Ахмадија џемат
АХМАДИЈА ИСЛАМОТ
Ние, aхмади муслиманите ги следиме прецизните учења на исламот како што ни биле предадени од Пратеник Мухаммад (с.а.в.с.). Исто така, веруваме во петте столба на исламот и шесте шарти на верата. Разликата е во однос на второто доаѓање на Хазрети Иса, Месијата и Имам Махди. Како ахмади муслимани, ние веруваме дека личноста, Имам Махди, кој требаше да биде пратен за муслиманите, веќе бил дојден, тој беше основачот на Муслиманската заедница Ахмадија, Хазрети Мирза Гулам Ахмад (а.с.).
Значи, ние велиме дека Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) не е последниот пејгамбер? Тој е последниот пејгамбер што го носи верскиот закон, а исламот е последната вера, а Куранот е последната света книга, но Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) лично даде пророштво во хадисот дека Хазрети Иса (а.с.) ќе дојде по него.1 И дека Хазрети Иса (а.с.) ќе биде пратеник на Аллах, тој го нарекуваше Иса како пејгамбер во 4 различни наврати.2 Така, пејгамберот што доаѓа по него е нешто што тој самиот го прорече во автентичен хадис. Следствено, тоа не е нешто што некој човек може да го одрече под какви било околности.
Хазрети Мухаммад (с.а.в.с.) е последниот пратеник што беше пратен да го донесе верскиот закон на човештвото. Она што тие (неахмадите) удобно го забораваат е дека тие исто така веруваат дека Хазрети Иса (а.с.) ќе пристигне на крајот на времето. Тие исто така знаат дека тој е пејгамбер. Потребен ви е пејгамбер или не? Вие треба да го одлучите тоа. Да, постои потреба од пејгамбер, бидејќи ако нема потреба, тогаш зошто Аллах го праќа Иса (а.с.)? Аллах ништо не прави без причина. Така, ако тој го праќа Иса (а.с.) тоа значи дека постои потреба, во тоа сме сложни, и муслиманите што не се ахмади се сложуваат со ова.
Куранот му го дава на Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) името „Хатам-ун- Набијин“, печат на сите пејгамбери.[1] Дури и ако кажеме дека „Хатам-ун- Набијин“ значи последниот од пејгамберите, ова сепак не соодветствува со уверувањето на неахмадите, бидејќи ако кажеме дека „Хатам-ун- Набијин“ значи последниот од пејгамберите, тогаш што е со Иса (а.с.), кој ќе дојде во подоцнежно време? Треба да ги прашаме нашите браќа и сестри кои не се ахмади, дека дури и според нивното разбирање на
„Хатам-ун-Набијин“ ова не е применливо, бидејќи тогаш Иса (а.с.) би бил последниот од пејгамберите, со оглед на тоа дека тој би бил последниот пејгамбер што ќе чекори по земјата.
Невозможно е да се најде ниеден ајет во Куранот каде се посочува дека Иса (а.с.) е жив. Всушност, ниеден ајет не зборува за фактот дека Иса (а.с.) е жив, а од друга страна пак, многу ајети говорат за тоа дека тој е мртов. Има многу докази. Всушност, иронично е дека постојат повеќе ајети поврзани со смртта на Иса (а.с.), отколку во врска со некој друг пејгамбер од Куранот. Нема да најдете споменување на смртта на друг пејгамбер почесто отколку на Иса (а.с.). Впрочем, постојат повеќе од 30 ајети во Куранот што посочуваат дека тој умрел.[2]
Единствената личност што знаеме дека ќе дојде е Иса (а.с.), за кој знаеме дека ќе биде некој друг, бидејќи оној што дошол претходно бил прогласен за мртов повеќе пати во Куранот. А ние знаеме дека Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) дури и кажа како ќе изгледа. Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) даде два физички описи за Иса, синот на Мерјам.[3] Оној што го видел помеѓу мртвите луѓе во вториот џеннет за време на Мираџот. Тој кажа дека бил со розова боја на кожата и имал виткана коса. Нешто слично на луѓето што ги знаеме од Блискиот Исток, а тој кажа и дека видел како доаѓа Месијата, синот на Мерјам. Така што, тој е оној што доаѓа подоцна и оној со боја на жито, односно светлокафена кожа и со рамна тенка коса. Следствено, тоа е различна личност. Сепак, тој се нарекува Иса, син на Мерјам, а тие не го разбираат тоа и улемите удобно го кријат ова од нив. Тие ги уверуваат дека постои само еден опис. А всушност, постојат два, во најавтентичната книга на хадиси во Сахих Бухари, на истата страница. Не може да не го воочите ова. Ако го прифаќате едното, го прифаќате и другото.
Куранот јасно дефинира дека Иса (а.с.) бил пратеник пратен за евреите.[4] Тој дошол како реформатор, и како месија за евреите; оттука, не би било можно тој да биде пејгамбер за муслиманите. Па така, дека Иса, кој ќе дојде во подоцнежно време, не значи дека ќе биде буквално „Иса“, пејгамберот на евреите, кој ќе дојде физички 2.000 години подоцна, но веќе метафорично пристигна како Хазрети Ахмад (а.с.), кој е реформатор и месија за муслиманите.
Во Куранот сите пратеници се нарекуваат „имами што ги водат луѓето по Наша заповед“.[5] Со други зборови, тие се Имам Махдии, бидејќи Имам Махдија значи воден имам, па така сите пејгамбери се Имам Махдии и со тоа доколку Имам Махдија пристигне во иднина, а Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) кажа дека треба да го прифатите, треба да пристапите и да покажете верност во негово име. Дури и да треба да ползите на колена низ заледени планини.[6] Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.) им наложи на муслиманите да го прифатат Имам Махдија под сите околности. Доколку тој не е пејгамбер, тогаш зошто е тој толку битен? И кога знаеме дека само луѓе што се нарекуваат Имам Махдии во Куранот се пејгамбери. Вака, одеднаш сè има смисла. Тоа значи дека личноста што доаѓа е Иса, син на Мерјам, кој ќе биде со светлокафена кожа и рамна темна коса, и ќе биде Имам Махди за народот. А тој ќе биде пејгамбер и по него ќе настане халифат и халифа.[7] Ова е целиот Суннет! Суннет е да се следи Аллах и да се следи Пратеникот Мухаммад (с.а.в.с.). Кога Пратеникот ќе каже нешто да сториме, ние го правиме тоа.
Во врска со Муслиманската заедница Ахмадија, ова прашање е очигледно јасно. Докажано со Куранот и хадисот е дека не постојат апсолутно никакви двоумења. А веќе над 100 години тие се борат против нас, нè убиваат, нè прогонуваат и шират лаги за нас. Дали ова е начинот на кој тие ги решаваат овие прашања? Многу ахмади муслимани низ целиот свет се маченици за својата вера. Наместо да убиваат ахмадите, зошто не вратат во живот мртов човек? Оној што Аллах предизвика да умре, тие се трудат повторно да го оживеат. Тие сигурно нема да успеат повторно да го оживеат Иса (а.с.). Со сигурност, Иса умре и исламот е жив!
1 Сахих Бухари, хадис бр. 658.
2 Сахих Муслим, хадис бр. 2937а.
[1] Куран, 33:40.
[2] Куран, 3:55, 4:158, 5:117, 4:159, 5:75, 21:8, 3:144, 21:34, 2:134, 19:31, 19:33, 22:5, 2:36, 36:68, 30:54, 10:24, 23:15, 39:21, 25:21, 16:20-21, 33:40, 16:43, 89:27-30, 30:40, 55:26, 54:554-55, 21:101-102, 4:78, 59:8, 17:93.
[3] Сахих Бухари, хадис бр. 3438 и 3439.
[4] Куран, 3:49 и 61:6.
[5] Kuran, 21:73.
[6] Сунан ибн Маџа, хадис бр. 4084.
[7] Муснад Ахмад, хадис бр. 18596.