Во името на Аллах милостивиот, сомилосен
Не постои никој повреден да се обожува од Аллах, Мухаммед е Аллаховиот пратеник
Муслимани кои веруваат во Имам Махди,
Хазрети Мирза Гулам Ахмед Кадиани (as)
Подстраници

Ислам

Исламот и неговото значење

Исламот, доколку се преведе буквално значи: „мир, потчинување по слободна волја“, создавање  хармонична врска и пронаоѓање хармонија со Бога. Оваа именка потекнува од арапскиот збор „са-лi-мa“ што значи: мир, воздржување, чистота, потчинетост и поврзување. Оттука „ислам“ значи постигнување на совршен и мирен живот и постојана среќа преку целосно потчинување на волјата на Аллах. Кур’анот, светата книга на муслиманите, вели (5:4) дека учењето на исламот е во хармонија со човечката природа. Исламот не е нова религија, напротив таа е совршенство на божествената порака што Бог му ја дал на човекот, во различни времиња и места, преку Неговите пратеници како Адем, Муса, Давуд, Иса итн. Исто како што ги учиме децата на именки или знаци, малку по малку на постепен начин, исто така и Бог му ги дал на човекот Своите учења, преку пратениците кои живееле како дел од различни народи и времиња.

Карактеристики на учењето на исламот

Кога човекот го достигнал степенот на интелектуална зрелост и можел да го разбере светот околу себе, и веќе му било потребно последното и целосно учење, Аллах ја дал последната и целосна книга Кур’анот, преку Чесниот Пратеник  Мухаммад, Аллах нека го благослови со мир и милост Божја. Оваа книга не само што ги коригира грешките што се нашле во различни религии, туку ги проповеда и вистините што дотогаш не можеле да се прогласат поради посебните околности на човековиот развој. Во исто време, ги содржи истите вистини и заповеди кои им биле дадени на претходните народи и што биле универзални по природа (98:4). Во една реченица, можеме да кажеме дека одговара на сите духовни и морални потреби на човештвото коешто постојано напредува и се развива.

  • Петте столба на исламот
  • Сведоштво за единството на Аллах и за пратеништвото на Мухаммад, s.a.v.s. („sallallahu alejhi va sallam“).
  • Молитвата е обожавање на Бога што се прави 5 пати на ден.
  • Пост во месец Рамазан.
  • Зaкат е задолжителен данок на вишокот богатство, според одредени критериуми и проценти, кој се одредува за една година. Зекат значи и милостина и дела од добротворна природа.
  • Хаџ е аџилак во Мека, во одредени денови, за посета на Каба, што муслиманот мора да го направи барем еднаш во животот, доколку условите и околностите го дозволат тоа.

Некои специфичности на учењето на исламот

  • Во продолжение се дадени некои од посебните карактеристики на исламот:
  • Еманципација и ослободување на жените преку родова еднаквост, гарантирање на нивните права и слободи и подигнување на нивниот статус во општеството;
  • Целосна забрана за употреба на алкохолни пијалаци и наркотични средства кои го уништуваат животот;
  • Решавање на економските проблеми;
  • Збогатување на човековиот морал преку поскромни и попрактични принципи и норми;
  • Унапредување на науката и унапредување на знаењето и образованието.

Порака за надеж

Според исламот, целта на човечкиот живот е неговото совршенство и напредок. Исламот не ја прифаќа идејата дека човекот се раѓа грешен, туку учи дека секое човечко суштество е надарено со изворот на совршениот развој. Потоа, од поединецот зависи дали ќе успее да ја најде среќата или пак ќе ја изгуби. Меѓутоа, Бог му ги дал на човекот потребните вештини за оваа цел. „Навистина, ние човекот го создадовме  на најдобар еволутивен степен,, вели Чесниот Кур’ан. (95:5)

Основите на верата во исламот

Основното верување на исламот е вклучено во формулата на мачеништвото, односно во сведочењето за единството (тавхид) на Бог. Нема никој достоен за обожавање освен Бог, а Мухаммад е Негов слуга и Пратеник. Бог не познава никаква слабост. Он е Свет, Апсолутен и постои надвор од материјалните граници. Он е Семилостив, Милостив и Семоќен. Он е Еден и Единствен. Он ниту се има родено, ниту е роден, бидејќи тоа се карактеристиките на човекот, кој е минлив во овој свет. Исламот ни помага да воспоставиме траен однос со нашиот Создател. Тој нè поттикнува да го прифатиме Бога како помошник за време на нашиот живот на земјата и ни дава до знаење дека Он нè поддржува во сите наши напори и планови.

Божјото единство е првиот и најважен столб на исламот и од него произлегуваат сите други верувања. Исламот бара од нас да веруваме во сите Божји пратеници, вклучувајќи ги хазрети Адем, Ибрахим, Муса, Иса, Кришна, Буда, Конфучиј и Заратустра (нека бидат благословени со мир Божји). Ние ги сметаме (вклучувајќи и многу други што не се споменати овде) како Божји учители кои дошле на овој свет за да го водат и оживеат човекот на духовен план и да го доближат до Бога. Иако употребата на несоодветни зборови и јазик на омраза кон духовните личности или пратеници од друга религија може да се смета за нормален чин, дури и чин на побожност во која било религија, во исламот се случува следното: Ако муслиманот изрази макар и најмало непочитување кон основачот на друга религија, тој е во опасност да се оддалечи од верата, бидејќи не смее да навредува или да не почитува ниту еден од пратениците. Секогаш кога ќе се спомене името на кој било пратеник, муслиманот треба да ја каже фразата „алејхи селам“ (т.е. Аллах нека го благослови со мир Божји). На овој начин исламот создава мир меѓу сите религии.

Ние не поставуваме никакви дискриминирачки граници, а можеме само да додадеме дека Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) исто така бил голем учител и Аллахов Пратеник. Врз основа на големината на карактерот, степенот на неговото влијание и опсегот на неговата порака, ние го сметаме за најголем од сите пратеници. Меѓутоа, не веруваме дека Божјата врата на невидливото е веќе затворена и можноста за комуникација со Бог е засекогаш прекината. Секој треба да ги следи стапките на Пратеникот Мухаммад, Печатот на сите пратеници.

Нашата ера исто така не помина без свое сведоштво. Во битието на хазрети Мирза Гулам Ахмад, Ветениот Месија и Имам Махди а.с., го имаме реформаторот на нашето време, чија единствена задача беше да го обедини човештвото низ целиот свет преку ширење на исламот.

Затоа  Пратеникот  Мухаммад го сметаме – Аллах нека го благослови со мир и милост Божја, – како „печат“ на сите пратеници . Без да му се покориме и да ја послушаме неговата порака, никој не може да биде водач или предводник на човештвото. Исламот не е мртва религија, која само раскажува измислени приказни, или неверојатни настани од минатото. Тоа е жива религија, која, како неисцрпен извор, му користела на човекот во секое време.

Семоќниот Бог создава жива и моќна врска со секој искрен слуга што ја бара вистинската вера. Во ова патување, верникот се издигнува до еден од овие чинови: 1. Пратеници, 2. Вистинити, 3. Маченици и 4. Чесни (4:70). Поради овие својствени карактеристики, исламот тврди дека е единствената религија што е прифатлива денес за Бога.

Кур’анот е светата книга на муслиманите. Тој е словото Божјо, кое Бог го споделува со Пратеникот  Мухаммад пред 1400 години. Кур’анот е единствената Божја книга, која останала иста од самиот почеток и не претрпела ни најмала промена, дури во секое време во коештo живееле муслиманите, тие го имаат научено целиот текст на Кур’анот напамет и го пренеле од колено на колено до денес. Исламот не само што ни заповеда да веруваме и да ги почитуваме Божјите пратеници, туку и од нас бара да веруваме дека сите религии имаат заедничко потекло и дека потекнуваат од Бога. Затоа, муслиманот не може на кој било начин да обесчести ниту еден пратеник, ниту да го негира Божјото потекло на другите религии. Меѓутоа, со текот на времето, нивните доктрини и учења или претрпеле радикални промени или човечките пронајдоци успеале да се вткајат во нив. Покрај тоа, одредено учење на религиите било ограничени на одредено време, народ или место, но нивните следбеници подоцна му дале универзален карактер.

Ние веруваме дека Чесниот Кур’ан ги вклучува сите овие претходни учења, кои биле надвор од времето и просторот, а исто така дава ново учење кои би одговорило на потребите на човечкото општество и би му помогнало во просветлениот пат до сеопфатен развој. Исламот го поддржува воспоставувањето вистинска демократија и создава инклузивно општество, во кое дискриминацијата врз основа на социјална класа, верска и етничка припадност, боја на кожа итн. не играат никаква улога. Потеклото, економската состојба и социјалниот статус се работи на случајност, додека високата морална чистота и придонесот во корист на човештвото се работи што ја одредуваат вистинската заслуга. Исламот не само што ги пропишува суштинските основи и принципи на демократијата, туку и хармонично ги вткајува во нормите на општествениот живот.

Исламот – жива религија

Верата, што не преминува во дело, не може да се нарече таква, па дури се нарекува дефицитарна и лага доколку не вдахнува дела. Муслиманот верува во својата лична одговорност за сите дела што ги прави во овој живот и во „задгробниот живот“ што доаѓа по смртта. Кур’анот нè учи дека секој човек мора да го носи својот товар и никој не може да ги искупи гревовите на другите. (2:287; 53:39)

Според исламот, животот по смртта е продолжување на човечкиот живот на земјата. Човекот почнува да ги вкусува и доживува Џеннетот и Џехеннемот во овој живот. Џеннетот со неговите дарови е неисцрпен, додека казните и страдањата на Џехннемот се привремени. Доколку се прикаже симболично, Џехеннемот наликува на болница. Како што на човекот му требаат лекови, интервенција и понекогаш болна терапија за да дојде до здравје, така и лошиот дух ќе се засолни во Џехеннемот за да се излечи. Откако ќе ја заврши „терапијата“ и ќе биде опремен со вештини и сетила неопходни за Џеннетот, тој ќе премине во Џеннетот. Џеннетот е заслужената победа на животот што бил посветен на работа, труд и континуиран развој. Тој е портата кон апсолутен мир и среќа. Кога човекот ќе се соедини со Бога и ќе го најде совршенството на благородните духовни квалитети и неограничените способности што Бог ги всадил во човекот, му се дава апсолутна среќа. Состојбата на човекот по смртта не е ништо друго освен одраз на неговата духовна состојба во овој земен живот.