Во името на Аллах милостивиот, сомилосен
Не постои никој повреден да се обожува од Аллах, Мухаммед е Аллаховиот пратеник
Муслимани кои веруваат во Имам Махди,
Хазрети Мирза Гулам Ахмед Кадиани (as)

Зошто муслиманките носат шамија?

Целта на оваа наредба: Духовен развој

Основачот на Муслиманскиот Џемаат Ахмадија, хазрети Мирза Гулам Ахмад (нека биде благословен со мирот Божји), проповедал за филозофијата на покриеноста и рекол:

„Со превезот, Божјата Книга нема намера да ги држи жените затворени во затвор. Така мислат оние што не ја знаат вредноста на учењето на исламот. Целта на оваа лекција е жената и мажот, и двајцата да бидат заштитени од голо око и од изложување на својата убавина, бидејќи тоа е добро и за обајцата, и за мажот и за жената“.

Прашањето за носењето шамија е сè повеќе цел на критики, особено во западните земји. Јавното мислење во овие земји, како и во муслиманските земји, не секогаш ги одразува учењата на исламот на вистинскиот начин. Во врска со причината зошто исламот го обврзува хиџабот (исламскиот превез), Кур’анот вели: „Тоа е најдобро да се препознаат, и да не се вознемируваат.“ (33:60)

Ова покажува дека побожната жена (т.е. муслиманка), која се плаши од Бога, треба да се појави во јавноста носејќи ги високите морални вредности на воздржувањето и благородноста. Таа исто така докажува дека нејзината лојалност и љубов кон Бога се поголеми од задоволствата на овој живот.

Кога муслиманката свесно ги покрива телото и косата, јасно дава до знаење дека не е девојка која бара внимание или пофалба. Таа одбива да флертува или да биде коментирана од туѓи мажи. Забулената муслиманска девојка свесно се дистанцира од сè што може да ја оцрни нејзината чест. Таа сака да биде идентификувана како жена која, следејќи ги Божјите наредби, постигнала внатрешен мир и среќа.

Затоа не сака нејзиниот интегритет да биде загрозен. Покривањето на косата и другите атрактивни делови од телото им дава јасна порака на мажите дека е жена која не сака да биде заведена или галена од други мажи, ниту да ја загрози својата чест. Нејзиното скромно, но сепак елегантно однесување, како непремостлива бариера, го задржува заводливиот и промискуитетен поглед на мажите коишто имаат тенденција слободно да им талка погледот над неа во потрага по задоволство.

ПРЕВЕЗОТ СПОРЕД КУР’АНОТ

За да нема двоумење, Аллах јасно кажува:

„О Веровеснику! Кажи им на своите жени и ќерки, како и на жените верници, да ја навлечат прекривката на себе. Тоа е најдобро да бидат препознаени , и да не бидат навредувани. А Аллах најмногу простува (и) милостив е,, (33:60). Потоа вели: „И кажи им на верничките  да ги соборат погледи свои и да ги чуваар свои срамни места , и д ане ги покажуваат своите украси освен она што е видливо од тоа и нека прекривки спуштат на градите свои  и нека украсите свои не ги покажуваат освен на мажите свои…..!“ (24:32)

Понекогаш се вели дека овој ајет (стих) го привлекува вниманието на муслиманките само за да го избегнат порокот со покажување на градите, но во истата сура го читаме и овој редослед:

„Старици, кои повеќе не се надеваат на мажење, не е грев да  отстрат (вишок) од облека своја, но да не ги покажуваат украсите свои. А ако тие бидат претпазливи, тоа е подобро за нив. А Аллах сè  слуша, (и) се знае. (24:61)

Зборовите на Кур’анот „освен она што е видливо од тоа“ експлицитно укажуваат на тоа дека жените не треба да се чувствуваат попречени или неспособни да ја вршат својата секојдневна работа и достојно да придонесуваат за развојот на општеството и земјата.

ХИЏАБОТ (ВЕЛОТ) Е ЈАСЕН ИЗРАЗ НА ДОСТОИНСТВОТО

Една муслиманска девојка е свесна дека вистинската љубов бара големи жртви. На тој начин, покажувајќи ја својата покорност кон Бога и лојалност кон својот сопруг, таа докажува дека нема никаков интерес за други мажи. Бидејќи е морална и верна на својата религија, иако се лишува од искуствата и авантурите на нескротливите врски на немирниот живот, таа добива длабоко задоволство и наоѓа среќа што никогаш не може да се доживее во недозволените односи.

Покрај тоа, начинот на којшто таа се облекува во јавноста го засилува нејзиното чувство за скромност и понизност и ја зајакнува нејзината поврзаност и искрено однесување во семејството. Ова ја подига самосвеста и го зајакнува достоинството и самодовербата.

Таа веќе не троши време и не е толку загрижена за естетското разубавување, за да стане што е можно попривлечна, да ги привлече дури и оние диви и неодговорни очи кои наоѓаат задоволство во нејзината надворешна убавина. Затоа, јавното појавување на муслиманска девојка во скромна и достоинствена облека не е симбол на угнетување или потчинување, туку јасен израз на нејзиното достоинство и волја.

ЗОШТО ДА СЕ ПОКРИВААТ САМО ЖЕНИТЕ?

Често се вели: Зошто само муслиманките треба да бидат ограничени во однос на облеката, а зошто само оние кои се покриваат да го избегнуваат заводливиот и неодговорен поглед на мажите? Зарем мажите не треба да се тие кои треба да го воздржат својот поглед? Спротивно на тоа, дали можеме да кажеме дека нема жени кои заведуваат други мажи? Зошто и мажите не се покриваат со шамии?

Навистина, Кур’анот, додека ги опишува карактеристиките на божественото општество, прво им се обраќа на верниците да го тргнат погледот од туѓи жени. Според него, муслиманските верници не треба да гледаат на забранетото, во оваа категорија спаѓаат и туѓите жени. Тие треба да се однесуваат со скромност, плашливост и воздржаност и да водат морален живот. Исламот не им дава на мажите овластување да наметнат наредба за покривање на жените, туку им наредува да ги воздржат очите. Еве неколку примери од Кур’анот:

„Кажете им на верниците да ги спуштат погледите и да си ги чуваат интимните делови! Ова е најчистиот пат за нив, а Аллах е Сезнаен за она што го работат.“  „Навистина, Аллах подготвил прошка и голема награда… за мажите кои ги чуваат своите интимни делови и жените кои ги чуваат своите интимни делови.“ (33:36)

Покрај овие заповеди, Пратеникот  Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) поучувал дека мажите треба да се облекуваат скромно и да ја покриваат косата кога излегуваат. Тој самиот секогаш носел турбан.

Некои луѓе, изразувајќи го своето незадоволство, прашуваат зошто муслиманките мора да се откажат од својата слобода, од единствена причина што некои дрски мажи ги третираат навредливо. Зошто им се ускратени нивните права, само затоа што некои мажи можат да манипулираат со нив? Навистина, доколку луѓето се однесуваа правилно, немаше да има потреба од шамии, хиџаб или други заштитни мерки. Но, за жал, во денешно време, однесувањето на многу луѓе не е секогаш на посакуваното ниво. Иако не е толку лесно да се ослободиме од алчноста на овој материјален свет и да им се препуштиме на похотливите желби, муслиманското општество како целина мора да ги преземе неопходните мерки во смисла на спречување стимулации кои промовираат изопаченост и субверзија на општествениот живот на морална основа. Овие мерки се наменети да ги спречат последиците кои произлегуваат од недостатокот на контрола врз инстинктите на заведување.

Меѓутоа, меѓу муслиманите има мал број луѓе кои, поради тоа што се слаби и ранливи, не можат да ги надминат своите инстинкти. Има и такви „чиишто сопствени желби ги направија господари“ (45:24) и со тоа што не одговараат на Божјите упатства, тие се испразнети и од моралните вредности.

Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја), рекол: „Меѓу жителите на пеколот има типови луѓе коишто сè уште не сум ги видел. Мажи со камшици како кравји опашки со кои тепаат луѓе (т.е. тирански водачи) и жени кои се облечени, но голи, заведени (на погрешен начин) и предизвикуваат луѓето да бидат заведени по нив, нивната коса е како грпка на камила. Тие нема да влезат во рајот, ниту ќе го помирисаат неговиот мирис иако се шири на големи далечини.“

Живееме во време во кое човекот во потрага по задоволство ги гази и превртува сите морални и општествени норми. Затоа, нужно мора да постои граница помеѓу чесноста и нечесноста, срамот и бесрамноста, моралните стандарди и промискуитетот итн. Исламот ја прави оваа линија на поделба јасно разграничена, разликувајќи ја границата на почетната точка на заведувањето од вистинската граница на „заведувањето“ што е сè што ќе запази окото.

Хиџабот или шамијата не се само заштитна мерка за да се избегне неморалот, кој може да потекнува од други, туку и како поттик дека муслиманот треба да ги фокусира своите напори за постигнување чистота и да се дистанцира од секоја мисла или акција поради која може да отстапи од оваа цел.

КАКВА ТРЕБА ДА БИДЕ ОБЛЕКАТА НА ВЕРНИЦИТЕ?

Сепак, едно прашање допрва треба да се разјасни. Дали само муслиманките треба да ги покриваат деловите од телото или и мажите муслимани? Машката облека треба да ги покрива нивните интимни делови и не треба да биде тесна, да го покажува обликот на интимните делови. Не е убаво тоа што машката облека наликува на женската и создава сличности меѓу двата пола. Пратеникот Мухаммад (Аллах нека го благослови со мир и милост Божја) наредил муслиманите да избегнуваат екстравагантна облека и да не се однесуваат арогантно. Затоа, забрането е носење злато и свила за мажите муслимани. На главата носел турбан (Аммама). Пратеникот (нека биде благословен со мирот Божји), рекол: „Мажите треба да носат нормална облека што ги покрива деловите од телото и им ја покрива косата кога излегуваат од дома. Тој лично носел турбан на главата. Сите школи на исламската јуриспруденција едногласно се согласуваат дека покривањето на главата особено за време на молитвата е пожелна практика“.

Се очекува секој муслиман, без разлика дали е маж или жена, доброволно да се потчини на учењата на исламот. Во Чесниот Ку’ран, Бог изјавува: „Вистината е она што доаѓа од Господарот ваш; затоа, кој сака нека верува, а кој сака нека не верува“ (18:30). Аллах ја покажува важноста од следењето на патот на Пратеникот (нека биде благословен со мирот Божји) велејќи: „Ти кажи:  Ако го сакате Аллах, тогаш следете ме. Така Аллах ќе ве сака и ќе ви ги прости гревовите“ (3:32). „Навистина, во  Пратеникот е убав пример,  за оној кој се надева на Аллах и на Судниоти кој  Аллах често го спомнува“ 33:22.

ЗАВРШЕН ЗБОР

Муслиманите, како мажите така и жените, не треба да носат облека која е премногу привлечна и експонирачка, која наместо да ги покрие физичките карактеристики на убавината, ги открива на најпровокативен начин. Таквата облека служи само за да биде забележана, да ги искушува еротските чувства и на тој начин да поттикне „непожелни барања“.

Превезот не е израз на екстремизам ниту демонстрација на политички аспирации за постигнување моќ. Превезот служи како средство да се избегнат похотливите желби и да се заштитите од пониските инстинкти. Тој е вроден елемент на исламската етика и една од виталните одредби на моралното образование.

Обврската за хиџаб помага во одржувањето на надворешната и внатрешната воздржаност и испраќа јасна порака до другите дека оваа девојка не одобрува или толерира неморално или несоодветно однесување. Превезот е составен дел од исламските учења и муслиманите не е можно да ја променат или укинат таквата одредба, за што наоѓаме јасни упатства во Кур’анот и во практиката на пратениците.