Чесниот Кур’ан – Последното откровение за човекот
ШТО Е КУР’АНОТ?
Кур’анот е светата книга на исламот, која го содржи кодексот на човечкиот живот, одговарајќи на неговите психички, морални, духовни и социјални потреби. Тоа е упатство за целото човештво: „… како едно возвишено упатство за луѓето во кое е јасно објаснето Упатство и Фуркан ( разликување на вистина од невистина),, (2:186). Тoj е апсолутен збор Божји (9:6, 48:16) што му беше даден на Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) „Објавувањето на оваа совршена Книга е од Аллах, Моќниот, Мудриот“ (39:2). Кур’анот е последен Божји закон, кој не само што ги докажува вистините што останале делумно докажани во претходните Книги, туку ги покажува и грешките, промените и дополнувањата што станале дел од нив со текот на времето. Не само тоа, Кур’анот ги дава и оние лекции кои досега не биле споделени: „О луѓе на кои ви е дадена Книгата! Верувајте во тоа што Ние го објавивме, што потврдува тоа што е при вас…“ (4:48).
ДАЛИ ИМАМЕ ПОТРЕБА ЗА КУР’АНОТ?
Пред Кур’анот имало свети списи и во други религии, па на кој начин се оправдува прогласувањето на нов закон? Одговорот на ова прашање е ист како и на следните четири прашања:
Зарем религиите пред исламот немале длабоки несогласувања во нивните фундаментални принципи?
Дали човекот навистина го достигнал највисокиот степен на социјална свест и ментални способности?
Дали недостатокот на претходните книги не ја оправдува потребата од универзален закон?
Дали претходните религии ја нарекле својата порака последна? Зарем тие не зборуваат за понатамошен духовен развој со пристигнувањето на последната порака, која ќе го одведе човекот до крајната цел?
ОТКРОВЕНИЕ НА КУР’АНОТ
Ако се преведе, зборот Кура’н значи читање и рецитирање и значи книга што најмногу се чита. Бог му го даде Кур’анот на Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) преку мелекот Џибрил:
„Ти кажи: Го објави (Кур’ан) Рухул Кудус од Господарот твој со вистина, за да ги зацврсти Он оние кои веруваат, и како упатство и радосни вести за оние кои се покоруваат“ (16:103). Чесниот Кур’ан се состои од 114 сури (поглавја), поделени на 6.348 ајети (стихови) вклучувајќи ја и басмала. Овие поглавја не се подредени според нивната големина, туку се подредени според врската помеѓу нив.
Овие откровенија постепено ги откривале учењата на исламот, во коишто преку одредени обврски и забрани биле должностите на човекот кон Бога и луѓето. Кур’анот дефинира како да се живее среќно и во хармонија помеѓу човечкото ограничување и трансцендентниот премин.
НЕПРИКОСНОВЕНОСТА НА КУР’АНОТ
Кур’анот е единствената божја книга која ја зачувала својата првобитна форма и дошла до нас без никакви промени или дополнувања на оригиналниот текст. Текстот на Кур’анот останал ист како што му бил откриен на Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), пред 1400 години.
Од почетокот, Пратеникот (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) од една страна, ги поттикнал своите другари и следбеници да го научат текстот на Кур’анот напамет, а од друга страна некои од нив ги назначил за писари за да го зачуваат во писмена форма. Во периодот на Халифата Uсман биле подготвени седум копии од Кур’анот, кои биле испратени во главните центри на исламскиот свет и тие станале стандардни копии за размножување. Денес, покрај милионите идентични копии на Кур’анот, кои не се разликуваат една од друга по ниту една буква, има и милиони мажи и жени кои го имаат научено Кур’анот напамет. Постоењето на само еден Кур’ан е доволен аргумент за неговата точност.
ШТО ВЕЛИ КУР’АНОТ?
Кур’анот совршено го опишува Бога преку Неговите убави карактеристики и својства. Бидејќи пораката на Кур’анот има универзален опсег, таа не е ограничена на одредено место или време. Богот од Кур’анот се опишува себеси како „Господар на световите“ и не се поврзува себеси со „избран народ или цивилизација“, како што бил случајот со претходните книги.
За да се реформира односот на човекот со Бога и другите луѓе, Кур’анот повикува на слобода на верување и совест. Тој, исто така, го поддржува мирниот соживот и ја штити расната и економската еднаквост, како и човечката различност. Наредбите за човекот, во однос на меѓусебните односи во општеството, Кур’анот ги објаснува преку историски настани од животот на пророците и претходните народи. Темите содржани во Кур’анот можат да се поделат во 5 категории:
Природата на духовниот свет и задгробниот живот,
Закони, норми и наредби за општествениот живот,
Историските настани како дидактичка алатка,
Знаења од Божјата мудрост и
Вести за невиденото и пророштвата за иднината.
ПРОРОШТВАТА НА КУР’АНОТ
Како збор на Сезнајниот Бог, Кур’анот дава и бројни пророштва. На пример:
Кур’анот претскажува изум на нови превозни средства (81:5), спојување на морињата (25:54), пронајдок на печатарска машина и масовни публикации (81:11) и модерни средства за комуникација (81:8). Тој предвидува и појави како зоолошки градини, авиосообраќај, ширење на сидата, употреба на отпечатоци од прсти и зборува за вонземски живот итн.
КУР’АНОТ И НАУКАТА
Иако Кур’анот не е научна книга, но како збор Божји, тој е целосно компатибилен со модерната наука, бидејќи таа го сочинува Божјото дело. Во Кур’анот има многу стихови кои прецизно ги објаснуваат природните појави во различни области како што се космологијата, физиката, биологијата, ембриологијата, метеорологијата, геологијата итн. Еве неколку примери:
Кур’анот детално ги објаснува фазите на развој на човечкиот ембрион (23:13-15). Тој кажува дека универзумот е создаден од голема експлозија и дека се шири. Овие изјави на Кур’анот се во согласност со теоријата на Биг Бенг на космолозите (21:31). Во 1512 година Никола Коперник ја изнел својата позната теорија дека планетите се вртат околу Сонцето, додека Кур’анот пред 1400 години изјавил дека секое небесно тело во универзумот е во движење, вклучувајќи ја и земјата (21:34). Кур’анот, исто така, зборува за улогата што ја играат планините во стабилноста на Земјината кора (78:7-8).
Кур’анот укажува на тоа дека растенијата се размножуваат преку парење и во сексуалната репродукција, се забележува процесот на опрашување и оплодување (13:4). Кур’анот, исто така, се осврнува на феноменот на позитивно и негативно полнење на електроните и протоните, суштински принцип на електричната енергија, магнетизмот и топлинската спроводливост. Исто така, Кур’анот точно ја опишува појавата на атомското јадро и неговите реакции за деструктивни цели (104:2-10).
Во Кур’анот има повеќе од 750 ајети (стихови) кои ги поттикнуваат верниците да ја проучуваат природата како средство за пронаоѓање на Создателот човечки.
СПЕЦИФИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА КУР’АНОТ
Кур’анот ја објаснува филозофијата на создавањето и работите поврзани со него. На пример, зошто Бог го создал универзумот? Која е целта на нашиот живот и како можеме да ја постигнеме? Кур’анот го опишува Бог преку Неговите апсолутни атрибути и додава како тие својства се манифестираат и влијаат на човечкиот живот.
СПАСЕНИЕ
Според Кур’анот, секоја душа е создадена со цел да постигне спасение. За ова, човекот мора да ги балансира своите моќи и да најде рамнотежа на делата. Триумфот над егото и доминацијата на добрите дела укажуваат на неговиот искрен напор да постигне спасение. Принципите на Кур’анот за постигнување мир во општеството се:
- Верување дека сè му припаѓа само на Бога.
- Да се верува дека Он сè му подредил на човекот, за тој да извлече заедничка корист.
- Поради тоа што целта на животот е духовно совршенство, човекот ужива одредена слобода во своите постапки.
- Бидејќи развојот на човечкиот живот зависи и од надворешни фактори, па затоа тие се заедничко наследство на целото човештво. Според овој принцип, придобивките од природните ресурси, како и резултатот од човечките напори треба да се распределат на таков начин што ќе ги задоволат потребите на општеството.
ЛЕКЦИИ ОД КУР’АНОТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ЦЕЛТА НА ЖИВОТОТ
Според Кур’анот, доколку законите на природата функционираат за физичкиот и менталниот развој на човекот, за развојот и духовното усовршување, тој мора да ги почитува духовните закони кои Бог му ги пренел преку Неговите пратеници. Кур’анот ги вклучува сите морални особини што му се потребни на човекот за да ја исполни целта на животот. На пример, добрина, правда, страв, простување, милост, добронамерност, понизност, храброст, чувствителност, одговорност, совесност, дарежливост, едноставност, благородност, милосрдие, лојалност, воздржаност, учтивост, несебичност, алтруизам, гостопримство, благодарност, благост, итн.
Кур’анот го опишува Аллаховиот Пратеник (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) како „совршен модел“ што луѓето треба да го следат (33:22).
Еве некои од наредбите на Кур’анот:
„Не прави покрај Аллах друг бог да не останеш осрамотен (и) оставен“ (17:23);
,,покажувајте добротворство кон своите родители… и обраќајте им се со меки и чесни зборови“ (17:24-25);
„Не држете ги своите раце стиснати (не бидете скржави) ниту потполно ги пружајте (расипнички)“ (17:30);
„Не убивајте ги вашите деца од стравот од сиромаштија“ (17:32);
„И не доближувајте се до блудот“ (17:33);
„И не убивајте неправедно“ (17:34);
„Не угнетувај го сиракот“ (93:10);
„И исполнете го своето ветување“ (17:35);
„И наполнете ја мерата кога мерите имерете исправно“ (17:36);
„Не заземајте став за којшто не сте запознаени“ (17:37).
Основачот на муслиманската заедница Ахмадија (џемаат), хазрети Мирза Гулам Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), Ветениот Месија.
ПОСЛЕДЕН ЗБОР
Накратко, Кур’анот има за цел да му овозможи на човекот да има вистински однос со Бога и да ги имитира Неговите божествени својства (51:57). Тој, исто така, го инспирира да биде опремен со висок морал, да се развива особено како поединец морално, духовно и интелектуално, но да стане корисен за општеството во целина (3:111).
„Навистина, Ние тебе ти ја објавивме Книгата со вистината за корист за луѓето. Затоа, кој се упати, тој се упатува за корист на својата душа; а кој заталка, заталкува против неа. А ти не си чувар над нив“ (39:42).
Дали овие аргументи не се доволни за да ве инспирираат да ја прочитате оваа благородна книга?
Позицијата на Кур’анот
Основачот на Муслиманскиот Џемаат Ахмадија, хазрети Мирза Гулам Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), Ветениот Месија, напишал:
„Најправилниот пат и најважната алатка за нашата духовна благосостојба, која е опремена со светлината на верата и стабилноста, е величествениот Кур’ан. Тој е нашиот совршен водич за нашиот интелектуален развој. Тој дојде, во полна слава, како судија за да суди за сите верски спорови во светот. …Поседува ретко и скапоцено богатство што се појавува секој ден. Само тој е вистинската суштина, со која можеме да го разликуваме вистинското од лажното. Тој е единствениот светилник што го осветлува патот на апсолутната вистина.“