In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ХАЗРЕТИ АЛИ БИН АБИ ТАЛИБ р.а. – ЗЕТ НА ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК С.А.В.С.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за животот на хазрети Али бин Аби Талиб р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. два пати, на различни места, го спомнал хазрети Али бин Аби Талиб р.а. како свој брат.

Хазрети Али бин Аби Талиб р.а. учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., освен во битката кај Табук, за што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил хазрети Али бин Аби Талиб р.а. да остане во својата куќа и да се грижи за своето семејство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Али бин Аби Талиб р.а. учествувал во текот на експедицијата на Ушариах , во текот на која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. склопил договор за мир со племето  Бену Мудлиѓ.

Во еден хадис се пренесува дека хазрети Али бин Аби Талиб р.а., во наведената експедиција, кога стигнал на местото заспал под палма од урма. Кога чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дошол да го разбуди, видел нечистотии на  хазрети Али бин Аби Талиб р.а. и го нарекол Ебу Тураб, и од тогаш тоа станало еден од прекарите на хазрети Али бин Аби Талиб р.а..

Меѓу тројцата најдобри војници

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката кај Бедр хазрети Али бин Аби Талиб р.а. бил еден од асхабите кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги пратил да бидат претходница и да дознаат што повеќе информации за состојбата кај Меканците.

Кога битката започнала Меканците пратиле тројца свои најдобри војници, а од муслиманите побарале и тие да го сторат истото и да ги пратат своите тројца најдобри војници да се борат против нив.

Муслиманите од своја страна во борба ги пратиле хазрети Хамза р.а., хазрети Али р.а. и хазрети Убеида бин Харис р.а., и во таа борба тројцата муслимани однеле победа над Меканците.

Во текот на битката кај Бедр Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Абу Бакр р.а. и на хазрети Али р.а. им рекол дека мелекот Џибрил стоел на десната страна до еден од муслиманските борци, мелекот Микаел стоел на левата страна, а рече дека во текот на битката кај Бедр мелекот Исрафил се борел заедно со нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката кај Бедр хазрети Али бин Аби Талиб р.а. бил доста загрижен за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Али бин Аби Талиб р.а. пренесува дека секогаш кога се враќал назад кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да ја провери неговата состојба, тој го затекол Пратеникот с.а.в.с. како клања и покорно се моли за победа.

Брак со хазрети Фатима р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека хазрети Али бин Аби Талиб р.а. од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарал да ја земе неговата ќерка Фатима за жена. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал дали има нешто како венчален подарок. Хазрети Али бин Аби Талиб р.а. му одговорил дека како венчален поклон ги заложува својот коњ и оклоп. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му предложил коњот да го задржи на неговиот оклоп од синџири да го продаде и тоа што ќе го добие за него да му биде венчален подарок.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., сходно на оваа ситуација каде што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил да се дава венчален подарок, прокоментира дека треба да прифатиме дека венчалниот дар е право на невестата и дека треба секогаш да го даваме.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во еден хадис се наведува оти на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Семоќниот Аллах му кажал тоа да го направи, односно, да дозволи неговата ќерка, хазрети Фатима р.а., да се венча со хазрети Али р.а.. Во хадисот се наведува и дека после венчавката Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зел абдест од сад со вода, а потоа ги повикал хазрети Али р.а. и хазрети Фатима р.а. и ги попрскал со водата и двајцата кажувајќи молитви за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, иако не поседувале големо богатство, хазрети Али р.а. и хазрети Фатима р.а. биле многу дарежливи кон другите од сето она што го имале.

Еднаш, додека извршувала некои домашни работи, хазрети Фатима р.а. осетила болки во рацете, после тоа, од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. побарала да и обезбеди работник кој би помогнал да ги завршува работите околу куќата. Подоцна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги посетил хазрети Али р.а. и хазрети Фатима р.а.  во нивната куќа и им рекол дека ќе им даде нешто подобро од тоа да им обезбеди работник, а тоа е дека треба да го учат Аллаху Екбар (Allahu Ekbar) (Аллах е Најголем) 34 пати, Елхамдулиллах (Elhamdulillah) (На Аллах му припаѓа сета благодарност) 33 пати и Субхан Аллах (Subhan Allah) (Сета слава му припаѓа на Аллах) 33 пати.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не сакал луѓето да мислат дека тој го користи богатството од заедничката каса за своето семејство, ниту сакал да даде пример за идните владетели да помислат дека богатството од касата можат да го користат за лични потреби. Иако Аллах џ.ш. определил дел од богатството за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Пратеникот с.а.в.с. го користел делот од богатството кое нему му припаѓало, односно го користел само неговиот дел.

Мудроста на Чесниот Пратеник с.а.в.с. при советувањето на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги прашал хазрети Али р.а. и хазрети Фатима р.а. дали се будат за Тахаџуд (доброволен ноќен намаз). Хазрети Али р.а. одговорил потврдно, со објаснување дека кога Аллах џ.ш. сака тие да се разбудат тие се будат и го извршуваат Тахаџуд намаз, а кога нè, тие продолжуваат да спијат.

Се пренесува дека овој одговор на хазрети Али р.а. бил малку спорен и не задоволувачки. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не се налутил поради одговорот на хазрети Али р.а., нити реагирал на било кој начин поради тоа што таков одговор не треба да му се даде на Чесниот Пратеник с.а.в.с. поради неговиот висок статус кој го имал.

Наместо тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. едноставно се обрнал кон хазрети Али р.а. говорејќи дека понекогаш луѓето стануваат полни со изговори и на наједноставните работи.

Оваа мудра постапка која ја презентирал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му била доволна да му покаже на хазрети Али р.а. дека не требало на тој начин да му обрати на Пратеникот с.а.в.с..

Оваа постапка, исто така, покажала дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш работите ги објаснува со големо трпение и љубезност.

Подоцна, хазрети Али р.а. рекол дека, после овој инцидент, никогаш веќе не го пропуштил Тахаџуд намаз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува за хазрети Али р.а. во некои следни хутби.

Молба за дови за Ахмади муслиманите во Пакистан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека условите во Пакистан, за Ахмади муслиманите, и натаму се влошуваат. Некои политичари прават завери со религиските челници и пробаат да им нанесат што поголема штета на членовите на нашата Заедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги повика сите членови на Заедницата да се молат за Ахмади муслиманите во Пакистан, да останат заштитени од злата кои им ги нанесуваат одредени религиски групи.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после џума намаз ќе клања џеназа во отсуство на неколку починати членови на Ахмадија џемаатот.

Господин Комадант Мухаммад Аслам од Канада, кој починал на 2 ноември 2020 година. Имал Прилика да студирал под управа на Др. Абдус Салам. Подоцна служел во силите на Фуркан, стационирани во Кашмир, каде што добил разни награди.

Служел и во разни капацитети во образовниот сектор во службите на морнарицата. После пензионирањето се преселил во Канада, каде што својот живот го посветил во служба на Заедницата во разни сегменти во период од 28 години.

Бил исклучително љубезен и скромен. Редовно клањал намази и имал голеа љубов кон Халифатот.

Иако, во блиското минато, бил многу болен, после подобрувањето на неговото здравје го барал мисионерскиот центар и сакал да биде активиран на должност.

После него останале сопругата и три сина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за него Аллах џ.ш. да му прости и да му подари милост, и да му овозможи неговото потомство да продолжи да работи на неговите добри дела.

Схахеена Камар сахиба од Пакистан, сопруга на Камар Ахмад Схафик сахиб, кој бил возачво Назарат Ули. Таа, заедно со својот сина, Самар Ахмад Камар, загинале во сообраќајна несреќа на 12.11.2020 година. После неа останале сопругот, две ќерки и три брата.

Била крајно побожна и во тој дух ги советувала и воспитувала своите деца. Имала коректен и скоро пријателски однос со своите деца. Таа предано и служела на Ахмадија заедницата.

Нејзиниот син Самар Ахмад Камар, кој исто така загинал во сообраќајната несреќа на 17 години, бил студент во прва година на факултетот. И тој и бил предан и срдечно и служел на Заедницата, и секогаш кога го барале за било каква работа тој ги оставал сите претходни обврски и одел да ги заврши задачите кои му биле поставени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за нив и ова семејство да има трпение да спонтано да ја поднесе оваа загуба.

Сједа Афзал Кхолхар сахиба, сопруга на Мухаммад Афзал Кхикхар, починала на 12.10.2020 година во Канада. Нејзиниот сопруг и син станале шехиди поради својата вера. После нивната смрт та се соочила со големи тешкотии, но никогаш не се жалела и продолжувала напред со големо трпение и непоколебливост.

Ја исполнувала својата мајчинска должност и ги омажила и трите свои ќерки.

Се грижела за сиромашните и изразувала голема љубов кон Халифатот. Била многу предана кон финансиското жртвување и продолжила да дава садака и во името на своите покојни, сопруг и син.

После неа останале три ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости, да биде милостив, да ја воздигне нејзината позиција на Ахирет и да овозможи на нејзините деца да продолжат да ги спроведуваат нејзините добри дела.