разлика помеѓу верата и неверата.
Секогаш мораме да ги имаме на ум зборовите на Ветениот Месија а.с. кој вели:
„Мора да се реформирате на начин што вашите намери ќе бидат усогласени со намерите на Семоќниот Аллах, до таа мера што не постои ништо ваше туку сè станува Божјо. Прочистување, значи дека нечие срце е очистено од сите видови на вера и дела кои се спротивставуваат на Бог. Семоќниот Бог не помага на оној чии желби не се еднакви на желбите на Семоќниот Бог и потполно се предава на Неговата волја.“
Ветениот Месија а.с. вели дека кога ќе се реформирате, мора да обезбедите и реформа на своето семејство, а човекот е одговорен за реформа на својата жена и на своите деца.
Нека Семоќниот Бог ни овозможи да ја реформираме својата состојба и не само да ги воспоставиме намазите, туку и да го подигнеме нивното ниво. Да го очистиме своето богатство, да ги повисиме моралните стандарди, да извршуваме добри дела и тоа да го шириме на далеко и на широко. Да се воздржиме од злото и да настојуваме да го заштитиме своето потомство.
По изградбата на оваа џамија да ја шириме вистинската порака на исламот на жителите на овој град и да ги доближиме до обожавање на Единствениот Бог. Тоа можеме да го постигнеме само ако самите во себе направиме промена.
Нека Семоќниот Аллах ни пружи прилика тоа и да го направиме.
Сега ќе спомнам некои детали околу самата џамија. Покриената површина на двокатната џамија изнесува 350 квадратни метри и може да прими 210 луѓе. Горниот кат е за мажи, а долниот за жени. Постојат и простории за абдест и други работи.
Вкупните трошоци за изградба беа околу 560.000 евра. Локалните членови дадоа нешто повеќе од 200.000 евра а останатиот износ е од проектот за изградба на 100 џамии.
Нека Семоќниот Аллах го благослови богатството и потомството на сите оние кои се жртвуваа за ова и со изградба на оваа џамија нека ги исполнат должностите на обожавање повеќе од претходно.