In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Шехадетот хазрети Али р.а.

 По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Али р.а..

Како прво, ги наведе зборовите на Халифа-тул Месих II р.а. во раскажувањето на инцидентот околу шехидството на хазрети Али р.а..

Тој рече дека Хавариџ (тие кои ја напуштиле верноста кон хазрети Али р.а.) решиле да ги убијат хазрети Али р.а., хазрети Му’авија р.а. и хазрети Амр бин Аас р.а.. Дел од Хавариџ кои биле задолжени да ги убијат хазрети Му’авија и хазрети Амр бин Аас р.а. не успеал во обидот. Оној што отишол да го убие хазрети Али р.а. го нападнал, додека предводел молитва, и критично го ранил.

Претскажувањата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. за шехадетот на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја претскажал смртта на хазрети Али р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол дека најлоша личност меѓу поранешните луѓе била таа која ги пресекла нозете на камилата на хазрети Салиха а.с., а најлоша личност меѓу подоцнежните луѓе ќе биде оној кој со своето копје ќе го удри хазрети Али р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, кажал каде тоа точно ќе се случи.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека човекот кој тргнал да го убие хазрети Али р.а. се викал Абдуррахман бин Мулџам.

Утрото, пред сабах намаз, Ибн Мулџам се скрил во близина на вратата низ која хазрети Али р.а. влегувал. Кога хазрети Али р.а. тргнал на намаз, и влегол низ вратата да ги потсети луѓето дека е време за намаз, бил нападнат и тешко ранет. Ибн Мулџам бил уапсен и го привеле кај хазрети Али р.а., кој кажал дека со него треба убаво да се однесуваат, да му дадат јадење и сместување, и, ако тој самиот преживее, тогаш ќе одлучи што ќе прави со него. Меѓутоа, рекол дека, ако почине, тогаш да го убијат Ибн Мулџам, така што Аллах џ.ш. ќе ги реши проблемите помеѓу нив двајца.

Тестаментот на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Али р.а. во својот тестамент своето семејство го советувал да остане блиско, да стравува од Аллах џ.ш. и да остане непоколебливо. Тој ги советувал да ги избегнуваат несогласувањата, бидејќи еднаш го слушнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како раскажува дека, одржувањето и подобрувањето на меѓусебните односи е подобро од доброволниот намаз (нафила) и доброволниот пост.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека тоа е нешто за што треба да се размислува, и исклучително е важно меѓусебните односи секогаш да се подобруват.

Хазрети Али р.а. во својот тестамент советувал на грижа кон сиромашните и слабите кои треба да се вклучат во општеството. Тој советувал дека никогаш не треба да се плашиме од непристоен говор, туку, секогаш треба да се плашиме само од семоќниот Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. истакна дека и ова е многу важно.

Хазрети Али р.а., понатаму, советувал дека секогаш треба да го поттикнуваме доброто и да го забрануваме злото; ако тоа не го правиме, тогаш, погрешни луѓе ќе не предводат и ќе владеат со нас.

И ова е нешто за што треба добро да размислиме.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека кога хазрети Али р.а. бил ранет, некои луѓе го посетиле и ја изразиле својата жалост поради болката која ја трпи. Хазрети Али р.а. тогаш рекол дека не чувствува жалост бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веќе претскажал дека е биде нападнат, и, дури кажал и каде точно ќе биде ранет.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека, кога уште еден човек му дошол во посета, хазрети Али р.а. му рекол дека наскоро ќе почине. Неговата ќерка, која седела во близина, кога тоа го слушнала почнала да плаче. Хазрети Али р.а. и кажал да не плаче; рекол дека ако таа би можела да го види тоа што тој го гледа, тогаш веќе не би плачела. Рекол, дека ги видел мелеките и пратениците и го видел Чесниот Пратеник с.а.в.с. како му зборува дека местото на кое оди е многу подобро од моменталната состојба во која се наоѓа.

Смртта на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека според еден хадис, откако го напишал тестаментот, хазрети Али р.а. на сите им кажал селам, го проучил шехадетот на својата вера, единството на Бог и верата и на Неговиот Пратеник, и починал. Забележно е дека хазрети Али р.а. починал на 27 од месец Рамазан, 40 години по Хиџра.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека џеназата на хазрети Али р.а. ја предводил неговиот син хазрети Хасан р.а..

Забележано е дека хазрети Али р.а. имал нешто мошус со кој го благословил Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Исто така, неговата желба била истиот тој мошус да се употреби во текот на неговиот гусул.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. наведе разни хадиси во врска со мезарот на хазрети Али р.а..

Сопругите и децата на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Али р.а. се женел осум пати во различно време. Едната од неговите сопруги била хазрети Фатима р.а., ќерка на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и Умамах бин Абул Аас бин Раби, која била внука на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Од осумте бракови, хазрети Али р.а. имал повеќе од 30 деца; 14 машки и 19 женски.

Аллаховите благослови на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека, еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.вс. рекол оти тој е градот на знаењето, а дека хазрети Али р.а. е капијата на тој град.

Хазрети Али р.а., исто така, забележан е како еден од најхрабрите меѓу асхабите. Често кога започнувала некоја битка, хазрети Али р.а. бил именуван за знаменоносец на исламот.

Зборувајќи за Божјите благослови над него, еднаш, хазрети Али р.а. рекол дека имало време кога знаел да врзе камења за стомакот поради големата глад, меѓутоа, Бог до таа мера го благословил, што износот за садака која тој го давал бил и до четириесет илјади динари.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. наведе хадис во кој еднаш Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Али р.а. му кажал дека му е брат и асхаб.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, на хазрети Али р.а. му ја дал радосната вест дека ќе влезе во Џеннет.

Забележано е дека еднаш, кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. му рекол на хазрети Али р.а. дека Аллах џ.ш. му подарил одличен квалитет, мислејќи, дека тој не се грижел за материјалните нешта од овој свет, како и тоа дека на луѓето на кои тие нешта им биле важни не сакале да имаат ништо со него.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека се среќни оние кои го сакале хазрети Али р.а. и кои ја зборувале вистината за него, и тие ќе бидат покрај него во Џеннетот, а тие што чувствувале непријателство и зборувале лаги за хазрети Али р.а. ќе бидат помеѓу бедните на Ахирет.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Али р.а. им советувал на муслиманте дека треба да ги отстранат личните страсти, а единствената страст која треба да ја имаат, е онаа која е насочена во името на Аллах џ.ш..

Тоа го покажувал со личен пример кога во текот на битката се борел против силен противник. Оваа борба, помеѓу нив двајцата, траела со часови, по што хазрети Али р.а. конечно го совладал и се подготвувал да го зададе последниот удар. Меѓутоа, токму кога се подготвувал да го убие, противникот му плукнал во лицето. Хазрети Али р.а. веднаш се тргнал од кај него. Противникот го прашал зошто тоа го направил, на што хазрети Али р.а. одговорил дека до тој момент се борел за Аллах џ.ш., но се исплашил дека сега, кога тој го плукнал, ако го убие можеби тоа ќе биде од некоја лична причина. Поради тоа, тој се поместил од местото. Тоа оставило длабок впечаток на противникот, и тој се покајал и го примил исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека тоа е израз на вистинска богобојазливост.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Али р.а..

Важна порака за Нова година

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека денес започнува Нова година, а воедно, и првиот петок од оваа година. Рече, дека сите треба да се молиме Новата година да биде благословена за оваа Заедница, но и за целиот свет. Да продолжиме да му се клањаме на Аллах џ.ш., и тоа повеќе од порано, за да световните луѓе го препознаат Аллах џ.ш.. Да бидеме во можност да ги исполниме правата кои ги должиме едни на други, и на човештвото.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека последните година дена трпиме тешка пандемија од која ниту едно место во светот не е сигурно. Рече, дека наспроти тоа, изгледа како многу луѓе да не сакаат да го прифатаат фактот дека пандемијата можеби настанала како предупредување за нас за да почнеме да ги исполнуваме должностите кои му ги должиме на Бог, и едни на други.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека пред неколку месеци пратил писма на разни светски лидери во кои им го свртел вниманието на фактот дека такви несреќи настануваат бидејќи не се осврнуваме кон Аллах џ.ш. и поради растот на неправдите.

Рече, дека иако некои лидерите одговориле, нивните одговори биле ограничени на световниот аспект на оваа криза, но не успеале да го препознаат аспектот на Бог и верата, кои тој ги спомнал во писмата.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека овие водачи изгледа не преземаат никакви чекори за промена на своето однесување, ниту сакаат да го свртат вниманието на својот народ кон вистинската цел, и се однесуваат спротивно на фактот поради кој знаат што доаѓа по оваа пандемија.

Меѓутоа, нивните напори се ограничени на световниот аспект и не одат понатаму од тоа. Оваа пандемија не само што влијае на здравјето на луѓето, туку, истовремено влијае на општеството. Световните луѓе имаат само едно решение за тоа, а тоа е дека, кога сопствените ресурси ќе се исцрпат, ќе се земаат ресурсите од помалите нации, при што неминовно ќе избие војна.

Всушност, некои велат дека војните веќе започнале. Како резултат на тоа, светот ќе падне во уште подлабока дупка. Затоа, пред светот да западне во таква состојба ние мораме да предупредуваме и да му помогнеме на светот.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека Новата година можеме да си ја честитаме меѓусебно дури кога ќе го кажеме нашето предупредување на светот. За да го направиме тоа, прво мораме самите себе да се анализираме.

Дали ние, кои сме го прифатиле Месијата, го правиме својот дел во исполнувањето на должноста кон Бог, и потоа, дали поради Него ги исполнуваме должностите кон Неговите суштества.

Секој Ахмади муслиман мора да размисли и да сфати дека на него е одговорноста и големата задача, чие исполнување го повикува, како прво, да воспостави заедница на љубов меѓу Ахмади муслиманите. Тогаш, свеста треба да ја доведеме под знамето кое го кренал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а која, всушност, е единство на Бог. Дури тогаш ќе ја исполниме заклетвата на верноста која сме ја дале; дури тогаш ќе можеме да го примиме благословот на Семоќниот Аллах; и дури тогаш ќе биде соодветно едни на други да си ја честитаме Новата година.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека секој Ахмади муслиман, маж, жена или дете би требало тоа да го сфатаат и да се заколнат дека ќе се трудат сите свои способности и капацитети да ги насочат кон револуционерна промена во светот.

Тој се молеше Аллах џ.ш. на секој Ахмад да му ја подари таа способност.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. повторно ја повика Заедницата да продолжи да се моли за Ахмади муслиманите во Пакистан и Алжир, кои и понатаму се соочуваат со тешкотии.

Рече дека во Пакистан одредени владини службеници и други свештеници продолжуваат да ги зголемуваат неправдите. Тој се молеше Бог брзо да ги земе во предвид таквите луѓе кои немаат способност да воспостават правда и мир.

Нека Аллах џ.ш. ги отстрани пречките кои и понатаму им се поставуваат на Ахмади муслиманите во Пакистан.

Сето тоа настојуваат да го направат според законите создадени против Ахмади муслиманите врз основа на лажни обвинувања дека Ахмадиите одат против честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Меѓутоа, нивните сопствени дела во целост се во спротивност со примерот кој ни дава милост за целото човештво (Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.).

Всушност, само Ахмади муслиманите денес настојуваат светот да го донесат под заштита на знамето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие луѓе, таму, и понатаму можат да чинат неправди против нас, но, ние веруваме во Бог , кој е наш најголем Помагач. Кога таквата помош ќе се покаже, тога не останува ниту трошка од оние кои ги чинат таквите зли дела.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека друг суд во Алжир ослободил Ахмади муслимани кои биле лажно обвинети, но дека сè уште останале некои кои се во притвор.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. ја повика Заедницата да се моли за оние кои таму се во затвор, како и за оние кои се приведени во Пакистан.

Хузур а.т.б.а. рече Нова година, или Бајрам, ќе биде наша вистинска среќа кога ќе го развиориме знамето на Божјото единство во сите краеви на светот, знаме кое го донел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Нашата вистинска среќа ќе се случи кога човештвото ќе почне да ги препознава своите должности на одговорност кои ги должиме едни кон други, и кога целат омраза ќе се претвори во љубов.

Хузур а.т.б.а. се молеше наскоро да ја доживееме таквата среќа.

Нека муслиманскиот уммет го препознае Ветениот Месија а.с..

Нека светот го насочи вниманието на секоја нација, и нека секоја личност ги исполни должностите кои ги должи кон другите.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да го сочува секој Ахмади муслиман, ширум светот, под Неговата заштита, и нека оваа година биде извор на благослови за секој поединец во светот.

Нека Аллах џ.ш. не заштити од оние искушенија и недостатоци поради кои сме го предизвикале Аллаховото незадоволство и поради кои останале лишени од постигнување на одредени благослови.

Нека Аллах џ.ш. ги опсипе сите со своите благослови.