In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Услови за прифаќање на дови Принципи на молитва и потреба за понизност и истрајност

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Мирза Масроор Ахмад (нека Аллах биде негов помагач) рече дека луѓето многу го прашуваат во врска со намазот.

Посебно денес, многумина ја доведуваат во прашање молитвата и самиот Аллах џ.ш..

Всушност, изгледа дека од страна на атеистите постојат организирани напади на Аллах џ.ш.. Луѓето се оддалечуваат од Аллах џ.ш.. Во такви околности, дури и нашиот народ станува жртва на такви шејтански мисли и се доведуваат до сомнеж во поглед на молитвата, Аллах џ.ш. и својата вера.

Сомневања во врска со молитвата

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека сме соочени со искушенија или неуспех, оние кои се слаби во верата, или помалку упатени, сметаат дека или нивната вера е лажна и во неа не постои вистина или Аллах џ.ш. нема да им се смилува и да ги извади од тешкотии; чувствуваат дека Аллах џ.ш. поради нивните околности е суров со нив. Тие сметаат дека, наспроти нивните молитви, ништо не се подобрува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека такви прашања и сомнежи се јавуваат во главите на оние кои се наклонети на световното.

Многумина од нив му пишуваат на Халифата изразувајќи ги своите негативни мислења. Наместо тоа, треба да размислат за себе и да проценат добро дали ги исполнуваат должностите кон Аллах џ.ш. и кој е стандардот на нивните молитви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече денес ќе зборува за молитвата и нејзината филозофија, нејзините етикети, нашата одговорност, потребата за молитва и верата во Аллах џ.ш. во светлината на учењето на Ветениот Месија а.с..

Молитвата мора да се извршува во време на добра состојба и во текот на тешкотија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рече дека поради Аллаховата милост човекот е богобојазлив и во време на добри денови и во време на тешкотии. Оној кој не го заборава Семоќниот Аллах во време на леснотија, не е заборавен од страна на Семоќниот Аллах во време на тешкотии. Меѓутоа, оние кои своето добро време без проблеми го проведуваат во уживање, и на молитвите им се предаваат само во време на тешкотии, нивните дови не се примени.

Кога доаѓа Аллаховата казна, тогаш се затвораат вратите на одговорот на молитвите. Навистина, побожни се оние кои остануваат во состојба на молитва пред да им се случи казна, кои даваат милостина, ги исполнуваат Аллаховите наредби и се благи кон Аллаховите суштества.

Ветениот Месија а.с., понатаму, вели дека дрвото се разликува по своите плодови на ист начин на кој побожна личност се разликува по своите доблести.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека никогаш не треба да го заборавиме Аллах џ.ш., а, ако некој ја исполнува оваа должност, тогаш, Семоќниот Аллах таквиот човек го чува од тешкотии.

Нашите световни обврски не би требало да не оддалечуваат од ибадетот и молитвата на Семоќниот Аллах.

Молитвата упатена на Аллах џ.ш. бара почит

Додека понатаму елаборирал како треба да му се молиме на Семоќниот Аллах, за етикетите на молитвата и како Семоќниот Аллах лично ги пренел овие етикети, Ветениот Месија а.с. наведува дека молитвата кон Семоќниот Аллах бара почит.

Кога луѓето нешто ќе го прашаат својот крал, задолжително го почитуваат. Од таа причина се повикуваме на Аллаховите својства и го величаме во сура Ал-Фатиха. Го нарекуваме достоен за благодарност, Рахман (Милостив) и Рахим (Сомилосен). Рахим, значи дека не дозволува вистинскиот труд да пропадне.

Понатаму, ние  му се обраќаме на Семоќниот Аллах како на Господар на Судниот ден, бидејќи Он тој ден ќе биде судија.

Еднаш, кога навистина ќе препознаеме дека Семоќниот Аллах е присутен, тогаш го молиме да ни го покаже вистинскиот пат; вистинската патека. Постои пат по кој луѓето чекорат, но нивните напори се залудни. Од друга страна, постои уште еден пат на кој трудот се наградува. После тоа, бараме заштита да не одиме по патот на оние кои го предизвикале бесот на Аллах џ.ш. и заталкале.

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува дека, кога молиме за упатство за правиот пат, тоа ги вклучува сите световни и духовни патишта.

На пример, докторот не може да го лечи пациентот а да не оди по правиот пат.

Слично на тоа, сите професии и успеси бараат да се оди по правиот пат, а тоа може да се постигне ако имаме силна врска со Аллах џ.ш..

Етикети на молитвата

Додека Ветениот Месија а.с. зборувал, еден човек прашал зошто пратениците имаат потреба од молитва?

Зошто Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. морал да клања?

Секогаш бил на правиот пат.

Ветениот Месија а.с. рекол дека и пратениците клањале (молеле) за да го досегнат повисокиот статус. Всушност, верникот овој намаз ќе го клања на Ахирет; како што не постојат граници за Семоќниот Аллах, нема ограничување за напредокот кој верникот може да го постигне.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа се принципи и етикети на молитвата кои треба да ги имаме во предвид додека се молиме. Ако некој тоа го направи, тогаш е во состојба да ја искуси близината на Возвишениот Аллах и да научи како за своите потреби да се моли пред Него.

Што се однесува до молитвите и правилата на однесување, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој вели дека намазот е исклучителна работа.

Меѓутоа, жално е што оние кои клањаат намаз и оние кои молат намаз  во оваа ера не се свесни за начинот на кој може да се прифати намазот. Всушност, тие се далеку од филозофијата на молитвата. Некои ја отфрлаат молитвата од самиот почеток, додека другите се оддалечуваат од молитвата бидејќи не се свесни за начинот накој нивните молитви се примаат. Таквите луѓе другите ги доведуваат до атеизмот.

За успешна молитва треба да се биде трпелив и истраен а не да се мисли лошо за Аллах џ.ш.. Често може да се види дека луѓето се заморуваат и креваат раце од молитвата подготвувајќи се за целта на молитвата. Поради тоа, тие ја отфрлаат молитвата и на крајот се одрекуваат од верата во Аллах џ.ш.. Тие тврдат дека, ако Аллах џ.ш. навистина постои, тогаш сигурно би прифатиле многу од молитвите кои тие ги молеле. Таквата личност треба да размисли за својот недостаток на вера и упорност, бидејќи тоа е вистинската причина за нивниот неуспех.

Човекот мора да истрае и да не брза во молитвата

Ветениот Месија а.с. вели дека никогаш не треба да се умори.

Случајот на молителот е сличен на земјоделецот кој става семе во земјата. Посади совршено јадливо семе во земјата, но никој не може да сфати дека ова семе сега го зема обликот на растечкото растение. Во рок од неколку дена тоа семе започнува да никнува. Од моментот кога семето било посадено во земјата, започнала неговата подготовка за постоење на растението.

Мало дете би испитувало зошто семето не станува растение и веднаш не произведува плодови. Од друга страна земјоделецот, преку своето искуство, знае дека овој процес бара време.

Истиот процес е потребен за молитвата. На молитвата и е потребна прехрана, но тие кои брзаат никогаш не го гледаат плодот на својата молитва.

Што се однесува до трпението на вистинската благосостојба, Ветениот Месија а.с. вели дека многумина не се сведоци за резултатот на својата молитва бидејќи не се свесни за фазите на молитвата кои мора да се поминат. Тие стануваат нестрпливи.

Семоќниот Аллах делува постапно. Никогаш не се случило човекот денес да се ожени и следниот ден да има дете. Иако, Семоќниот Аллах е Семоќен, тој поставил закони за управување со светот.

Сите се свесни за чекорите кои мора да се преземаат за да имаат дете, и многу од нив се тешки. До четвртиот месец на бременост ништо не е сигурно. Лекарите (според технологијата во тоа време) можеле само да скенираат по 12-та недела.

Ветениот Месија а.с. вели дека, кога детето ќе се роди мајката, исто така, се препородува. Мајката издржува многу болки за да го роди детето, а дури по болките и тешкотиите размислува за среќата на своето дете. На ист начин, во молитвата мора да бидете издржливи и да бидете трпеливи, а не да брзате.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека само по процена може да се одлучи дали да се моли искрено, или не.

Ветениот Месија а.с. вели дека мора подолго да се молиме, според што, Семоќниот Аллах се манифастира.

Забележано е дека, кога просјакот остане непоколеблив на нечии врати, упорен е во неговото просење и емотивност, во можност да ја увери и нај шкртата личност да му помогне. Зарем тогаш, кога се молиме, не можеме да не бидеме истрајни како просјакот.

Семоќниот Аллах нема да се сврти од оние кои се истрајни во молитвата.

Личноста која брза секогаш губи, а некои дури стануваат и атеисти. Нема поголема сила од Семоќниот Аллах.

Тој, Арапите ги направил да бидат кралеви на светот, а пред тоа биле ништо. Ако некој му се посвети на Аллах џ.ш. тогаш може сè да постигне.

Ветениот Месија а.с. наведува дека тоа била искреноста на Ибрахим а.с. која му го одобрила статусот кој го постигнал. Тој се молел меѓу неговото потомство да се појави голем пратеник во Арабија. Никој не можел да каже дека таа дова ќе се исполни, но се исполнила со доаѓањето на Пратеникот с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. не советуваше да ги задржиме овие насоки, и да не се молиме само кога имаме тешкотии, туку и во времето кога ни е лесно и удобно.

Врската на телото и душата во молитвата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе зборовите на Ветениот Месија а.с., кажувајќи дека молитвата бара врска помеѓу телото и душата.

Хузур а.т.б.а. наведе дека ако молитвата, постот и другите облици на обожавање се лишени од искреност, тогаш од нив нема корист.

Многу мистици и монаси извршуваат ритуали поради кои се изморуваат и чувствуваат болка, но нема резултат. Тие вршат физички вежби и ритуали кои немаат влијание на нивната душа.

Од таа причина Семоќниот Аллах во Чесниот Кур’ан вели:

„Нивното месо не го досегнува Аллах, ниту крвта, туку твојата богобојазливоста е таа која го досегнува.“

(Чесниот Кур’ан, 22:38)

Во стварноста, Семоќниот Аллах не е задоволен со празна школка, туку ја сака сржта. Молитвите не смеат да бидат празни, мора да бидат искрени.

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува дека сега се поставува прашањето, која е потребата за молитва кога само духот го досегнува Аллах џ.ш.?

Едноставно би можеле да се молиме во срцето искрено и нема потреба за ритуали во молитвата.

Одговор на тоа е дека оние кои престануваат со телесните активности не можат да ја вработат својата душа и својот дух.

Од друга страна, ако некој го користи само свое тело и физичките средства, исто така е погрешно. Телото и душата се поврзани. Ако човекот се претвара да плаче, на крајот вистински ќе стане емотивен, а ако некој се насмее, на крајот ќе стане среќен.

Сличен случај е и со молитвата. Ако телото е понизно, молитвата ќе оди со истиот дух. Празна сеџда е залудна ако не е испратена со вистинска понизност. Тоа е причината што сеџда е врвот на молитвата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека телото ги манифестира чувствата на душата. Ако душата е во тешкотии, тогаш телото покажува знаци на умор и немоќ.

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува дека физичките и духовните области идат една покрај друга. Затоа е потребно да се молиме а својата понизност треба да ја покажеме со постапките. Дури, ѝ ако на почеток е неискрено, сепак полека се развива во нешто искрено. Личноста не само да му се обраќа на Семоќниот Аллах во време на тешкотии, туку мора да остане на Аллаховиот праг.

Жртвување на удобноста за да се постигне задоволство во молитвата

Ветениот Месија а.с. понатаму наведува дека секое задоволство и удобност доаѓаат по болката. Од таа причина Чесниот Кур’ан вели:

„Навистина доаѓа олеснување по тешкотии.“

(Чесниот Кур’ан, 94:7)

Значи, ако некој наоѓа задоволство во намазот треба да процени дали поминал низ било која тешкотија. Треба да се има на ум да сите степени на молитва се клањаат на време, бидејќи мораме да го жртвуваме својот сон поради молитвата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека понекогаш луѓето не се трудат во своите молитви и мислат дека нивните проблеми ќе бидат решени ако побараат другите да се молат за нив. Таквите луѓе, дури ниту во своите пет дневни намази, не клањат редовно.

Еднаш еден син барал од Ветениот Месија а.с. да се моли за неговиот татко. Како одговор на тоа, Ветениот Месија а.с. го советувал прво тој да се моли за својот татко. Ако тој се моли, тогаш довите на Ветениот Месија а.с. ќе бидат примени.

Ветениот Месија а.с. вели дека, кога човекот ќе ја преземе болката на себе и ги напушти работите кои не му се допаѓаат на Аллах џ.ш., тогаш таков човек може да влијае на својата душа. Такви тешкотии, претрпени поради Аллах џ.ш., ќе влијаат на душата, а тоа ќе и овозможи вистински да му се моли на Аллах џ.ш..

Некои луѓе свират на инструменти или танцуваат како обожавање. Иако тие работи се пријатни, немаат влијание на душата. Други народи не се свесни бидејќи не ја разбрале вистинската филозофија на молитвата.

Ветениот Месија а.с. наведува дека Ибрахим а.с. бил верен и искрен спрема Аллах џ.ш., и поради тоа е и награден со висок статус. Искреноста кон Аллах џ.ш. бара некој вид на смрт, а дури по прифаќањето на смртта човекот може да му биде верен на Аллах џ.ш..

Идолопоклонство не е ограничено на обожавање на дрво или камен, тука на сè она што не попречува да ја постигнеме љубовта кон Бог води во идолопоклонство. Многумина си направиле идоли, и дури кога сè ќе остават поради Аллах, можат да се ослободат од идолопоклонството.

Кога Ибрахим а.с. пристанал да го жртвува синот, поради наредбата на Семоќниот Аллах, тогаш Семоќниот Аллах го заштитил од сите видови на болка. Бил фрлен во огнот, но огнот не го допрел. Сето тоа е резултат на телото и на душата; мора да постои врска, инаку молитвите без тоа се залудни.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели дека сè има свое време. Оној кој се обидува да постигне нешто во времето кое е несоодветно сигурно ќе доживее неуспех. Во време на тешкотии, кога ќе се свртиме кон молитвата, сигурно ќе наидеме на искушенија.

Случајот на Муса а.с. е одличен пример за тоа. Кога се обидел да ја олесни состојбата на својот народ тие се зголемиле. Муса а.с. го советувал својот народ да биде трпелив, но тие станале повеќе нетрпеливи. Конечно, им било наредено да се иселат. Во тој момент, фараонот ги прогонувал и луѓето паднале во очај мислејќи дека ќе бидат фатени. Меѓутоа, Муса а.с. верувал дека Аллах џ.ш. е со нив. Натерани се сигурно да ја поминат реката Нил, а фараонот го дочекал својот крај.

Ова е начинот на кој Семоќниот Аллах им помага на своите искрени слуги. Сепак, пред да се појави таква помош човекот се среќава со искушенија, кои понекогаш изгледаат неподносливи.

Ветениот Месија а.с. вели дека треба да се биде понизен и на Семоќниот Аллах да му се моли со болка и немир.

Всушност, молитвата со болка и емоција е знак дека нечија молитва ќе биде прифатена.

Значи, не треба да се мисли лошо за Аллах џ.ш. и да се паѓа во очај. Наместо тоа, треба да се трудиме со понизност, дури и во време на леснотија и удобност, наместо само во време на тешкотии.

Ветениот Месија а.с. вели дека верникот секогаш треба да биде активен и да не станува мрзелив. Треба да бидеме предадени на правење добри дела и да се истакнуваме со добри дела.

На крајот, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за Ахмади муслиманите во Пакистан и во другите делови на светот, како што е Алжир, каде се соочуваат со суровост и дискриминација.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги заштити Ахмади муслиманите ширум светот и да ги отстрани нападите и напорите на непријателот.