In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Опсада на Медина и последните денови на хазрети Осман р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а. и побуната која тогаш настанала.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој детално ја опишал оваа тема. Бунтовниците побарале хазрети Осман р.а. да се одрекне од Халифатот, на што тој одговорил дека тоа не е можно. И наредните дваесет дена бунтовниците продолжувале со тој обид но хазрети Осман р.а. кажал дека не може да ја симне наметката која Бог му ја дал. Тој се обидел да ги вразуми бунтовниците, советувајќи ги да му се тргнат од патот. Бидејќи не сакале да соработуваат, хазрети Осман р.а. рекол дека ќе дојде време кога тој ќе замине и дека тогаш ќе се сетат на неговото време, и ќе посакаат да не заминал бидејќи подоцна ќе се соочат со големи тешкотии.

Опсадата на куќата на хазрети Осман р.а. 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по дваесет дена неуспех, бунтовниците решиле да не го пуштат хазрети Осман р.а. од домот и да ги прекинат сите линии на снабдување. Тие се надевале дека хазрети Осман р.а. ќе попушти и ќе ги прифати нивните барања. Во исто време, бунтовниците ги малтретирале и останатите муслимани до таа мера што никој од нив, поради стравот, домот не го напуштал невооружен. Бунтовниците дури го прекинале и снабдувањето со вода во домот на хазрети Осман р.а. и тој морал да побара помош од соседот.

Хазрети Али р.а. ги опоменува бунтовниците

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Али р.а. слушнал за тоа, отишол во куќата на хазрети Осман р.а. и на бунтовниците, кои је опколиле куќата, им објаснил дека методата која ја применуваат е погрешна и дека треба да се тргнат. Меѓутоа, бунтовниците биле упорни и на хазрети Али р.а. му кажале дека ниту капка вода нема да дојде до хазрети Осман р.а.. Тогаш, дури и сопругата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Умми Хубабиах р.а., тргнала со вода и се обидела да ги вразуми бунтовниците, но тие почнале да ја напаѓаат нејзината мазга на која дошла и толку биле агресивни што ако луѓето од Медина не биле во близина можеби и ќе ја убиеле.

Тоа бил начинот на кој бунтовниците се однесувале кон сопругата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Ајша р.а. се подготвува за аџилак

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите виделе дека не може да се постигне договор со бунтовниците. Хазрети Ајша р.а. во тоа време се подготвувала за аџилак, но, муслиманите ја замолиле да остане и да помогне во решавањето на проблемот. Хазрети Ајша р.а. ги прашала дали сакаат и со неа да се однесуваат како со хазрети Умми Хабиби р.а.. Пред тргнувањето на аџилак, сепак, се обидела да направи нешто во врска со проблемот и го повикала својот брат да дојде со неа на аџилак, меѓутоа, и тој самиот бил на страна на бунтовниците и го одбил нејзиниот предлог.

Хазрети Осман р.а. им праќа писма на гувернерите на провинциите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. им напишал писмо на муслиманите во кое истакнал дека постојат луѓе кои се обидуваат да создадат неред меѓу нив. Меѓутоа, луѓето не сфаќале дека самиот Аллах џ.ш. го поставил Халифата, како што и ветил во Чесниот Кур’ан.

Понатаму, Аллах џ.ш. наредил цврсто да се држат до Аллаховото јаже, но бунтовниците тоа потполно го занемариле. Тој рекол дека е наследник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и како што дале заклетва на верност на Чесниот Пратеник с.а.в.с. тие, всушност, се обврзале на верност кон Аллах џ.ш..

Меѓутоа, бунтовниците не останале верни на своето ветување на верност. Хазрети Осман р.а. рекол дека бунтовниците му поднеле три барања: да му се одмаздат за секоја казна која ја изрекол на било кој откако станал Халифа. Ако не се согласи на тоа треба да го напушти Халифатот или бунтовниците ќе ги пратат своите луѓе и на другите ќе им наредат да престанат да му бидат послушни.

Како одговор на овие барања, хазрети Осман р.а. рекол дека претходните Халифи никогаш не биле казнети поради своите одлуки, а тие него сакаат да го казнат. Тоа само значело дека ова бил изговор за да го убијат.

Што се однесува до напуштањето на Халифатот тој рекол дека можат да го распарчат неговото тело, но тој никогаш нема да ја напушти наметката на Халифатот која му ја дал Аллах џ.ш..

Што се однесува до третата работа, хазрети Осман р.а. рекол дека никого не присилил да му даде Баи’ат, заклетва на верност, но, откако тоа го направиле, а се обидуваат да ги присилат луѓето да ги прекршат заклетвите, тие самите ќе снесуваат последици.

Бунтовниците фрлаат камења на куќата на хазрети Осман р.а. 

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече дека бунтовниците, откако сè друго им пропаднало, се обиделе да го испровоцираат хазрети Осман р.а. за да им возврати и тие да најдат изговор да се борат против него. Дури отишле толку далеку што во текот на ноќта почнале да фрлаат камења врз куќата надевајќи се дека некој од Османовата р.а. куќа ќе им возврати назад и потоа би можеле да нападнат. Меѓутоа, хазрети Осман р.а. на сите им наредил да се воздржат на било кој начин.

Кога муслиманите виделе дека се бара изговор за убиство на хазрети Осман р.а. се собрале и стражареле околу куќата. Меѓутоа, хазрети Осман р.а. бил толку несебичен што на војската од 3 000 луѓе кои дошле да го заштитат им кажал дека не смеат своите животи да ги доведуваат во опасност бидејќи бунтовниците имале проблем само со него. Знаел дека во иднина ќе треба голем број на луѓе, како и многу асхаби, за да ја прошираат пораката на исламот, и не сакал да ги загубат животите.

Дури и после тоа, муслиманите ја извршувале должноста да го заштитат својот Халифа. Влијателните муслимани почнале да ја шират веста и меѓусебно да се поттикнуваат и да се залагаат за заштита на исламот, а големите војски на муслимани почнале да се подготвуваат.

Вредните напори на асхабите за сузбивање на побуната

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога бунтовниците виделе како муслиманите се обидуваат да го заштитат својот Халифа, станале загрижени за себе и морале брзо да делуваат во намера да го убијат хазрети Осман р.а. Така, една вечер бунтовниците ја нападнале куќата на хазрети Осман р.а. а неколку асхаби пред куќата храбро се бранеле. Хазрети Осман р.а. излегол со својот штит и ги внел асхабите во куќата. Тој ги советувал зборувајќи дека постојат поголеми цели кои понатаму треба да се исполнат и затоа не смеат да се борат. Додека некои асхаби по наредбата на хазрети Осман р.а. заминале, постарите асхаби сметале дека без оглед на сè нивната должност е да останат и да го заштитат својот Халифа. Бунтовниците ја запалиле предната капија. Кога тоа го виделе асхабите кои останале го земале оружјето и тргнале на кај бунтовниците. Иако биле многу малку, храбро се бореле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за овој немил настан и повторно упатил апел за молитвите за Ахмади муслиманите во Пакистан и Алжир, кои се соочуваат со тешки услови.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство на неколку личности.

Маулви Мухаммад Најееб Кхан сахиб

Маулви Мухаммад Најееб Кхан сахиб од Кадијана во Индија починал на 14 февруари. Зад себе оставил сопруга и три сина. Ахмадијатот го прифатил кога имал седумнаесет години откако ја прочитал книгата „Филозофијата на учењето на исламот“. Прв во своето семејство го прифатил Ахмадијатот, и како резултат на неговите напори и неговото семејство подоцна го прифатило Ахмадијатот. Тогаш, врз основа на сонот, решил животот да го посвети на служењето на исламот и да и се придружи на Ахмадија Џамија. Тој бил редовен во молитвите и бил многу побожен. Имал прилика да ги преведува и проверува книгите на маламајски јазик.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус на Ахирет.

Назир Ахмад Кхадим сахиб

Назир Ахмад Кхадим сахиб починал на 6 февруари. Тој бил вешт пистел и говорник и уште од студентските денови вештината ја користел во служба на верата. Од младоста во различни својства служел во Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува, да му прости и на неговото потомство да му овозможи да продолжи да ги извршува неговите добри дела.

Хаџија др. Нана Мустафа Боатенг сахиб

Хаџија др. Нана Мустафа Боатенг сахиб од Гана починал на 17 февруари. Роден е во христијанско семејство а подоцна го прифатил исламот и Ахмадијатот. Служел како возач дури и на националниот претседател на Заедницата.

Подоцна, станал успешен бизнисмен и успехот го припишувал на Аллаховите благодати, молитвите на Халифата за него и сопствените финансиски жртви.

Во разни својства служел во Џемаатот. Зад него останале три жени и три ќерки. Имал и син кој неодамна починал. Бил редовен во молитвите и паричните прилози. Самиот финансирал изградба на џамија. Исто така, страсно ја пренесувал пораката на исламот на Ахмадијатот. Имал и ТВ канал кој успешно го користел за таа цел. Работел на сопствен трошок разни работи, како што е попрвка на патот до болницата, им помагал на локалните мисионери и се грижел за нивните трошоци. Посвоил многу деца и се грижел за нивното воспитание и морален тренинг.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молел Аллах џ.ш. со милост и проштевање да се однесува со него и на неговите деца да им овозможи да продолжат да ги прават неговите добри дела.

Гхулам Наби сахиб

Гхулам Наби сахиб од Рабва починал на 2 февруари. Во Џемматот служел во разни својства. Редовно клањал и го читал Чесниот Кур’ан. Поседувал многу сјајни особини.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус на Ахирет.